Мој совет: пријави комисиски. Се полага само делот кој ти е паднат. Јас сум постара од тебе, полагав на претходниот „начин“, знам дека е сега сменет за колок материјалот, или што и да е. Јас имав паднато Анатомија 1 во август - завршен писмено, пријавив комисиски, полагав усно пред 3 професорки. Колок не ги полагав, ми беа положени. Се влечи две регии, и зборуваш. Ништо не губиш, моја препорака ти е да си пробаш среќата.
Кога ќе влезеш во институтите од главниот влез(спроти министерството за здравство), одма десно, ќе влезеш во институтот за физиологија и ќе одиш право до крајот во ходникот па лево, тука одма првата врата од десна страна е на секретарката од катедрата за генетика.
Преполагање и поништување оцена колку што знам важи само доколку тоа го направиш во наредните 3 сесии
Ау не физиологија на спорт особено кај сунчица, никако!таков совет имам од искуство од биостатистика види мислам имаше нешто
Не знам дали имаш најдено инфо до сега, но се плаќа регистрација на семестар само ако е празен, 3-4илјади нешто така беше
Дечки, дали некој од вас што полагаше анатомија 2, беше прашан одделно за деловите од дебелото црево (cecum, appendix и др.) во однос на соодноси и протегање или само општо ве прашуваа?
Сакам да се префрлам во Штип на општа, дали ги признаваат сите положени испити од Скопје? И дали има некој што е во Штип?
Дечки дали преминувањето во приватна квота е врз основа на кредити или просек? Сега кога запишував семестар на iknow ми излезе известување дека поради недоволно кредити се префрлам во кофинансирање, меѓутоа тоа е претпоставувам поради еден предмет кој носи многу кредити, а допрва ќе го полагам во испитнава.
Префрлањето е врз основа на кредити. Пример за да запишеш втора година на повеќето факултети треба да имаш положено барем 50% од предметите или минимум 30 кредити од прв и втор семестар.
Ова конкретно за на медицински во Скопје зборуваш? Бидејќи во однос на запишување наредна година или семестар досега не сме пресметувале кредити туку врз основа на условни предмети.
Општо за сите факултети пишував. Ама важи и за Медицински. Ако не положиш условен предмет, значи ги немаш кредитите што тој ги носи. Мислам дека мора да имаш минимум кредити за запишување нареден семестар, без разлика на положените услови.
Ова мислам само на УГД може. Требаат 36 кредити за упис на втора. А, за условните, ако немаш положено 1, не можеш да полагаш 2. На УКИМ мед. друга политика има. @petrova89 ако имаш прашања слободно ми пиши ЛП