Дали на вториов упис за медицинска сестра/техничар се останати 13 места, како што пишува на страната на уким? Бидејќи јас веќе испратив пријава на iKnow
Јас кога полагав, пред околу 1 година и повеќе, само од презентации учевме и тестовите беа лесни. Арно ама, мислам дека многу работи се сменаа од тогаш, ако добро се сеќавам некој спомна дека и усен завршен тест вовеле? Оценките од ракав ги пишаа, со изговор дека сме препишувале и скоро сите имаа 8 и 7, со исклучок на мамините и татините мази и нивните другари/ки, тие исклучиво 10 имаа. Многу проблематична катедра, една вежба немавме одржано! Многу голема празнина имам во знаењето поради радиологија шо сега ми се провлекува и со интерна и со хирургија и со се...
Сменето само кон полошо. Да сега има и усен завршен испит. Тестовите се лесни ама усно со знаење од презентации тешко ќе пројде. Толку важен предмен жалосно е да нема книга.
Учебникот и двата практикуми. Презентациите ги почнав до некаде, и некако многу оскудно ми беше пишувано, па го научив цел учебник.
Колеги, следна недела ако е уписот, ќе се постигне ли сите потписи да ги земеме? Не сме уште известени за катедрите генетика, промоција и англиски немаме оцени, се прашувам кога ли ќе постигнат да ги средат индексите катедриве? Некако многу слаба организација, а зборат упис ќе пуштале.
Океј, ама стварно не ми е јасна таа жена, Анатомија 2, кај книгата е над 550 страници таа уште и од старата книга сака да учиме? Е па, нека се договорат професорите меѓусебно а ако не се слагаат не мислам дека ние сме тие што треба да страдаме. А во врска со твоево прашање, мислам дека вреди да полагаш комисиски.
Ми бараше топографски делови на v. portae и ми се чудеше како не ги знам, јас кога дознав дека сум кај неа (во прв рок кажаа 6 дена порано кај кој професор ќе сме) читав и од старата ама не се бидејќи никој не ми спомна за венава, си учев од новиот учебник за неа. Проекции на агли на срце знаев дека прашува ама не можев да го најдам никаде прашањето, за тетивата на Тодаро како една од ограничувањата на триаголникот на Кох не било тоа, немало таква тетива, а беше со куспис септалис на трикуспидален залисток и остиумот од коронарниот синус, бараше латерално и медијално ограничување значи не ми го важеше прашањето. Среќа за карлица поделба на перитонеална празнина на катови научив од старата и ме праша за кавум субперитонеале (стара поделба извртена ужас во старата ама ја научив оти ми кажаа дека го бара) , не сакаше да филозофирам и да бидам опширна, анатомија била конкретна наука, а 600стр новата книга мислам дека нашироко беше разприкажано сѐ и магично плус 200стр од старата ама не ми пиша лоша оценка зашто сепак знаев многу теоретски и стварно бев спремна, имав пропусти да ама не сум крива што мораше да учам од сите страни. Некогаш стварно се ригорозни и не можам да го сфатам тој различен муд на професорите, ама да се преучиш и да падниш па и тоа не можам да сфатам...Како да зависи твоето поминување од нивното расположение. За некого мајка, за некого маќеа е факултетов, подобар опис немам прочитано. Само да се снајдеш и да преживееш, а за тоа ако треба и ќе цапаш луѓе, жестоко борење има А, после анатомија се исцрпив, веројатно можам да замислам каква ќе сум после 2ра година, јас и моите 2 преостанати мозочни ќелии ве поздравуваме и им посакуваме на идните студенти многу среќа, јер другото мора од себе да го вложиш.
Здраво девојки, за празен семестар истата уплатница е какои за упис на семестар што пишува или таа за уверенија,презапишување и т.н? Пребарував низ форумов не успеав да најдам
И мене тоа ме интересира, ако знае некој нека сподели искуство, сеуште немам оценка во индекс, само во ајноу
Етика кога земавте оцени ви ставија и потписи? Прашав еднаш, ама никој не ми одговори тука. Имам оцена на десната страна и печат таму и се ама на левата кај што ставаат потписи немам ништо. Не само јас и неколку други колеги што се дружиме ги прашав, исто и кај нив, но сепак... Дали е вака кај сите? Да не ни прават проблем при заверка зошто немаме потпис на левата страна иако по логика чим дале оцена сигурно и право на потпис дека имаме...
A на која сметка? На таа што пишува "за семестар" или "испис,уверение,дипломски,презапишување кредити" и тн.