Алал нека ви е бе, првите 50 со над 99 поени! Секоја чест. И честитки за сите запишани, примени, итн итн.
Дечки ја се запишав на медицински факултет скопје на логопедија.ме интересира некој ако знае или што студира тоа да ми каже како се предавањата и какви се професорите...колку со професорите може да се има комуникација,кои професори се потешки ,и кои предмети се онака потески,кои потешко може да се положат.а и кои предмети се услов за запишување на др семестар и сл.а и слушнав дека имало некои проекти па сум заинтересирана за тоа дали би можел да каже некој какви се проектите и сл
Ајде честитики на сите колеги и колешки на Општа годинава. Сеа дали некој вака може да не упате какви се професорите на кои предмети да се посветиме повеке некој вовед да ни даде.. Секој почеток е подобар кога ке разговараш со некој кој го има тоа поминато..
Можам да ти помогнам јас малку ,не сум на логопедија ама сум на другите стручни студии и во прва година имавме доста заеднички предмети колку што се сеќавам ,мислам дека само со еден професор можеш да имаш проблем на логопедија барем како што зборат пошто јас лично сум немала искуство со тој проф. по генетика ... За услов за предмети ќе си видиш на страната како што кој ти се условни предмети за запишување ,се надевам успеав бар малце да ти помогнам
Дали има некој запишан на медицински во Штип? И дали медицинскиот факултет во Штип е под Кирил и Методиј во Скопје? Имам слушано многу негативни критики, во смисла на немање квалитетни кадри, стиденти кои со малку или воопшто труд ја минат годината, скратен материјал и слично. Што мислите вие?
Јас сум во Скопје ама знам дека Медицински во Штип не е под УКИМ туку Универзитетот Гоце Делчев.. Во однос на квалитетот на образованието, не сум запозната.
Здраво дечки.јас сум студентка на општа медицина во Скопје.Но некако многу пати се покајав што се запишав.За една недела веќе ни е и колоквиумска....Јас си учам ама некако многу ми се чини и ми е страв за натаму .. ај некој што е постар или што веќе дипломирал нека ми каже некој совет..Незнам дали сум направила правилен избор,сакам да станам докторка и желба ми е ама некако....незнам страв ме фаќа многу...Знам дека е ценет факултет и дека се исплати трудот после ама пак...ако може некој совет..поззз инаку сум прва година сега
Ледена,не се секирај,ќе се навикниш,можи на почеток да ти е тешко,да не знаеш точно што и колку треба да се учи,ама ќе си фатиш темпо.Јас па и на друг јазик требаше да почнам,замисли како ми беше,ама се навикнав ,се снајдов,затоа не се откажувај и само напред.Штом имаш и желба,ќе се оствари се,на почеток да ти кажам и е глупаво,основите се најдосадни,ама после следи интересното И ќеф ќе ти биди и ќе сакаш многу работи да принаучиш и да се усовршуваш.Поздравче и добре дојде колешке
И јас ти пишав малку поопширно во лична порака. Поздрав и нема откажување. Не завршил само тој што се откажал
Јас имав желба порано да учам медицина , но потоа се откажав. Брат ми е студент на општа медицина и сега е 3 година. Си учи навреме и до сега нема пропуштено ништо , секоја чест , гледајки ги дебелите книги свакам колку е тешко
Јас сум студенст на медицина. Најубаво е, интересно- многу учење има да, ама се постигнува. Јас имам една теорија, секој ама баш секој што може да одвои неколку саати на ден да учи - може да заврши медицина. Потребно е само бубање и доброоо памтење за разлика од другиве факултети каде имаат задачи :geek:
Имам едно прашање и сметам дека е најпогодно да го поставам тука.Дали доколку сакате да се запишете на медицински факултет мора да имате полагано матура биологија и хемија?
нема задачи, се согласувам ама тешко дека ти се потребни само "неколку" часа на ден и тешко дека само со" бубање" можеш да ја сватиш медицината, се ти е логика,а тоа дека е интересно се согласувам за тој кој го интересира.
Па гледај да земеш биологија, хемија, некој медицински предмет.. Јас имав и бизнис полагано па не ми правеа проблем...
Ако учиш гимназија биологија и хемија обавезно, и гледај ако можеш проектната направи ја за нешто од областа на медицината, сите велат дека не игра улога проектната, но за секој случај . Ако си средно стручно некое како општообразовен ќе си земеш или биологија или хемија, конкретно за на медицина мислам дека биологија се вреднува повеќе, а другиот стручен предмет мора да ти биде од тие што си ги учела намалку 2 години.
Вака јас сум 3 година и иммам желба да се запишам медицина, видов дека примаат 60 во државна и 130 во приватна, но никаде не можам да најдам со колку бода влегувале минимум, максимум. Дали некој имма таков податок ?
Немора да имаш полагано матура биологија и хемија. Ако си на медицина можеш стручен предмет да си полагаш. освен ако учиш гимназија