Дали неделава работи деканатот? (Студентски прашања поточно, да извадам додаток на диплома ми треба). Секако и од колку до колку часот ако знае некој/некоја од вас. Фала ви однапред
дали прва помош можеме да полагаме само еден од двата теста, а наредниот во нареден рок или мора се наеднаш? за тестот од хирургија како учите?
Јас полагав, не беше страшно ич. Имаше и прашања од тие од копирница. Имаше три прашања со слики. Воглавно беше лесно, ама имаше неколку така “чудни” прашања, кај кои повеќе од понудените одговори има логика да се точни, а само по еден требаше да заокружиме. Ама генерално беше лесно, од општа култура беа дури некои прашања.
Презентациите шо ги учеше ти беа од помош нешто или немаше прашања многу од нив? Дека колешка од 2ра ми рече џабе ги учела.
Посвети се на тие што ги има во тимс, од проф. Шошолчева, повеќето работи беа од тие две презентации.
Кога ќе влезеш на интерна, не поминуваш низ ходникот право, туку се качуваш по скалите што се десно пред ходникот. Кога ќе се качиш по нив продолжуваш oд лева страна, одиш до крај, и тука е амфитеатарот.
Колеги од постарите генерации, имам шанса да бирам професор за биохемија2 кажете ми се мислам помеѓу Ирена Костовска и Цековска, која би била подобра?
Ова збораш за усно биохемија 2? Јас кога полагав немаше усно, писмен беше испитот биохемија 2 колку шо се сеќавам.
Јас Биохемија 1 полагав кај Цековска, пишав и во некој друг пост дека имам позитивно мислење за професоркава, башка што и Биохемија 2 не форсираат кој знае колку , за кецот се построги. Предобра е и прелесно прашува, уште на првите 2-3 прашања ако те види дека знаеш понатаму нема да гледа да те заглави. За Ирена некој од помладиве колеги да ти каже, таа беше асс и не испрашуваше на испит додека слушав предмети на таа катедра.