Не се сите смеенети мислам премногу се слични а и во презентации искрено ништо нема... јас ги имав читано и през ама и учев од книга од угд што ја имаше на интернет и со тоа си добив висока оценка инаку само со прашања се паѓаат од хирургија делот а од анестезија мислам имаше сменето неколку ама пак и тие што учеа од прашања положија само со пониска секако
Да, презентацииве се ептен некако празни, појше слики него текст... Ама пак по логика и општа култура некои работи, тој е материјалот, шо друго би дале сложено... Бар се надевам ќе пројдеме океј.
Кога има нешто за критикување критикувам ама и кога има за пофалба фалам. Многу убаво искуство со земање оценка МИФ од катедрата за физиологија имам. Сабајле гледам во iknow повисока оценка дека имам од шо требаше според поените. И тоа ми фалеа 2.5 бода некаде за повисока оценка. Се зачудив, викам да не е грешка, отидов го земав индексот гледам и таму истата оцена. Сепак, ваква ситуација првпат сум имала, да некој ти стави повисока оценка иако ти фали некој поен, па си прашав дали е се во ред или некоја грешка има. Професорката сама по своја желба ми ставила повисока оценка зошто сум положила во вакви услови и дека тестот беше многу краток, а и дека другите оценки ми ги видела дека ми се високи и ми вика се гледа дека си имаш учено и си учиш, такви студенти секогаш сакам да наградам. Ептен позитивно се изненадив. Не знам дали како катедра вака излегуваат во пресрет и за физиологија, но многу убав гест што ме изненади вака понеделнички.
Да, она. И ја се изненадив, на teams вака ми се виде строга професорка. Може дека многу малку физио на клетка положивме сесијава... А, хисто годинава дека високи оцени земавме не даваат ни 0.1б ако ти фали... На другарка и фалеше пола поен за хисто 2ка повисока оцена, не и попуштија, додуша не ни праша она, ама во известување пишаа дека немало да додаваат поени за оцена, па вика шо ќе прашувам, што е тоа е...
Прва помош ќе учите и од учебник покрај прашањана? Во фотокопир ми рекоја дека имало нов учебник изваено..
Учебникот е за делот анестезиологија ама генерално истите слики и текст од презентации е, ништо посебно не пропушташ. За хирургија нема учебник, тоа само од презентации. Ја лично главно од презентации го учам ова.
Девојки имам уште една година средно, но би сакала да се информирам. Значи во план ми е да студирам Германија, но последно немам многу желба, така што не е на одмет да знам какви услови имаме во државава. Сакам да бидам научник, лаборант што се занимава со генетските болести. Тоа би било генетика, молекуларна биотехнологија. Знам дека некој таков смер има на ПМФ. Е сега прашањето ми е дали има нешто слично на медицински факултет? Планирам и магистерска, докторат после, па општо ако може некој да ме информира за опциите. Може да биде и како доктор-научник што работи со генетските (ретки) болести (не знам како се викаат конкретно докторите). Ви благодарам многу!
Можеш да специјализираш генетика, мислам има таков избор за специјализација, тогаш ќе си доктор специјалист по генетика. Потоа со научна дејност ќе се занимаваш.