Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.948
    Допаѓања:
    6.808
    Пол:
    Женски
    Јас за ова ќе ти објаснам преку пример: презапишуваш анатомија 1, со самото презапишување во трет семестар, втора година нема да слушаш анатомија 3 и физио 1. Така автоматски овие два предмети ти се прфрлаат за слушање во петти семестар, трета година. Овие два предмета ти се услов за патофиза 2, патологија 1 и клиничко. И тука ја губиш годината зашто овие три предмети не можеш да ги запишеш во седми семестар, четврта година, така тука ќе квадрираш, т.е. вторпат запишуваш петти семестар, трета година. Четврта година се запишува со се положено од прва до трета со исклучок на трансфузио, фарма, епидемиологија и нуклеарна. Поради ова губиш година во трета, односно две години ќе си трета.

    За другото прашај на студентски или овде некој ќе одговори.
     
  2. Ilajla666

    Ilajla666 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2019
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    1.348
    Здраво , има некој што нема полагано ништо медицинска психологија и планира да полага на 31.08 ?
    Да ми пише :)
     
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.853
    Допаѓања:
    41.145
    Пол:
    Женски
    Имаш поддршка од твоите и од блиските? Имаш место каде што можеш на раат да седнеш да учиш? Имаш ли доволно време да посветиш на учењето без некој да те прекинува или да бара дополнително да посветуваш време на нешто друго?Вежбаш ли нешто, внимаваш што јадеш?
    Овие работи се многу битни за да имаш посмирени студии.Самиот факултет е многу стресен, сите имаме трема пред полагање, некој помалку некој повеќе, но подобрени околни услови што ги спомнав можат многу да придонесат за да ти се регулира колку толку стресот.
    Здрав стрес и трема мора да има, но доколку ти пречи до степен да си наштетуваш себе си и да не можеш нормално да функционираш, значи ако оцениш дека преминува некои граници, не е лошо некогаш и со психолог да поразговараш и да промениш одредени секојдневни навики. :hug:
     
    На Flowerezza, kajl, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Uniqo3

    Uniqo3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Јас кога студирав цената мислам беше 200 денари за државна и 400 за приватна помножено до бројот на кредити пример предмет од 5 кредити по 400 денари, но не сум сигурна околу цените мислам дека имаше на страната тарифник на услуги види таму. Во однос на уплатниците мислам дека е посебна од онаа за запишување на семестар. Е сега за тоа празни семестри тоа може само да ти се случи пример ако немаш фатено услов за година еве пример за 4та од Патологија 2 , а се друго од зимски семестар ти е положено и автоматски немаш предмети за презапишување. Или да не фатиш услов за предмет кој трае 6 сесии и да имаш рок уште 3 сесии да го полагаш. Во други случаи мислам дека не се запишува празен семестар.
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. confidential

    confidential Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2020
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Пратив мејл пред 3 дена и немам одговор. Инаку најдов број од златна книга и на тој ми одговорија. Тие од сајтот и на гугл не функционираат
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Merciiii

    Merciiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Касно е да земам да читам сеа, лани немаше приемен ама оваа година без матура сите ќе бидат високо рангирани, се надевам ќе помине се океј и без приемни
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Geek^^

    Geek^^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2015
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Некој што полагаше кај проф. Зафирова за анатомија 2 ако може да ми каже што највеќе прашуваше?
     
  8. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Женски
    Јас сум кај Наќева за 2ка и сум исплашена како професоркава прашувала од старата книга и планирам д прочитам агли на срце, перинеум на карлица и проекциони точки од стара книга.
    Ама професорката во глобала е топ, кецот го полагав кај неа и сосем е коректна
    Искуства?
     
    На MeckaCia му/ѝ се допаѓа ова.
  9. iridocyclitis

    iridocyclitis Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Кај проф. Папазова некои искуства за анатомија 2?
     
  10. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    5.389
    Пол:
    Женски
    Јас анатомија 1 бев кај неа, предобра е жената, коректна беше, не ме прашуваше детали и ситници, туку некои работи кои стварно треба да се знаат. Многу пријатна атмосфера правеше за полагање, со смеење, chill, немај гајле ако имаш учено.
     
    На Oscar Lady, Glowy и iridocyclitis им се допаѓа ова.
  11. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    1.764
    Пол:
    Женски
    Дечки после колку сесии генетика се презапишува?
     
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    6 :)
     
    На Lollipop_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MV18

    MV18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Наќева навистина е топ професорка, вчера полагав анатомија 1 кај неа и супер поминав. Трета среќа :party:
    За анатомија 2 слушнав била построга ама ако види дека имаш учено сигурно ќе има максимално разбирање.
     
