И мене тоа ме интересира, некој од постарите генерации нека каже дали се исплаќа да се купи македонската верзија, дека сепак не е ефтина
Јас ја имав копирано зошто искрено не ми се даваа за оригинал 100еур мислам толку некаде беше, сепак тоа е колку еден семестар. Плус и не сите поглавја се учат од Гајтон имаат издадено книга дел од професорките каде има опфатено теми како респираторен, ГИТ итн кои се учат исклучиво од таа книга правени според нивни предавања, книгата ја имате во деканат Физиологија на одделни органски системи се викаше мислам. Сепак ваша одлука е ова е само мое мислење.
Се плаќа семестар, предметите што ги презапишуваш плс 750 Гајтан е обемен и освен делот квс ништо друго не вреди да се купи а и немаш време да учиш гајтан бидејки има многу второ прашањата ги даваат од своите скрипти
Има скрипта за физио 1 и за физио2 пишувана од проф тие се тие од кои се учи плус има некои проф имаат посебни материјали кои ке ви ги праќаат како предаваат тоа се ке ви кажат коа ке почнете со предавања не купувајте ништо однапред свашта се менува за една година се ке ви кажат професорите кој практикум која книга без гајле
https://www.researchgate.net/public...Hall_Textbook_of_Medical_Physiology_-_12th-Ed Оваа е книгата? Ако е таа може цела да се спушти во пдф.
Не знам дали ќе ви одговара книгава на студискиот курикулум, но ја најдов на Интернет пред некое време. Носи наслов Медицинска физиологија и напишана е од Гајтон. Мислам дека има 1140 страни и е на македонски јазик. Бесплатен примерок. Можеби од помош ќе ви е за подготовка на завршниот испит по физиологија. https://drive.google.com/file/d/1x-uDG6uqPmzuUVH8YZXDmoWnBGMg0-kN/view?usp=drivesdk
Добар ден, некој што студира општа медицина на УГД, дали може да ми каже за што се уплаќаме при упис на прв семестар. Ви благодарам
Јас сум со кофинансирање, меѓутоа има многу студенти што се и државна квота, мислам дека зависи од изборот на студентот.
За општа: http://medf.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2019/01/Корикулум-ОМ-2017-18.pdf Ако ти требаат за ТСС ќе ти пратам.
Не пишуваат на секој факултет иако е на ниво на УКИМ. Минатата година на медицински не пишуваше, на студентски кажуваа, на други факултети пишуваше. Годинава на никој не пишува, така што може и да не важи.
Од кога е овој курикулум во кој услов за запишување во втора година е Спорт и здравје? Доста измени имате Социјална медицина во 5та го преместиле глеам.