Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    1.476
    Пол:
    Женски
    Епа во јуни беше лев скроз... затоа сега сакав да го избегнам некако ама изгледа тешко
     
  2. Uniqo3

    Uniqo3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Што да ти кажам, види ги презентациите особено тие каде тој го држел предавањето. Јас памтам дека од книгите воопшто не учев, дури и ги немав. Е сега оценки некои високи (мислам на 9,10) не добивме тогаш, може затоа бил подобар хаха :D
     
    На MeckaCia му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.350
    Пол:
    Женски
    Дали некој/а од вас била во скоро време до библиотеката на Медицински? Знам дека ја срушија старата библиотека, онаа кај Инфективно за да ја постават монтажната болница и претпоставувам дека се е преместено кај Централната библиотека но ме интересира дали работат секој ден. Имам за враќање доста тешки книги па да не ги тегнам до таму и да испадне дека било за џабе. Фала ви!
     
    На evvgg_K му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.021
    Пол:
    Машки
    Ќе замолам некој од членовите за мала помош....
    Се регистрирав на ајноу , пополнив сите информации и на крајот не ми даваше да прикачам документи. Кликнав прати на пријавата и после 15 мин направив рефреш и видов на мејл дека ми пратиле нешто , гледам на страната и сега можам да ги прикачам документите... Е сега на конкурсот пишува по мејл да се прикачат и пратат заедно со бројчето што ни го генерира страната а и на странава се бара да се прикачат документите.... Што да правам понатаму застанав само со електронската пријава и сега сум во заблуда и изгубен XD

    Иии каков е тој образец А1 за универзитетска пријава и каде можам да го најдам (пишува се купува во книжара). Го има ли во секоја книжара или да одам до медф хипократ/трио да го барам.

    Благодарам :)
     
  5. moni.poni

    moni.poni Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    85
    Кој има добро познавање со материјалот по предметот Патологија (тсс)???
     
  6. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.299
    Допаѓања:
    278.197
    Пол:
    Женски
    Дали е грешка повторно пријавување на положени испити во ајноу поради што нема оценка ни во ајноу ни во индекс ни пријава однесено?
     
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.399
    Пол:
    Женски
    Нема потреба повторно да се пријавуваат ако се положени во јунска.
     
    На mareane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.399
    Пол:
    Женски
    Да не има некој инфо од вчера или денес дали утре индексите етика ќе се готови?
    Бидејќи кога прашав во вторникот, ми рекоа или петок попладне или понеделник ќе се готови и не знам дали да одам утре да си го земам или џабе ќе одам. :rofl:
     
  9. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Отиди во понеделник и нема да згрешиш, за да не губиш време.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Geek^^

    Geek^^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2015
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Да не знае некој дали и кога работи трафиката и од каде можат да се земат пријави за испит на друго место?
     
  11. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.705
    Допаѓања:
    14.029
    Пол:
    Машки
    Трафиката работи од понеделник до петок, саботи и недела мислам не работи. Пријави има и во книжарата Трио во близина на стоматолошки.
     
    На Geek^^ и Sahlene им се допаѓа ова.
  12. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Некои постари колеги да ме упатат во врска за вторава година, да не лутам по предметиве зошто секој излгеда тежок на свој начин, на што е најбитно да се стави фокус?
     
    На Lollipop_123 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  13. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.705
    Допаѓања:
    14.029
    Пол:
    Машки
    Ајде за семестарот шо иди ќе напишам накратко...

    Биохемија 1- До пред 1-2 години, во Биохемија 1 беше и метаболизмот шо бара доста време и внимание но, него го преместиле во Биохемија 2. Инаку, земјаќи во предвид дека е еден од првите предмети каде шо е вметната литература од странски учебници(преведена), е предмет на повисоко ниво во споредба со предметите од прва. Мене ми беше полесно од хемија и поинтересно, повеќе е ставен акцент на структура на протеини, липиди, јаглехидрати, клеточни мембрани, ензими... едино мене ми сметаше странската литература особено Харпер бидејќи е буквално преведена, а материјалот не е баш едноставен за сфаќање.

    Физиологија 1- не знам за сега, ама јас кога го слушав предметот, во однос на материјал за учење ептен беше збрка, бидејќи катедрата немаше издадено учебник, се учи од презентации, престари скрипти, тек-тук некој понов извадок од некој професор... е сега Гајтон си е Гајтон нормално, многу убо објаснето, надолго-нашироко но, Гајтон е многу обемен и бара многу време за читање, од него тешко дека се ќе запамтиш и немој да се надеваш дека само најважното е кажано. Така да, доста има тактизирање со материјалот, комбинирање од повеќе извори + вежби и предавања. Најдобри и најефективни мене лично ми беа на проф. Сунчица, ептен знае да го задржи вниманието на студентите, можеби и оние на Манчевска ама ептен забегува некогаш од темата. Инаку во однос на содржината, горе долу е учено по Биологија во средно, но сега се оди доста во детали.

