Мислам дека можеш да аплицираш, од лани се укинаа некои критериуми (пр. Финанскиска потреба на семејството мислам), и сега е исклучиво врз основа на просек рангирањето. Од етика секогаш биле со теретниот, последни ги пишат оценките откако деканатот ќе ги притисни.
Тие што бевме за увид Етика ни кажа проф. Јаневска дека таа ги пишувала оценките во ајноу од јунска и августовска сесија на крајот на сeптември
дали анатомија колоквиумите и завршниот испит ги спојуваат наеднаш, пр прво колоквиум заедно со завршен за торакс итн или прво сите колоквиуми па сите завршни или пак варира од професор? и дали за завршен е баш само тоа од проекции
Прво го прашуваат теоретскиот дел за делот/вите што го/ги полагаш па патоа ако положиш одиш на практично. За практичното зависно од професорот, некои прашуваа само проекции, некои се.
Дијафрагма целосно ја бараат, мене ми бараше само да ги набројам, пример мускулите на преден стомачен ѕид и слично.. Ама колку што разбрав, некои професори барале и припои.
Дали имате сознанија доколку прва година по општа медицина се заврши во Штип наредната т.е. втора се продолжат студиите исто општа ама Скопје, дали е возможно така и ако да кои се условите кои предмети ќе се полагаат итн..?
Ни таа варијанта не постои , сосема различна програма единствена шанса ти е само наредна година да си аплицираш поново и да си рангирана (ако си од оваа генерација ќе треба да полагаш државна матура).
Здраво, сакам да прашам дали некоја од вас продава Медицински атлас на човековата анатомија од Неттер, и дали негде во некои книжари можам да го најдам со помала цена од 6000денари? За ова имам слушнато дека може да се најде но не сум сигурна, ако знаете каде, би ми било од корист.
Не ти треба тој од 6000. 4000 е тој на англиско-германски превод истиот од Нетер. Насловите се на македонски само кај тој шо е 6000. Ама внатре сликите се означени на латински, а тоа ти треба тебе, а не преводи. Дали е arm или рака насловот исто е.