Дали во зимски семестар имате земано некои изборни? Гледам повеќето во летен се обично ама слушнав нешто за еволуциска генетика дека зимски семестар нешто ќе се слушал или грешка сум? Го има некој слушано предметов, искуство да каже? Или да ми препорача некој од постарите колеги 2 изборни предмети за следнава година така шо се полабави и без преголемо замарање, ко на пример нејќам такви ко некој шо бил на физиологија катедрата со полагање, таков тотално сакам да избегнам искрено... Да бидам искрена сеедно ми е што би слушала од изборни, покрај толку услови и предмети обемни, за изборните стварно сеедно ми е, знам дека имало некои со пишување есеј само или семинарска, може некој да сподели искуство или да препорача изборни за втора?
Може ли да споделите искуство од полагање органска хемија кај проф. Тошевска-Трајковска, дали бара детално и на што најмногу да се обрне внимание. Thanksss
Па оди во деканат и кажи им дека си ја изгубила или јави им се све ке ти кажат процедура како треба да постапиш
Студенти што имаат останат практичен испит анатомија само кој вообичаено професор ги зема? А и последна сесија е за анатомија 1, сигурно тие со само практичен не би ги бутнале, не се до толку... Сум во таа табела со тие што имаат само практичен испит (4 студенти пријавени од 90 за анатомија 1 сме само со практичен), па според математиката што ја правам претходната сесија највеќе беа кај професорката Живадиновиќ тие со само практичен испит. Можно е ли да сум кај неа, да не земала зашо сме греота и е последна сесија? Ваше мислење? Можно е да сме кај Живадиновиќ?
Мислам дека нема врска, било кој од проф. може да се погоди.Минатата сесија сите испрашуваа, не ги местат според тоа кој што полага.
И јас сум во таа табела со вас, само сум во среда пошо имам и колоквиумски дел. Се мислев и јас кој ли професор е, дај боже да е проф. Јулија ќе славам жими се.
Нема правила. За жал не значи дека ќе ве положат, би требало, ама не е ништо сигурно, знам колеги кои паднаа во јуни иако имаа само завршен кај Живадиновиќ. Минатата сесија најмногу Аце испрашуваше за сите анатомии, а особено завршни за двојка.
Здраво, дали на медицински е дозволено преполагање на предмет откако поминале 4 месеци? (Некои велат може пред дипломирање само за повисок просек но не знам колку е точно). Ви благодарам.
Може да се преполага. Прво треба да го поништиш предметот преку деканат, се плаќа 1000 денари, а потоа мислам дека треба да ја известиш катедрата.
Ova e za drzhavniot ispit shto ni beshe voveden vo vremeto na Todorov koa beshe minister za zdravstvo vo 2014ta. Ne e smeneta stranata. Nemate vrska vie so ova. Inaku nie ja obavuvavme ovaa praksa
Дечки некој да ми каже како прашува проф матвеева колоквиуми анатомија 1 (сите 3), што бара најмногу и вака дали е коректна?
@petrova89 кај Живадиновиќ сме, што пие кафана? Леле, браво, секоја чест како погоди. Мислам дека супер ќе поминеме, череп кај нејзе имам положено, многу убаво си поминав тогаш, а и многу е фина, ептен ја сакам вака. Имаш ти нешто полагано кај неа? Со среќа.
Само што дојдов да прашам за искуства на испит кај неа, фала ти што си се сетила на мене. Не сум била ниеднаш кај нејзе до сега, но сите колеги се задоволни од неа, а еве и ти спомна дека супер си поминала кај неа, па се надевам ќе биде супер. Треба ептен дупка да си па да паднеш кај неа реално. После Зафирова, Живадиновиќ ми е ко кец на десетка.
Јас полагав анатомија 2 сега во јуни кај Живадиновиќ, професорката е супер и е прекоректна, не бара ситни детали, ама си бара тоа што треба, и нормално, мора да ги знаеш тие работи за да положиш. Нормално е дека не може секој да положи, ама доколку добро сте научиле ќе положите, фер е професорката и има разбирање, потсетува, помага.. со среќа!!
Здраво девојки ме интересира дали има некоја што има е маил од професорката Сунчица Петровска од медицински факултет од институт по физиологија