Радиологија и нуклеарна ќе слушаш ако ти е положен биофизика во 5ти семестар. Епидемиологија ако имаш положено статистика во 6ти ќе слушаш. Овие само од трета. Малку зезнато е искрено, премногу предмети влечи. Студентскиот информатор отвори го, во него сите услови ти се запишани како што слика и членката погоре.
У прва ги поделиле на 60тина групи. Фактички тоа му доаѓа некаде 5-6 студенти у група. Да не не делат и нас сеа на упис коа ќе идеме, мислам според мене веројатно можно е? Пошо нема шанса да не остаат пример нас само 24 групи и ние да слушаме по 10-15 луѓе вежби...
Сигурно ќе има распределба, ние после 3та се поделивме така, во групи по 5-6 колеги. Нам ни беше дадена можноста да избереме кои ќе бидеме во групата и во која група сакаме да бидеме. Абе какви тепачки настанаа, покољ! Многу карање имаше во генерациската група, навреди меѓусебни, до координатори... една работа не можи да помини без драма.
Бидејќи сум нова на Медицинскиот факултет, сакав да прашам нешто во врска со оригиналните книги по задолжителните предмети што се купуваат од самиот факултет. Слушнав дека истите се неспоредливо поскапи од фотокопираните примероци, па ме интересира дали како на повеќето факултети професорите бараат да се купуваат оригиналите или се пофлексибилни во однос на употребуваните скрипти и книги?
Сите ми се копии освен анатомија 1 која е оригинал и ми се распадна и корица и се уште у прва колоквиумска. Купувај копирани, никој не бара оригинал.
Не, никој не те задолжува да купуваш оригинал книги, единствено исклучок се практикуми, ма да за некои предмети и тие се копираат. Да, поскапи се и воопшто не вреди да фрлаш пари на учебници, бидејќи нема ништо шо да видиш во нив освен текст. Сепак твоја е одлуката дали ќе купиш или не, јас на почетокот се залетав и купив 2-3 книги и уште некоја сега во 4та и толку, друго се ми е копирано. За атлас анатомија, ти препорачувам оригинал нормално, ама пак не мора да купуваш нов, можеш веќе искористен ако продава некој, или да се позајмиш од некој постар колега.
@Dream-Girl @Angie1432 @Waverly Raven Ви благодарам многу за вашиот одговор. Се надевам дека повеќето професори ќе имаат разбирање.
Не ги интересира професорите од кај учиш. Копирај си, многу ќе заштедиш. Некои практикуми бараат само оригинали, ќе ви кажат за тоа. Ама не се скапи тие и онака.
На повеќето факултети при УКИМ постојат професори кои не ставаат прелазна оценка бидејќи студентот им ја нема купено оригиналната книга. Затоа прашав и спомнав разбирање од нивна страна. Среќа, немало такви примероци на факултетов.
Да се си прашам јас тука за посигурно генетика беше услов за четврта така? Чудно ми е некако дан не е точно, се ми се чини дека е за трета..
За тие што ќе бидете прва година, ви го препорачувам атласот од Синелников за анатомија, навистина многу ми помога. Го издавам месечно првиот и вториот дел. Доколку сте заинтересирани, пишете ми ЛП.