Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.399
    Пол:
    Женски
    Не се етика на одмор, уште од прошла недела индекси носиме...
     
    На Yellow456 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.021
    Пол:
    Машки
    Идни колеги кои планираат да се запишат на новата студиска програма дипл. инж. по мед. лаб. дијагностика конечно ја поставија програмата за предметите , тука може да си ги видите предметите распоредени во семестар
    http://medf.ukim.edu.mk/?page_id=2209
     
  3. Med1122

    Med1122 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    А дали оваа уплатница е и за касно пријавување на испити? Нели ако закасниш со пријавување на ајноу се плаќа 1000 ден од предмет
     
  4. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    1.764
    Пол:
    Женски
    Дечки, итно ми е, дали знаете каде можам да купам череп? Пишав пред некое време но не добив одговор
     
  5. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.705
    Допаѓања:
    14.029
    Пол:
    Машки
    Не ми се верува дека ќе најдеш на продажба. Обично ги изнајмуваат на определено време, знам имаше некои огласи на страната на факултетот порано, а можно е и низ генерациските групи да има.

    Евентуално некој анатомски модел на череп, можно е да има во академска книга или некои слични продавници.
     
    На Lollipop_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Од првиот практикум генетика што треба да се знае ако некој може да ми каже ?
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    5.389
    Пол:
    Женски
    Не знам. ://
     
  8. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Ние лично му појдовме на Чакар.
    Типот ни дозволи да влеземе кај него во канцеларија и сами си ги баравме тестовите и пред нас ги прегледуваше.
    Така да мој совет е лично да си појдеш и да си ја завршиш работата.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.399
    Пол:
    Женски
    Не е сега тој, мислам у пензија отишол така нешто. Проф. Билјана Јанеска е шеф... Брзи беа со резултати, онлајн полагавме ама со индексиве малце спори се.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Дали ви скратија оценка затоа што полагавте онлајн жити се? :D
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.399
    Пол:
    Женски
    Па, искрено да. У споредба со лани шо кажуваа колеги 9ка минимум етика имале, сега послабо некако. 8ца најголем дел оцени беа и тоа со додавање поени од семинарска, а као на тест 7ца. :rofl:
    Нешо професорката се испонаша као есејските сме ги препишале и бар точни да биле ама ни тоа и таму имаа многу кратено поени. (facepalm)
     
    На Peperutce1115 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Па добро не е лошо. Во мое време етика, кога беше Чакар, по случаен избор имаше само една 10ка, а другите беа онака групно, како што одат тестовите....неколку души 9, неколку 8, неколку 7 итн.

    Него професоркава и нас така не зезна за судска медицина. Ај што прво рекоа дека ќе се полага со физичко присуство, одлуката се смени да биде онлајн. Онлајн беа 50 прашања за 30 минути. И на крај на сите една оценка помалку.

    Е затоа не сакам веќе онлајн, аман.
     
    На ElenaOfRivendell и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.399
    Пол:
    Женски
    Специфична професорка е, 5 до 12 чудни идеи и текнуваат. :tmi:

    Туку, носевте индекси за предметов од оваа катедра вие?
     
    На Peperutce1115 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Немаме уште однесено. Ниту пријави. Нема никаква најва :D.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.705
    Допаѓања:
    14.029
    Пол:
    Машки
    Не сфатив зошто, неколку... т.е. многу пати, во дискусијата за наставата од наредниов семестар, а сега и во статус од АСМЛ се потенцира тоа дека лекар не се станува со онлајн предавања. Впрочем, тоа сите го знаат. Јасно е дека, онлајн наставата има бројни недостатоци, истото се однесува и на онлајн испитите но, очигледно е дека многу луѓе меѓу кои и доста добар број на здравствени работници, професори и сл. се уште не сфатиле дека живееме во т.н. нова(променета) реалност. Дел од старите навики сме приморани да ги заборавиме, за кратко или можеби засекогаш. Значи не можиме да продолжиме на ист начин како шо си теравме претходно, според мене тоа е повеќе од очигледно.

    Лично многу ме исфрустрира моментот каде одделни колеги си зедоа за право да критикуваат други колеги со болдираниов текст погоре, а воедно не предлагаат никакво конструктивно решение за проблемот со кој се соочуваме. Факултетот Е ДОЛЖЕН да спроведе квалитетна настава! За да спроведе квалитетна настава во ваква ситуација, треба максимално да се погрижи за сигурноста на студентите и сопствениот персонал. Треба да се направат соодветни протоколи, да се обезбеди заштитна опрема за секој студент(скафандери(онаму каде шо се потребни), ракавици, ПА И маски), да се прилагодат групите за на вежби/предавања, да се спречи групирање на студентите пред и после предавањата/вежбите, бла бла бла... да не дробам поќе.. се надевам ме сфативте. Значи, не е само "лекар не се станува со онлајн предавања и вежби" и ајде ќе си тераме по старо.
     
    На Yellow456, Lollipop_123, Peperutce1115 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Се согласувам потполно, не знам зошто толку се полемизира на темава како да имаме проблем кој е нерешлив кога впрочем, се е решливо и тоа имаме конструктивно решение. Предавањата нека бидат онлајн баш од причина што еве ние од прва година конкретно првите предавања сме се собирале по 150 души, а потоа 5 (буквално на анатомија 2 имаше предавање кај што 5ца бевме ама ок. ) . Вежбите реално има можност физички да се оддржат. Место по 2 групи да слушаме по 1 група и се ќе биде во ред... може ќе имаат професорите и асистентите дупло позбиен распоред но едноставно мора така , никој не ја сака ситуацијава ама таква е каква што е.
     
    Последна измена: 17 август 2020
    На Yellow456, ElenaOfRivendell, Lollipop_123 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Се согласувам и јас. Во некое друго општество, можеби да. Можеби таму би успеале да спроведат квалитетна онлајн настава, но кај нас, со ваков менталитет и со ваков однос на надлежни, кои мува не ги лази од почеток на пандемија, многу тешко дека би постигнале нешто приближно добро.

    Книгата ќе ја научиш, материјалот ќе го спремиш и ќе го положиш на испит, но дали утре тоа знаење ќе знаеш да го примениш во пракса.
    Праксата е многу важен, елемнтарен дел од нашата професија и сметам дека во ваква една вонредна ситуација, при изменети услови, клучно е да се даде акцент, на она елементарното. Предавањата нека течат онлајн, но вежби мора да има. Нека направат класификација во неколку групи, ако треба во неколку смени, нека има протоколи, обезбедени заштитни средства и слично, но важно е да има вежби со физичко присуство.
     
    На Flowerezza, Yellow456, ElenaOfRivendell и 2 други им се допаѓа ова.
  18. sunflowerr

    sunflowerr Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Малце ќе биде збрка ова што го прашувам ама се надевам ќе разберете
    Трета година ја запишав во 2019/20 и немав услов да ги слушам сите предмети. Слушав комбинирано предмети од втора и од трета е сега ако повторно не фатам услов да ги слушам останатите предмети од трета година ќе треба дури наредната година да почнам. Дали трета година што ја имам уплатено комплет ќе се важи или ќе треба во 2021 да ја уплаќам повторно трета?
     
  19. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Со падната биофизика у последна сесија сеа шо се дешава? Ја презапишувам, колку кошта за приватна квота?
     
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.399
    Пол:
    Женски
    Ко да имав тука прочитано 6 сесии дека важи се си мислам ама може и грешам. :?: Не се секирај за биофизикава, оди на колоквиуми овој семестар сеа шо следи, многу е полесно така, бар мене ми беше.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.