И јас исто мислам. Не вреди за една оцена проблем да си имаш некаков. Дури и да не испадне ништо, на мисла ќе ти стои тоа цело време.
*викенд, си седиш спокојно и си одмараш, испитната е речиси завршена, време е за одмор, драмите на медф поминаа* Етика у 1ч на teams: Добро, сериозно има ли некој нормален на факсов?
Има ли некој повеќе информации околу новиот смер на факултетов ? (инженер по медицинско –лабораториска дијагностика)
Мојата струка од средно е смеров горе доле , јас сум медицински лабораториски техничар и смеров ќе биде истото тоа само со друг назив. Ако те интересира нешто околу предмети , програма што како би се учело пиши
Анатомија се слуша само 2 семестри на стоматологија. Ама имаат у втор семестар како 2 предмети анатомија нешто. Може да видиш на нивната веб страна. http://stomfak.ukim.edu.mk/интегрирани-студии-од-i-и-ii-циклус-6-годиш-2/
Пак јас.. Дали прашањата на тестовите по прва помош се слични како тие од копирница, дали се таков тип или поинакви се?
Збориш за некоја друга сесија или за оваа? Пошо ко шо знам немаме сеа резултати од оваа или некаде да не ги има случајно? Проверив баш у групана, нема, ваљда збориш за друга сесија. Иначе се повторуваат дечки истите али мора да прочитате бар еднаш книгата ради есејскине. Пошо не важат поединечно положени, мора и тие на заокружување и есејските да ви се положени.
Да Вие за прва помош ли зборите? Хахахахахаха, збунка. Затоа цитирајте се, дека беше со ^^^, а претходно за генетика зборевте, мислев за тоа зборите.