Да не се повторувам со колешката, во право е, не мораш на македонски да земаш. Исто така го имаш и на интернет, во пдф форма, ако сакаш да учиш од лаптоп/телефон.
Мој совет, Нетер и сите други популарни атласи ги имаш и пдф онлајн, мене што ми помогна во изучување на Анатомијата е апликацијата 3D Human Anatomy се плаќа 20-30 долари и си ја користиш буквално имаш секакви пресеци, ти како што сакаш си вртиш артерии, нерви, мускули, има секакви соодноси и за органите исто значи апликацијата е исто како атлас, само што имаш поголема видливост и контрола.
Јас ги имав и Нетер и Синелников и Собота и дали 2 пати ги отворив... се што треба имаш на интернет, има преубави апликации на телефон за анатомија 1 во 3д за учење лепота, за анатомија 2 и 3 претежно користев видеа што ги наоѓав на интернет, така да фрлање 5000 во вода за работи што во денешно време ги имаш на интеренет на милион страни со објаснувања со видеа со чуда... ама сепак ете ако веќе си решила за атлас јас би ти го препорачала Собота
Да и јас го купив Собота и Синелников, Соботата мене ептен ми беше од корист иако асистентите на вежби ни рекоа дека дали Собота дали Синелников или Нетер сите 3 се одлични и е прашање на избор
Дали некој има полагано општа фармакологија до сега оваа година откако почнаа онлајн поради корона? Ако може да споделите искуство, на кој начин оди испрашувањето,особено за колоквиум и практично кои досега се полагаа со тест? Благодарам однапред
Ии да се надоврзам, прва година сега ќе почнувам на УГД Општа Мед.Малку ми е страв што и како ќе биде, каков е почетокот, дали ќе се снаоѓам доволно бидејќи сега е се online.Инаку со учењето сум супер со средно медицинско училиште па ако може совет каков е почетокот дали матеројалот е обемен ии какви се професорите.
Откако ќе полагате анатомија 2 денес - утре ако не ве мрзи пишете ми ЛП да ве позамарам нешто околу полагањево. Со среќа на сите.
Не можам да кажам што прашува за 2ка, ама 1 полагав, и можам да ти кажам дека професорката е многу добра, прави доста опуштена атмосфера за полагање, помага, потсетува, и многу е коректна, многу убаво искуство имам со неа.
проф. живадиновиќ кои прашања ги поставува во делот на абдомен, карлица за торакс отприлика не се плашам знам дека некој беше пишал претходно ама повеќе беше универзално за сите професори, ме интересира конкретно за неа
Јас полагав во прв рок. Професорката беше коректна, бара да ги поврзаш работите. Доста прашуваше за перитонеум, лигаменти, соодноси и делови на органи и нервни сплетови. За практичното беше прекоректна и праша само битни работи, да покажеш некој орган пр.мочен меур и онака усно да си ги кажеш работите.
а во однос на практичниот испит што те праша? проекции само делот нели и ако има некој што полагал денеска кај живадиновќ нека сподели ако сака искуство
Не сум општа , не сум ни на УГД но ќе ти кажам нешто исто како бруцош. На сите ни е страв без разлика кај сме нормално е. Почетокот (на УКИМ бар) е така што одиме на факултетот ни ги делат индексите , ти посакуваат среќа и си почнуваш најнормално предавања секој ден и колоквиуми на крај на месец. И после тоа имаш и завршен испит ако предметот е обемен и не се чисти со колоквиуми. Материјалот е обемен каде и да си , факултет е ова сепак. Анатомија ако во средно медицинско е 130-40 страни цела книга овде толку е еден колоквиум/испит. Загревање на столчето треба нормално и континуирано учење , кампањските учења за пролазна оценка и ден пред испит на медф скоро и да не палат ,си бара длабинско учење за убаво да се сфати материјалот. Професорите никој не може да ти каже конкретно бидејќи секаде се паѓаат различни проф. кој како ќе му се погоди и секој ќе ти каже различно мислење за некого тој професор е мајка за некој маќеа.