Од катедрата за генетика немаат спомнато дека ќе даваат потписи на тие шо не положиле, а нели потпис од тој предмет ни е услов за имунологија заедно со тоа МИФ да е положен. Можда па ќе даваат у септември којзнае иако немаат спомнато, а 2 рок у испитна е тек крај на септември по генетика, па дур прегледаат тестови ова она, кнап ќе е се со време... Да не прават проблем после у служба или не ги гледаат ни у нормални услови тие работи, за 2 семестар знам не ми ни видоа индекс само уплатници ама сепак..? Дека спомнавте упис на нов семестар па ми текна..
Мора да дадат потпис, нема врска дали е положен или не, битно е да имаш присуство на вежби и предавања, ама сега со пандемијава ваљда на сите даваат. Ги гледаат потписите, имаат враќано колешки без соберени потписи, така да мораат да дадат датум за потписи
Дали ако некој професор уште нема ставено оценка на iknow за предмет кој е положен во јуни, треба пак да го пријавам како да ќе го полагам во септември? Може имам прашувано за ова, ама цело време си мислам да не пропуштам нешто во запишувањава, пријавувањава и слично
на одмор се сега сите никој нема внесено во ајноу оценки а нас ни рекоа дека немало потреба да ги пријавуваме пак
Мислам не треба да ги пријавиме па. Хисто 2ката видов пишале ќе стават во текот на месецов, да не сме го пријавувале па чим сме го положиле, веројатно и за сите други така ќе е.
Можеш да одиш во студентски прашања имаат пристап до системот и тие да ти ја внесат ако ти треба документ доколку конкурираш за стипендија. За се друго не ти треба ништо во iknow. Јас бидејќи не конкурирав никогаш, (зошто и јас не знам хахаха), немам поим дали сите оценки ги имам во iknow. Памтам дека етика, радиологија и биофизика(бидејќи проф беше од пмф еден постар) немавме воопшто оценки на iknow постојано вршеа колеги притисоци на координаторите да им пишат на професорите. Иако ти напоменав колешка која конкурираше за некаква стипендија од Алкалоид ли не знам од што отиде на студентски и таму и ја внесоа оценката.
Znam ne e za tuka prasanjevo ama moze nekoj da znae ne mi izleguva voopsto opcija apliciraj koga idam na smestuvanje vo studentski dom mi dava konkursi a se najaviv i se okej bese znae nekoj sto e problemot? Fala odnapred
Физиологија 1 мислам влечеше за најголем дел од предметите од 5ти семестар, а Физиологија 2 за тие од 6ти. Исто така Анатомија 3,Хисто2 и Патофиза 1 и Микро 1 беа кај нас потоа мислам дека нив 2 ги тргнаа во новите акредитации за тоа не сум сигурна некој од помладите колеги да каже. И Биофизика треба за Радиологија и Нуклеарна. Ама мислам има некои измени во новите услови затоа види во студентски информатор на почеток што ви го дале.
Колеги, колку време ви требаше за спремање Патологија 2? Знам дека е индивидуално, но сепак ме интересираат искуства, јас имам месец дена за спремање поради тоа што ми останаа и други предмети, па сакам да знам што да очекувам
Доволно е. Зависи и колку си пратела на вежби/предавања, тогаш би ти било уште полесно. Мене ми требаше исто околу месец дена, требаше да го полагам во јули но, професорката цело време ни одложуваше и испадна да го полагам дури во август.
Некој што полагал хемија сесијава кај проф. Богданска има ли? Ми кажа една колешка не прашувала ич за секвенционирање на пептиди/аминокиселини, за сепарација на аминокиселини и за методите од делот биохемија. Ги прочитав, но сепак ако не ги бара да не им обрнувам големо внимание покрај сите други податоци што ги има.
А знаеш ли точно кои страни воопшто ни се потребни од биохемија делот? Дека знам до 130стр ама некои делови не требале
Само тоа во групата што пишаа дека треба од 27-52ра стр и од 81-98ма стр... За липиди темата тука ми рекоа се треба. Другото не треба. Некој ако знае повеќе нека каже.
Аминокиселини се горе доле формули на есенцијалните барем на 10, реакции , својства, за секоја да знаеш да кажеш по некој збор Протеини не Од липиди зависи кај кој професор И од ј.х само за моносахариди. (плус да знаеш формули поделби се тоа, да знаеш да ги напишеш триози,пентози, хексози (на овие посебно внимание обрати) да знаеш разлика меѓу алдози и кетози (самото име ти кажува и кој е типичен пример за кетоза е често прашање - фруктоза)
Дали генетика се стигнува со спремање за 2 недели? *И ве молам да ми пише некој доколку продава Гајтон книга со цена во ЛП, би била многу благодарна *