И мене ми е чудно, и сметам дека требаше да има приемен. Не е фер тие со сертификати да имаат предност за во државна квота, освен ете за биологија, хемија или предмети од здравствена струка. Зошто да има предност , на пример, некој со сертификат по англиски јазик? Не викам дека тој сертификат е неважен, ама мислам дека не е соодветен за рангирање на медицински. Еве јас во средно бев со сите 5 (освен една 4ка во сите години), ама на натпревари не одев никогаш, едноставно не сакав натпревари. И не мислам дека поради тоа некој треба да има помалку предност. Најфер ќе беше да воведеа приемен испит, па според поените од приемниот да ги рангираа. Така ќе добиеа шанса за државна квота, и тие без сертификати, и тие со по некоја 4ка. Како и да е, со среќа нека им е на сите.
Нејќам да коментирам но од овие 230+ со 100 поени дали 50-60 се со вистинско знаење , добро знаеме како се ставаат 5ки во школите низ цела држава. Јас не конкурирам на ОМ , имам 89 поени и реално знаев дека вака ќе биде. Според мене треба приемен испит макар и со се награди/дипломи , што ако некој има 100 поени а не одел на натпревар а на приемниот има повеќе бодови од некој што одел на натпревар и има сертификат за англиски. Глупости чисти , многу од пријавените нема да влезат заради глупави критериуми како бодови од член на спортски репрезентации , јазици итн... медицински ли е , филолошки ли е , спортска академија ли е
Покрај тоа, неколку ми кажаа дека и диплома од спортски натпревар ја прифаќале за валидна, можеби е рекла-казала, но како што прочитав во прелиминарните пишуваше спортски репрезентации. Потоа само на тие со 100 поени им важат дипломи и сертификати, не значи дека ако имам 4ка, не одам на натпревари, ако веќе се земаат во предвид нека е за сите. Знам дека целта беше да се рангираат и да издвојат приватна и државна квота, но сепак требаше барем за сите да е. Многу би пишувала, но тоа е, веќе донесена одлука. Не се виновни матурантите, т.е. идните студенти, нив им посакувам се' најдобро. Виновни се брзите одлуки кои резултираат со недоречени решенија.
Мислам дека на медицинскиов спортот многу сериозно го сфаќаат. Мислам.. да почнеме од фактот дека потпис по спорт е услов за запишување на цела втора година, еве сега и дипломи од спортски натпревари бараат
На нас професорката како објаснување ни даде, некад докторот ке биде повикан итно а лифтовите нема да работат што значи треба да протрча на скали 2 спрата, секој доктор треба да е спремен на тоа затоа е спорт најбитниот предмет на медицина
Искрено не знам хахах таа еднаш што ни беше на тренинг кога идевме на машински немам појма како се вика ни која е, мислам дека на цел медицински е таа една проф
Ќе си дозволам едно мислење у вака посериозна тема за постирање меменца. Најврвното Ја лани коа ме примија: Ја по 1година после нервози со индекси, потписи, печати, услови и гледање разно разни драми и се и свашта на медф: (Гифов го најдов од колега у генерациска коа се дешаваа драми и врвен ми е неколку месеци, еве да го спомнам за авторски права ). Of course it's a joke и сите маки вредат за крајната цел, па нови колеги со среќа. Спремете се за многу учење, непроспиени ноќи, стрес, паѓања и положувања, но на крај големо чувство на среќа и исполнетост кога ќе видите колку работи сте успеале да положите. Почетокот е најтежок ама не се плашете, јас еве тек по долго време можам да речам се адаптирав конечно и годинава шо иде ама ич не ме плаши пошо веќе знам све како иде. Полесно е откако ќе помине некое време. Стојам на располагање да помогнам на кој што можам, слободно пишувајте ми.
Оди одма утре, уште рано наутро, рокот за пријавување да го стигнеш. Немаш што да изгубиш, само можеш да добиеш. Со среќа.
Факултетов бара жртва, внимание, посветеност, време и многу нерви... Тоа мислам дека сите се свесни уште пред да се запишат на медицина, општо познато е дека е тежок факултет така да мислам дека сите вие што си се запишувате сте свесни дека треба 6 години да учите, со милион професори ке дојдете во контакт, некои добри, некои лоши, некои луди ама тоа е. Милион пати сум дошла до степен да се покајам што се запишав, не затоа што ми е тешко да учам туку ради самите катедри и професори кои се комплицирани и ја убиваат секоја желба во тебе, и со тоа ке се сретнете... Ама на крајот на денот пак, јас не се запишав на медицина за никој друг освен за себе, ја сакам медицината и сакам да научам така да за сите вас нови студенти ако се запишувате со желба и љубов кон медицината нема да имате никаков проблем, секогаш тоа ке ве турка напред колку и да е тежок факултетот.Со среќа на сите и без откажување
Почитувани, Јас завршив прва година на Општа медицина на УГД. Сакам да се префрлам на УКИМ. Дали некоја од вас ја знае постапката да ме упати и дали би ми ги признале испитите кои ги положив. Ви благодарам однапред.
Бруцош но сум информиран дека префрлање од други универзитети на УКИМ не е можно веќе уназад 3-4 години