а кога кликна на копчето - запиши предмети(односно откако ги внесе задолжителните и изборните предмети) дали сега можеш да направиш било каква измена? На пр дали може сега само изборните да ги запишам а потоа задолжителните во однос на тоа што би ми останало од оваа година не знам
Извини шо се вмешувам во разговорот, ама да би требало да можеш да ги измениш, т.е. да запишиш нови или да отстраниш некој од веќе запишаните предмети
На хемија за колку време земавте оцена во индекс? Знам дека сепак зависи од професорката ама онака отприлика... Една недела ми е на хемија индексот оставен, денеска бев и уште немам оцена, прашав во катедрата и викаат не знаат кога ќе ги потпишела професорката... Не е проблем, ќе почекам до петок ама на прва помош треба за оцена да го оставам и не би сакала рокот да го пропуштам за таму, а и сепак на хемија на време го имав однесено... Дали ако немам оцена и во петок евентуално да пишам меил викендот на професорката за да ја замолам да ми внесе оцена, бидејќи ми треба индексот? Имал некој ваква ситуација, не знам како е најпаметно стварно да направам?
Јас имам добиено оценка за еден ден хемија ама затоа биохемија1 чекав една недела а со ситуацијава сеа имаат милион индекси за потпишување хемија,биохемија 1 и 2 така да ништо чудно да ти го држат уште така да почекај си до петок или однеси го прво на прва помош ама и таму се чека многу
Здраво. Дали некој полагал кај проф. Грдановска микробиологија 1 да ми каже како е и какви прашања поставува. На што да обрнам внимание .Фала ви од напред❤
И моја роднина имаше проблем со сметката со тоа 13 на крајот ..и недостасуваше уште нешто па се јавив јас на факултет и ми се јави некој арогантен маж ми рече читај си на интернет ..не е да преудицирам али намерно не ја дополниле сметката за да не се запишат студенти по мое што знам ! во банка после и ја кажаа сметката како била на МФ па така уплати.
Не им одговара да не им се запишат студенти, пари се во прашање. Без причина си се арогантни, такви си се ...
Ја видов прелиминарната листа на МФ за оваа година има 233+- со 100 бода ?? нормално е тоа ? не знам како не им воведоа приемен испит...во историјава толку скроз одлични немало ..и подоле пишува ке бидат вреднувани (разбирам за републички натпревар по биологија и хемија) но пишува сертификати за странски јазици и слично ,што е тоа слично ??или врскички...срамота ! а нас не паѓаат анатомија за еден припој ако не ми текне. Полагав анатомија 2 кај Аце и паднав,ме прашуваше само ситници.