Дали Физиологија од Гајтон е книга која е навистина вредна да се купи ( зборам за македонскиот превод, со оглед дека имаше многу поплаки дека истиот бил прилично лош) или да ја барам англиската верзија?
Јас 2ка кај Тошевска памтам полагав, и не бараше формули пишување. Усно полагав пред неколку години. Сеа незнам како е :/ Ваљда зависи и од проф.Подобро по групите да прашате, во зависност од професорот. Инаку студент сте? Зошто некако сте ми запомнена како да работите
Здраво колеги/колешки (од денес официјално ) сакам да прашам нешто ако некој може да ми одговори , благодарам однапред. 1. Купив индекс , легитимација , пријавни листови. Дали од дома треба се ова да пополнам и да лепам слики , да однесам и да стават печат ,малце ми е конфузно. 2. На пријавниот лист за упис на семестар има да се пишат предметите за семестарот но кај предмети има ставено само 6 полиња а јас имам 8 предмети во прв семестар , каде да ги допишам предметите бидејќи под тоа има за изборни да се наведат 3. На листовите има студиска програма и под тоа пишува поднасока/модул нешто таму што треба да се пише?
1. Се од дома внимателно потполни, со име и презиме и лични податоци, предмети за прв семестар обавезно запиши во индекс на втората страна и сликата залепи ја и така го оставаш на шалтер и на прв академски час ќе ви ги дадат. 2.Тие листови се стари и не се сменети, т.е универзални се бидејќи речиси 80% од факултетиве низ Мк немаат по 7-8 задолжителни предмети во семестар како на медицина и затоа нема место, така да слободно допиши ги надолу не ги ни гледаат тие. 3. Ако си општа медицина не треба, а за тригодишни ако си не знам како е мислам дека и таму не треба ништо прашај тоа некој друг за секој случај.
Благодарам и ова едно како налепница проѕирна што е , тоа ми рекоа од Трио дека не смеело да се изгуби нешто многу важно било , тоа некаде се лепи или?
Ќе го дадеш тоа на вработените од студентски прашања они ќе го залепат врз сликата, барем лани така беше бидејќи многу колеги грешно го имаа залепено *Да се надополнам не го лепи сам бидејќи треба печат да ти стави меѓу сликата и лепливата фолија
Добро дали некој ги виде резултатите и тоа колку студенти со повисок број поени се влезени во приватна квота а колку со помалку поени се во државна? Како има одредени студенти со по 55-60 поени што воопшто и се влезени?!
Каде го виде тоа некој да е приватна и има помалку поени од тој во државна? Тој/таа со 56 е квота националности, надвор од ранг се тие. За општа зборувам.
Не , во инж. по мед. лаб. дијагностика во приватна има 6 луѓе и некои се со 60 и нешто , па и 70 а во државна последниот е со 55 , изглеа нешто испомешале.
Тоа е така затоа што втор/трет/четврти... избор им е таа насока. Прво ги рангираат на тие што им е прв избор, па потоа се рангираат под нив тие со втор/трет.. избор.
Има отстапки за студентите по 55 и 60 поени, дете на бранител и со 40 поени да е мора да биде примен без разлика на се не смее да е одбиен, исто така и за националностите има отстапки им се дозволува пониски поени. Имаше неколку категории за кои се со отстапки, не ги памтам сите.
Иначе гледам у квотата националности има примено на општа и со многу пониски и сега тие колку плаќаат 200 или 400 евра? Реално греота за тие со 97/6/5/4 поени што не влегоа а во други квоти си примаат ко алва..
Националности плаќаат исто како државна квота, а за колегите кои што ќе доаѓаат од други држави (најчесто Срби и Црногорци има кај нас) плаќаат 3000 евра од година .
Дали некој има инфо за тие првите 10 по список до лани беа ослободени од партиципација во прва година дали и годинава важи истото?
Ау... 60 поена во националности и 200 евра плаќаш , 95/6/7 не влагаш а повеќето со 100 поени плаќаат приватна квота. Ми нема логика ова , испаѓа многу нефер али во оваа држава па што е фер.