Исто. Секогаш гледав барем сесијата претходно односно претпоследната да знам дека сум го положила за да не мислам. Особено ова за Анатомија, Патологија, Физио, Микро и таквите.. Милиони студенти губат години на Анатомија, така да иако е 6 или 7 или колку и да е секогаш треба да се бара позитивата, односно тоа дека си положил услов и си фатил услов. Како дилломиран студент, многу пати сум имала кратено поени и сум била на увиди и сум гледала неправди, но никогаш не сум одела да преполагам, сепак многу фаќаат на око. Баш за Анатомија, имав една од асистентките во пријатели на фб, ги гледам нон-стоп знаедно на кафиња, поврзани се една со друга и си праат договори некои нивни, така да лош филм е според мене да се реши било кој да преполага тоа. Малтене и книга од 500 и кусур страни е. Ако зборите за Анатомија 2 или 3 конкретно има милиони поими, секој орган си е приказна за себе, така да и лето е сега гледајте искористете и прошетајте дур не воведат нови мерки, остајте ги Анатомија, мислам дека сум досадна но кажав и многу полоши работи ќе видите и бидете спремни да се соочите. Сега ви е chill session одмарајте малку, ќе ви треба сила за понатаму во животот, не ја трошете на небитни работи.
Точно, јас не го направив ова што го реков и битен предмет оставив во августовско септемвриска и стресот ќе биде голем, а таа може да си ужива. Затоа викам ја секогаш учам на потежок начин да не се глупирам ама никој не предвиде корона ниту други настани во животот така да, сепак мислам ќе се откаже од идејата.
Дали може некој да сподели искуство за проф.Наќева особено Анатомија 3 ако е полагал кај неа дали бара детали или покрупни работи?
Надева бара општи работи, смирена жена не замара многу со детали и глупости ама све зависи и што ке извлечеш битно јас лошо искуство кај неа не сум слушнала
За анатомија 1 и 2 испрашуваше според старата книга, така што види си ја старата ако има нешто промени за секој случај. Инаку фина и коректна, без детали.
За анатомија 3 во јануари ништо поише од тоа што го пишува не прашуваше така да претпоставувам дека во нашата книга нема толку измени
Дечки искуства со грешно внесени оцени во iknow? Дали може професорот да ја смени грешно внесената оцена или кога еднаш ке се внесе после не може да се менува?
Може кажи му на професорот да ти ја корегира, не е прв пат такво нешто да прават, ми имаат грешено и во ајноу и во индекс...
Може. Со вовед имав таков проблем. Отидов кај секретарката од таа катедра и одма ми средија. A, извини шо оцена ти внеле веќе у ајноу? Некои ми спомнаа МИФ веќе имале во ајноу од вчера, кај мене уште нема ни МИФ, ни хисто, па затоа ме занима.
Вовед ми е грешна, јас уопште се немав уклучено на iknow и дури сега приметив. Ми ставиле 9 а во индекс ми стои 7 Нека си стои
Кај мене па во индекс беше 10, во ајноу 8, кога видов збеснав, викам уште да не може да го поправат. Тие стварно големи утки праат. Оди одма во понеделник кај секретарката, дур не отишле на одмор, одма да ти поправи зошто после може проблем да ти праат, пример за аплицирање при стипендија ако не ти се исти и слично. Среди си на време. Секретарката ги пишува на вовед, не барај професори, директ кај неа отиди со се индекс, иако не ми веруваше мене на индексот, ја бараше таму пријавата дали соодвествувала, божем ќе ја лажам ја, со печат и потпис беше пишана оцената. Бог да чува.
Не ја поправај, подобро нека ти остане 9. За стипендија воопшто не ги гледаат оценките во индекс туку од уверението за положени испити што треба да се приложи при аплицирање. И јас имав грешна оценка и невнесени оценки во индекс, при аплицирање прашав дали ке биде проблем и ми рекоа дека оценките ги гледаат од уверението, а од индексот само го гледаат печатот за заверен/запишан семестар.
Како така? зошто да ризикува да изгуби стипендија или некаков проблем понатаму поради несовпаѓање на оценките од индекс и ајноу, поправи си ја обавезно јас колку што знам треба да се исти оценките и таму и таму а и за понатаму подобро ништо не те кошта да си ја поправиш и мирна глава
Епа ете така беше и кај мене, затоа и препрашав пред да аплицирам и добив таков одговор. И си ја добив стипендијата за која аплицирав без никаков проблем.