Известување за ново примени студенти Поставено: 31.08.2014 Откако ќе бидат објавени финалните листи, и истите ќе бидат доставени до ИТ центарот, електронски ќе бидат генерирани профили на новопримените студенти на ел. систем на Медициснки факултет. Ќе има накнадно известување кога ќе бидат генерирани новите профили Ова е од медицински објавено, па сеуште чекаме да бидат изготвени крајните листи, дотогаш нема ништо да стигнува.
Lugje mozeme da se najavuvame od deneska samo ne cekajte direkno na mail da vi stigne tuku treba kade sto pisuva najava na studenti da go napiste vasiot e- mail I posle odete na zaboraveni podatoci I ke vi stigne togas na mail
Генерирани се профили на новозапишаните студенти Поставено: 08.09.2014 Секој новопримен студент има свој профил, во кој ќе може да влезе на следниов начин: - Корисничко име е email со кој сте се регистрирале за упис на факултет - Лозинката ќе ја дознаете вака: 1) Ќе кликнете на Login student (Најава на студент) 2) ќе кликнете на заборавени податоци за најава внесете го email-от со кој сте регистрирани 3) системот сам ќе ви ги испрати најавните податоци на тој email. - Најавете се (логирајте се) и ќе ви се отвори профилот. Ако во вашиот профил фали некој податок од генералии, системот ќе ви нагласи да го корегирате. - Во својот профил може да си ја измените лозинката. - Може да го смените email-от, ако ви одговара. Email-от е вашето корисничко име. Ако го смените се најавувате со новото. ВАЖНО Email-от мора да ви е валиден, затоа што преку него ќе примате податоци за студирањето
Се најави досега некој? Јас се најавив прееска и автоматски ми се запишани и семестарот и сите предмети, не е како на другите факултети сам да запишуваш се со ред. И не се најавуваме на iknow туку директно на страната на медицински, горе во полето „најава на студенти“.
јас се најавив,запишав семестар Само не ми е јасно зошто не ми пишува во која група сум на тоа место пишува 0. Кај тебе пишуваше ли во која група си ?
Кај мене автоматски си беа внесени семестарот со сите предемети, јас само си ставив слики и тие неколку празни полиња (предходно завршено школо и успех, адреса на студирање) си ги пополнив. Туку и мене ми е чудно зошто уште немаме групи, сите други смерови се веќе поделени, само општа медицина нема група, и баш ме нервира, сакав распоредот да си го направам. Инаку кој е тука општа медицина слободно пратете ми ЛП, може да се запознаеме.
Да не пробуваш ти iknow страната да ја отвориш? Не треба таму, треба директно на страната на медицински (http://www.medf.ukim.edu.mk/tmp_index.php) и горе ќе го видиш полето "најава на студенти", таму треба.
Дали ви е јасен распоредот,дали ќе бидеме поделени во групи или како,зборувам за останатите струки не за општа,пошто сите сме А 1 ИЛИ Б 2 а во распоредот се сосема други C-3 итн?
Јас моментално немам врска што зборувам, само нагаѓам, ама според мене: ние (општи смер) сеуште не сме поделени по групи ама во распоредот немаме кај секој предмет посебно, туку на сам почеток ни пишува дека сите предавања, по сите предмети ќе бидат одржувани во Амфитеатар I. Е сега, пошто такво нешто има само кај нас, да не случајно тие С-3, П-4 итн во другите смерови значат просторија во која ќе се изведува наставата? Ова го мислам зашто колку што видов во сите смерови поделбата е на група А1 и група В2, а колку што ми е мене познато сите (зборувам само за бруцоши) што се А1 се запишани како редовни, а сите што се В2 се запишани како вонредни студенти - значи тоа е разликата во групите. И, крајна причина, останатите смерови имаат помалку студенти отколку општа, така што мислам дека да, тие симболи сигурно ја означуваат просторијата на одржување на настава, а ако грешам некој нека ме поправи.
Ако може некој што има Хумана генетика полагано усно во прв рок во август,да ми каже како било полагањето? Затоа што има измени сега.