Здраво дали може некој да ми објасни за услови за специјализација во Македонија? Колкав просек треба да имаш да ти ја дадат дали треба да имаш врски итн итн, ако притоа си завршил општа медицина во Скопје? Каков впечаток имате вие од Медицински факултет Скопје?А како ако имаш завршено гимназиско образование а не стручно дали е потешко? И уште едно прашање ако во случај е примен некој на медицински факултет Словенија и медицински во Скопје каде е подобро да завршиш за поголеми услови понатака? Некој по упатен во врска со прашањава да ми помогне?
Девојче, те памтам од др тема дека си 18 год. Заврши прво општа, па отом-потом ќе мислиш за специјализација. Може пример да има во тој период дефицит од некоја гранка во општина каде живееш, и да добиеш бесплатна специјализација. Се‘ зависи од среќа, конкуренција, колку ќе примаат таа година. Од сега за 6 години (најмалце) Бог знае како ќе биде. Јас познавам мн што завршиле општа во Скопје, и зеле бесплатна специјализација во Словенија, и си работат таму. ЕУ е, подруго е, и платите се поголеми. А за општа да учиш во Словенија, јазик треба да знаеш обавезно. Познавам 2-3 што пробаа и се вратија назад во Македонија. Можеби има на почеток разлика ако си учел стручно, анатомија пример општи имиња на коски им се познати, додека ние од гимназија прв пат слушавме за се. Ама тоа е ептен на почеток само, и ако се потрудиш, навистина нема никаква разлика.
Ги читкав коментарите. Да не си некоја од А5-А8? Во мојата генерација, и таа после мене, А7-8 беше 90% на доктори деца. За жал, бев дел од оваа група и точно знам што зборуваш. Каде и да одиме на вежби, асистентот обавезно препознаваше неколку од тие деца, и муабет тука, па фалење, гушкање. Па често некои и кумовци/кумашини беа, роднини... Ние црните овци си гледавме од страна само
Фала многу ама не беа за мене конкретни прашањата , јас сум на економски запишана , ми требаше за моја блиска личност
Ја сум дел од тие групи. Решив да се префрлам во Б, не се трпи тој терор веќе, 80% А група е таква. Иако и во Б е така, пак обични деца си патат. Благодарение на форумов запознав неколку со падната анатомија и хемија ко мене од други групи во Б, размислувам да се префрлам кај нив. Мислам дека секоја варијанта е подобра од моментално тие групи во кои сум. Секогаш тие положуваат, а ние 2-3ца паѓаме колку да речат од таа група падна некој. Со години иста традиција е тука изгледа.
Нека не ве лажат, прво докторски деца и врскаџии има секаде во секоја група не само од А група, ако има врски не му е битно која група е, второ поделбата по професори не е по групи туку рандом по список така да не им е баш битно колку ке бутнат од која група, не си го полнете мозокот со глупости само ке се огорчите без врска. Неправди има и секогаш имало ама мислам дека тоа е од страна на професорите, а не ради докторските деца
Epa ste imale nekoja nova kniga? Ja go imam polozheno odamna ama togash nemavme kniga pa ne znam mnogu okolu ova, a bratucetka mi me prasuvashe. Dali vredi da ja kupela ili da uci od prez samo?
Да, имаме нова книга ама само за еден дел е, не за цел предмет. Јас ја купив и книгата, ја проучив онака ама претежно учев од презентациите што се покажа сосема доволно кај мене за положување, прашањата беа од материјалот во презентациите. Не е лошо ако сака за секој случај да и биде и прочитана и книгата, но сепак мислам може и без неа да пројде.
И јас кога почнав да студирам така ми кажаа дека во а група се као докторски деца претежно, а во б исто на доктори ама непознати . А недокторски" деца мора да има секаде исто. А дека се местат, се местат. Ама не се замарајте, тие нема ни да се појавуваат ќе имаат 10ки. Памтам на биохемија со книга во скут полагаше колешка ,нејзините вработени во деканат, асс се прави не гледа. Преку две столчиња седеа, во вежбалните биохемија. А после 4та година тек ќе видите колку никогаш нема да дојдете на ред кај добри професори зошто веќе ќе биде пополнето местото со врски. Неврологија еднаш ја прашав секретарката да бидам кај Никодијевиќ дали може и знаете што ми рече? Татко ти доктор ли е? Не можам да те ставам таму , проф е ќерка на познат доктор она сака докторски деца. Не викам дека е невозможно на среќа да се паднете кај пофин ама кога ќе ви дојде редот или чисто да се замачкаат очи. анестезија пример објавуваат списоци со термин ама не пишува кај кој професор и ксде што се врскаџиите ќе знаеш каде е проф. Шошолчева(најбоље опција) такаа да текод 4та ќе видите колку врски и местенки има. Иако и на институтте е така. И не сакам муабети од типот учи си и гледај си за себе, да ск гледам ама човек си и млад си на почеток од студирање многу јасно дека ќе те заболи неправда, ќе те заболи тоа што го гледаш околу себе, особено ако си со чист образ и "никој и ништо" на факсов ама од друга страна па ќе биде задоволството уште поголемо зошто знаеш се си постигнал сам. Има предмети што стварно ете може не знаев како се учат, што е важно за испит, кога сум знаела повеќе сум добила пониска оцена и слично маа имало и испити и каде што сум била малку полабава и учела помалку ама се поминува не дека не ако седнеш и учиш. Факсов е катастрофа во тој поглед ама гледајте колку можете да не давате на тоа значење и кога ќе ви биде тешко како да го надминете тоа. На сите ви држам среќа многу ама после факс е борбата за работа и специјализација уште поголема ако ви е за утеха
Дечки , како оди процедурата за комисиски испит и дали уопште вреди да се оди анатомија пошто пола ми беше положен во јуни и сега ради еден дел треба да го презапишувам а бев кај наќева и повеќето работи ме прашуваше од старата книга......
Мислам дека вреди, процедура не знам како оди но многу професори од катедрата па и асистенти нејзе ја прогласија за некоректна оваа сесија зошто одлучи по старата книга да прашува. Доколку си сигурна во своето знаење јас би ти кажала да одиш на комисиски со оглед дека паѓањето и не е толку твоја кривица и под твоја контрола барем овој пат
Колеги, некој што слушал/полагал Радиологија да сподели од каде да се учи. Катедрата нема никаква книга само презентации понуди