Девојки, дали некоја може да ми каже колку најмалку просек треба да се има за земање стипендија и колку студенти добиваат?
Тука ти е конкурсот: https://vlada.mk/mon-stipendii-2018-2019?ln=mk Ако си втора група 8.5, а за трета 7.
Плус зависи и од конкуренција на пример оваа година последниот што ја зема таа од 7 беше со просек 8.00 а та од 8.5 мислам треба 9 да имаш бидејки е многу тешко да се добие има многу конкуренција
Здраво. Да прашам дали работаат студентски прашања, и од колку до колку? И да прашам, дали одма можат да ми дадат потврда за редовен студент, за положени испити, и да ми заверат УПП образец? (За во студентски дом ми требаат.)
Немам појма летниот период шалтерите од колку до колку се отворени, можеш да им се јавиш да прашаш, на веб сајтот на факултетот имаат оставено број за контакт. Потврда за редовен студент и уверение за положени испити ти принтаат и ти даваат одма, само унапред треба да имаш уплатница, да носиш индекс со тебе и молба во архива да завериш, тоа ваљда знаеш. УППИ образецот сама треба да си го испринташ и пополниш, го носиш на шалтер и ти останува во деканат 24ч. зошто треба продекан за настава да го потпише, па нареден ден си го земаш.
Дали може некој да ми го објасни целиот овој процес за стипендии кога треба да аплицирам зошто конкурсов е назначен за 2019 година?
па новиот конкурс сеуште не е искочен, се аплицира тоггаш кога ке искочи конкурсот негде на крај на октомври, има одредени документи што треба од деканат да земеш потврда, од ајноу исто потврда тоа се ке ти пишува во конкурсот, имаше нешто и онлајн да поднесеш и демек ти даваат датум ивреме кога да однесеш документи во министерство ама тоа секако одиш кога сакаш и носиш и тоа е после чекаш конечна листа инаку има и документи што се и во самиот конкурс нив ги принташ пополнуваш некои изјави некои такви работи
Мислам дека за УППИ не треба ни индекс но, не сум 100% сигурен. Ми се чини само го даваш на студентски и потоа нареден ден го подигаш.
Колеги, а за УППИ образецот треба да уплатам уплатница и да ја однесам во деканат на факс или не се плаќа? Не е баш активна соодветната тема и овде прашувам.
А просек кога ќе внесувам, на онлајн апликацијата, да го напишам тој што е на iknow? Бидејќи одредени оцени уште не ми ги имаат внесено во iknow, и кога ќе ги внесат ќе ми се промени просекот. Дали би правеле проблем?
за редовен студент 100 за положени испити 200 ако сум грешка нека ме поправи некој (плус дека треба преку уплатница нешто ситно повеќе доаѓа, ама тоа зависи од банката нели) А дали некој знае дали ги има некаде прикачено уплатниците за редовен студент и положени испити, а да не одам до факсот само за тоа туку да идам заедно со уплатниците готови? ако некој ги има сликнато или нешто? фала