Комбинирано мислиш пример Анатомија 3 и Физиологија да си слушала со Радиологија и Нуклеарна ако разбрав убаво. Инаку се плаќа семестар со тоа што ако не фатиш услов да ги слушаш досега неислушаните предмети ќе запишеш квадрат и ќе ги презапишеш старите предмети.
Нее никој од летен не го презапишуваш до јануари. Генетика мислам и после јануари може да се полага уште некоја сесија мислам така беше кога бев прва. Инаку да услов е да запишеш и полагаш Биохемија 1 и 2 положена Хемија.
Биохемија 1 е услов за 6-ти семестар, значи ако се падне сега хемија, нема право да се слуша во 3-ти, но ако се положи хемија до октомври имаш право да го запишеш биохемија 1 во 5-ти семестар со тоа што ќе мораш одма во јануари да го положиш за да фатиш услов за 6-ти семестар. Така не се губи година и е доста покомплицирано, но не и невозможно.
Мислам дека можеш да ја слушаш Анатомија 3 и да полагаш колоквиуми, ама не можеш да полагаш завршен испит, додека не ја положиш 2ката. Ова доколку ти е Анатомија 1 положено. Без 1 не смееш да ја слушаш 3ката.
Мислам дека не може воопшто да се слуша Анатомија 3, иако по правилник што е издаден од УКИМ стои дека за секој условен предмет студентот треба да добие минимум 3 рокови за полагање, т.е три шанси или поедноставно кажано три сесии да го полага и после третата да му биде услов. За жал кај нас ова не е регулирано. Истото е и со Патологија 2 од 6ти за 7ми е услов и без неа ништо понатаму не можеш да запишеш. Така да ако не грешам без Анатомија 2 воопшто не можеш да запишеш 3ка, освен ако со новите акредитации немаат сменето нешто.
Не можеш да слушаш 3 ако не положиш 2 тоа е точно и автоматски губиш бидејки треба да чекаш наредна година за да запишеш 3ка а 3ката е условна за во 3 година за предмети и се тоа е поврзано, можеш да ги слушаш само неусловните предмети како статистика, хигиена,имуно и такви...
ЗдравоДали може некој да ми каже искуства за полагање испит кај проф. Богданска по предметот медицинска хемија?
Денеска полагав, многу убаво искуство имам јас со професоркава, може да се каже и дека можам да го издвојам ко најдобар завршен испит годинава, позитивно сум изненадена. Ќе ви даде да си извлечете 4 прашања и ќе ви даде 2часа да ги одговорите писмено тие прашања. Наредна недела ќе ни каже резултати, но ако имаш добро напишано, сигурно положуваш. Рече кој ќе падне или нема да е задоволен со оцената најверојатно нахнадно и на teams ќе даде шанса да доодговара онлајн усно.
Колеги, дали на испитот по генетика во јуни, од првиот практикум, имаше прашања на кои ептен се бараа детали, од типот на колку милилитри се додава тоа и тоа, па се центрифугира толку и толку.. Ептен се тие експерименти некако, дали се бараше само протокол на пример, или сѐ?
Pocituvan, dali moze da mi pomognete okolu tok obrazecot A1 za upisite na med.fak? Dali dobivte poraka na email od med.fak? I dali mozi dok.da se prakaat na email na fak.pred rokot ili mora na rokot na upisot? Blagodaram
Дали на испитот физиологија на клетка на 10.09 прашањата ќе бидат само со заокружување? И колку прашања ќе бидат и дали знаете нешто дополнително??
Здраво, матурантка сум и планирам да се запишам на општа во Скопје. Имам само една 4ка хемија од прва ама губам поени со неа, 98,76 бода вкупно ама страв ме фаќа бидејќи оваа година не се полагаше матура и сите ке имаат висок просек. Имате ли некое мислење да споделите