    На Glossy-girl, ElenaOfRivendell и Glowy им се допаѓа ова.
  14. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Како сум паднала денеска анатомија 1 и тоа со практичен испит останат само...
    Сега треба цела анатомија 1 да ја преполагам и ниеден колоквиум положен не ми важи, пак се од ново? :envy:Жртвував и хемија за анатомија, останав сега со ништо, може да се сликам следнава година уствари, што ќе слушам ништо, да знаев вака дека ќе е хемија да учев барем. :swear:
    Вреди анатомија 2 колоквиуми да се полага сега или да не губам време ич?
    Сите ми ја фалеа Живадиновиќ и тука читав ја фалите, ја добив друг впечаток од ова прво полагање кај неа, не разбирам што се тепале толку кај неа да полагаат. Зафирова, врати се, се ти е простено, барем колоквиуми кај неа положив. |(|(
     
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    @petrova89 ќе те држи денеска нервоза, утре ќе ти помине, преспиј вечерва и утре ќе си посмирена, од искуство ти зборам.
    И јас вчера паднав, многу ми беше првично криво зошто од прва само анатомија ми остана, но што е тоа е, нема да сменам ништо и да се нервирам, бидна веќе.

    Околу хемија, пробај за втор рок и прашај за шанса, знам некои професори давале. Може ќе успееш, бар шанси таа катедра дава повеќе. Не губиш ништо, пиши им меил.

    Јас решив анатомија 2 воопшто да не полагам, ќе се посветам сега од октомври максимално на анатомија 1, па следен семестар анатомија 2 здравје. Ми треба одмор после се ова и не сакам да се форсирам. Бар лично јас вака одлучив.
    Ќе видам може деновиве ќе се премислам случајно иако не верувам ама знам до 3 септември имаме рок да се пријавиме за вториот рок.

    Ќе ти пишам ако сакаш да ти испратам уплатницата за анатомија 1 за презапишување, ми ја испрати една колешка. Ако си приватна квота 3600денари ќе биде. Ако си државна пресметај 200 денари по 9 кредити.

    Ајде смири се и одмори се, не си сама со ваква ситуација, не има во голем број, мене полесно ми е откако зборев со неколку колеги што сме во слична ситуација. :)
     
  16. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    5.389
    Пол:
    Женски
    Не се секирај, не си ни прва, ни последна.. Тежок е факсот, а и самиот предмет, не се демотивирај, и една година изгубена, ќе се надомести, се ќе е океј. А што се случи со професорката, јас анатомија 2 полагав кај неа, баш супер поминав, многу беше коректна?.. Ситници ли прашуваше?
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Штооо сериозно е 3600 + од тие 12300 рата????? :o
    Јаооо, па треба да почнам да работам нешто, моиве не се Рокфелер, кога ќе слушнат колку треба да плаќам сега, ќе ми речат подобро не студирај. :|
    Лудост!!! :o
    Фала, ќе ти пишам сега, оффф, ова не е нормално. ;(;(;(
     
  18. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.948
    Допаѓања:
    6.808
    Пол:
    Женски
    Зошто не пријавиш комисиско ако си сигурна во материјалот?
    Ниеден колоквиум не ти важи за жал.
     
  19. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Страв ми е за комисиско, после да ме имаат на пик и да ме мразат, а 3 анатомии се.
    И така не се нешто добра катедра, уште никогаш да не положам. Многу ми е страв од нив, знам колеги 5години што се влечат со анатомија, хаос, страв ми е да не испадне така. :(
     
  20. MrenaRiba

    MrenaRiba Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.286
    Пол:
    Женски
    Наминав да ви напишам да не се грижите воопшто.
    Многу сте ми мили, посветени на студиите, прекрасни сте, со задоволство би ви била пациент, сигурна сум дека ќе бидам во сигурни раце девојчиња.
    Мојот сопруг е доктор. Изгубил една година од анатомија во текот на студиите. Не е син на доктори, туку на обични работници, немал никакви врски и се што постигнал, постигнал со свој труд.
    Баш му прочитав за ова што се случува на факултетот на студенти за кои читајќи ги сигурна сум дека учат многу. Ми рече воопшто да не се грижите, последна сесија вака било за повеќе пари да земаат и да се презапишува, никако да не сте се откажале, уште поупорни да сте сега. Воопшто да не се секирате.
    Мојот сопруг е сега еден од најдобрите доктори во неговата област и специјализација има земено и се. Тоа што изгубил година, ништо не сменило, само станал уште посилен и поупорен.
    Сигурна сум дека еден ден ќе блеснете и вие во вашата професија.

    Аплицирав годинава и јас за вонредни студии на логопедија.
    Постара сум од вас, ќе завршам факултет и јас касно, исто како да сум губела години. :D Ама никогаш не е доцна нели, сите имаме свои приказни и ситуации кои не прават уште посилни и помоќни. :)
     
    На Meddy, Monny05, Oscar Lady и 23 други им се допаѓа ова.