Тие што се запишуваат на рентген не се доктори туку техничари за снимки да прават? И смерот што е логопед 3 години за доктор логопед е?за другарка прашувам
Логопедот не е доктор, и е 3 години. 3 годишните се за техничар. За специјалист рентгенолог треба општа + специјализација 5 години.
Логопед не е доктор туку стручен назив на лице кое се занимава со пречки во говорот. Инаку тригодишните студии за дипломиран радиолошки технолог немаат врска со докторите специјалисти радиолози. Радиолошкиот технолог (негде е наречен и радиограф/ радиолошки лаборант) е лицето што ги изведува снимањата и раководи со апаратурата додека докторот специјалист по радиологија е тој што ги прегледува и дава дијагноза врз основа на наодот. Немаат врска едно со друго како што кажа членката погоре доктор специјалист радиолог се станува со специјализција по радиологија која трае 48 месеци (4 години).
Дечки, вака не положив хемија и сега нарeднава година нема да слушам биохемија 1 и 2, а миф, хистолохија 1 и 2, анатомиите ми се положени. Дали во трета година (5ти семестар) би имала пробем со кредити, 37 би имала а не 30, доколку другите условни предмети од втота година ги положам и хемија нормално . Дали би било тоа проблем? Ако може некој да ми објасни бидејќи стварно не разбирам како оди ова со кредитиве
Здраво, образецот за пријавување на изборен предмет треба да го носам во деканат заедно со документите кога се запишува семестар или како треба?
Мислам дека се поднесуваше барање во деканат за прекорачување на кредитите и би требало да ти одобрат. Знам дека 35 се максимум од семестар, но мислам дека за 2 кредита не би ти правеле проблем. На iknow нема да ти даде да ги запишеш предметите(сите) затоа се подмесува тоа барање и од служба ќе ти средат потоа. Јас мислам дека вака треба, но ако грешам нека ме поправи некој.
Може 35+ кредити, но само за студенти што постигнале висок успех во текот на студиите. Над 8.50 просек беше мислам.
Некој спомна дека можело да се промени група за вежби, се плаќало околу 500 денари. Дали знае некој повеќе околку тоа?
Денес баш за ова прашував во деканат. Треба само условни предмети да презапишам, услов за нови да слушам не фаќам. Само предметите се презапишуваат ништо дополнително не се плаќа, таков одговор добив.
Епа денес била и моја колешка таа не уплатила за прошлиот семестар дека мислела ако нема предмети за презапишување или за упис на нови не требало...Па и рекле да уплати за летниот фактички празен семестар 3000ден. Сега стварно не знам што е работава Али сепак мислам ете за твојов случај дека си имала предмет за презапишување само тој предмет ќе го упишеш( нормално и ке платиш за кредитите колку ги има), а во мојов случај немам ни за презапишување ни за упис на нови и ќе треба да платам 3000ден за што? За ништо,а толку пари се....
Со завршени 3 годишни студии се стекнуваш со титула- Дипломиран логопед(и за др. смерови е исто) Ако сакаш нешто плус имаш 1 година или 2 не знам точно постдипломски студии, можно е да беше 1 година со 2 семестри( али не ме фаќај на збор) и со завршување на ова се стекнува титула-Клинички специјалист по логопедија. Ако веќе сакаш за специјалист доктор по логопедија ти треба плус 3 години. И математички сето ова му иде : 3дипломски студии +1постдипломски(или 2 зависи од смерот) + 3докторски студии. @Larson
Општа трета година од се вкупно предмети ( семестри ) кој предмет е вака најтежок за полагање и професор ?