    Имунологија беше шта речи, многу многу обемен предмет. За мене искрено во однос на содржината на самиот предмет, а воедно и нивото на кој шо е напишан учебникот(Кјуби) беше шок. Нема да должам многу, го полагав во август(целосно) од тековната година, си го учев цело лето бидејќи не ми беше во план да се замарам со него преку годината, бидејќи не е условен се до 3та за 4та. Предавањата мене лично не ми беа воопшто ефективни, одев колку за присуство да се рачуна, нешто слично и во однос на вежбите. За да сфатиш шо збора проф./асистентот по default мораш бар да имаш читано пред предавањата/вежбите за да сфатиш тек нешто, оти иначе како на Кинески ќе ти зборуваат. :rofl:

    Биостатистика- гола вода, на вежби се решаваат задачи препрелесни, многу брзо се сфаќа. Колоквиумите се задачи. Завршниот испит е теоријата од предавања, малце е досадна, и критериумите за полагање варираат од професор до професор, стандард. :|

    Анатомија 3, јас кога полагав, се полагаше поразлично отколку сега, нека ти објасни некој сега шо полагал/положил. Инаку материјалот е стандард анатомија, доста бубање, повторување, визуелизирање особено за патиштата во ЦНС, јадра и други врагови. За завршен испит учев многу, значи премногу.. станував и си легнував со ЦНС, за сетилните органи е полесно.
     
    На Glossy-girl, Lollipop_123, Dream-Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Helena20

    Helena20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Zdravo kolegi, dali moze da mi kaze nekoj na sto da obrnam vnimanie vo spremanje na ispitot higiena? Dali ima prasanja kombinacii koi bi pomognale vo tekot na spremnje na ispitot?
     
  15. Uniqo3

    Uniqo3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    @Waverly Raven има објаснето баш како што треба. Само би додала конкретно на твоево прашање кога веќе мислиш на што да ставиш фокус дефинитивно Анатомија 3 и Физиологија 1 и 2 бидејќи многу предмети во 3та ти зависат од нив. И другите секако се битни, но прво гледај овие да ги средиш. Јас од втора имам многу стресно искуство бидејќи со цел памет решив прво да полагам Имунологија, па овие двата погоре ги оставив завршните испити за во јунска сесија и многу напорно ми беше. Така да прво почни со ред Анатомија и Физиологија, зошто после ќе ти се соберат и Микро и Патофиза и тие два бараат доста време и се услов(мислам беа јас кога бев 2ра не знам дали се уште). Како најтежок од сите би го издвоила Имуно дефинитивно зошто Кјуби е на многу високо ниво напишана, катедрата е уби боже (поништуваат писмен тест ако не положиш усно и се ти се брише, немав таква среќа ама 80% колеги квадрираа баш ради тоа), но мислам дека една или две генерации после мене издејствуваа и сменија нешто во однос на прашањата, па мислам дека е и полесно. За Физиологија @Waverly Raven ти спомна Гајтон, таму јас премногу се губев во текстот, искрено и не бараат се од збор до збор. Имаше една книга од Сунчица и уште 1-2 авторки од катедра мислам Физиологија на одделни органски системи беше, јас од таму највеќе учев и плус што фалеше читав од Гајтон. И гледај тоа почесто да повторуваш додека учи бидејќи може навидум да ти делува лесно, но се заборава и доста туркаат на практично кое уствари ако си кај Сунчица, Манчевска и таквите ќе си добиеш и плус 5-6 блиц прашања од материјал, не само од практикум. А во однос на Анатомија 3 полагање, мислам дека се полагаше прво колоквиум (писмено), па завршен тест, па практично па усно, ако е уште така не знам. Јас едино таа Анатомија полесно ја поминав бидејќи се паднав кај Живадиновиќ на завршен и не беше многу страшно инаку делот за ЦНС бара доста време и потоа исто ти е потребен за други предмети да го знаеш. (fingers)
     
    На Glossy-girl, ElenaOfRivendell, Waverly Raven и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    5.389
    Пол:
    Женски
    Колеги што полагавте генетика во јуни, колку есејски прашања беа, и дали беа од практикумите само, или од книгата? За есејските конкретно.
     
  17. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.948
    Допаѓања:
    6.808
    Пол:
    Женски
    Две есејски биле, на некои од книга, на некои од практикуми. Можело и двете од книга, двете од практикум или едно книга друго практикум.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.399
    Пол:
    Женски
    Што е со овие од судска медицина што лажат секој ден за индекси? Прошла недела рекоа во петок ќе биле, во петок рекоа ќе бидат во понеделник, одиш во понеделник ти викаат дојди утре...:swear:
    Една недела како ми е оставен таму. :worried:

    Итно ми треба индексот за полагање во четврток, ќе успеам ли да го земам од институтов или џабе се нервирам и одам до таму? :|
     
    На Yellow456 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Yellow456

    Yellow456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    Нели се до 24ти август на одмор? Мене денес така ми рече еден.
     
  20. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.948
    Допаѓања:
    6.808
    Пол:
    Женски
    Етика не се, пишаа во групата дека може да носиме индекси од пред една недела. Некоја друга катрдра е можеби до 24ти.
     
    На Yellow456 и Dream-Girl им се допаѓа ова.