Фала ти многу, срцка си. Криво ми е што не бев на колоквиум ради анатомија тогаш и ете ми заостана. Ќе те послушам и семестаров на колоквиуми ќе го полагам. Може да ти пишам порака да те прашам нешто околу предметов, положено имаш ти така?
Здраво дечки, вака сеа имам завршено средно економски Сеа сакам да се запишам на медицински факултет Би ми било мило доколку споделите мислење дали е ок одлука позз
Ајде некој нека ме упати на општа што како се изучува, некој линк со предмети ако имате. И ако некој знае за специјализација да ми објасни. Се интересирам за клиничка генетика, ама и општо за специјализацијата како се одвива врска немам. Вака да студирам би ми било интересно, ама медицина ко медицина и викам нема да се снајдам, а 10 години испаѓаат.
Е баш се изненадив хаха мислев дека било боза... Има инаку повеќе студенти што не полагавме етика нели за анатомијата да подместиме па на крај испадна ни тоа ни тоа Инаку баш ме интересира каков беше тестот? Имавте 40 мин така и прашањата какви беа, колку беа есејски колку на заокружување, дополнување? дали беа прашањата исти како од минати прашања или? фала
Прашањата беа бооооза, прелесно значи, половина беа од општа култура прашања, од тип на аргументи за абортус, што е еутаназија и аргументи за истата и сл. Имаше неколку со заокружување, и неколку со пишување, ама не можам да кажам дека беа „есејски“, бидејќи беа кратки, не бараа многу пишување. Доволно е да ги поминеш прашањата од копирница, и книгата да ја читнеш еднаш, не бара ни учење, ептен е лесно и од општа култура се работите воглавно. И гледај на тие што се со пишување да пишуваш со свои зборови, да не ти биде copy-paste како од книга. Со среќа !
Лесно беше, ептен од општа култура. Тие на заокружување се супер, тие на дополнување малку позезнати беа, имаше таму едно знам безвеза, сеа не ми текнува као беше формулирано ама глупо беше. И да глеј пишувај таму нешо свое, зашо кратат поени на есејските.
Како мислиш да се запишеш од економски на медицински, кога сега за упис ги земаат предметите биологија и хемија или некој стручен предмет, а ти воопшто тоа немаш учено? Од каде ќе ти пресметуваат поени? Ако си постара генерација и имаш полагано државна матура, тогаш да, можеш да конкурираш, само ќе изгубиш поени за несоодветен втор екстерен и интерен предмет со што ќе имаш ниски поени и ептен мали шанси за општа медицина, но ќе имаш шанси за тригодишните. Еве ти линк, кога ќе кликнеш на секој предмет ќе си ја разгледаш програмата: http://medf.ukim.edu.mk/?page_id=2209 Специјализации имаш на овој линк колку трае секоја од нив: http://medf.ukim.edu.mk/wp-content/...nik-za-specijalizacii-i-supspecijalizacii.pdf Студираш 6 години општа па потоа мислам е стажот од лекарска комора, па тек специјализација.
Можеш да конкурираш, како што кажав ќе ти се скратат поените затоа што втор екстерен и интерен ти се сигурно несоодветни, но бидејќи медицинска сетсра е тригодишни студии имаш шанси. Ако ти биле јаки оценките и перцентилите на матура тогаш може и во државна да влезеш, а за приватна би требало да влезеш. Сепак на тригодишните помала е конкурентноста.
Да но мислам дека не би било доволно 3 год. Бидејќи средно економско завршив а сепак се работи за човечки живот Што мислите од економскиве кој смер е така интересен
Дали некој памти кои теми проф. Богданска ги предаваше по мед хемија што се за испит? Или да не пишува некаде на teams кој професор кое предавање го држел?