Дали може некој што презапишувал услов во изминатите години да ми пише у лп ако е послободен да позбориме? Го гледам распоредот и уствари колоквиуми од прва и втора ми се поклопуваат. Па, би сакала некој шо прошол низ слична ситуација да ми пише чисто да ме посоветува од свое искуство како е најпаметно у ваква ситуација да направам иако секако на условот неположен од прва ќе се фокусирам. Фала ви однапред.
Јас им пишував повеќе пати пред уписиве и од 4-5 мејла на 2 ми вратија. Чат пат враќаат чат пат не , како ќе ти се погоди.
Патологија 1 и 2 според мене најобемни и доста внимание бараат да им посветиш. Плус се услов за 4та, а и во однос на професорите не знам што да ти кажам малку се комплицирана катедра и секој е "приказна за себе" различно бараат секој за себе, некои бараат само од книга за испит, некои и книга и практикум, трети и од Robins бараат цели поглавја(Башеска и Јаневска на пример). Според мене највеќе на овој посвети внимание. Обемни се и Микро2 и Патофиза, ама не се толку страшни. Фармакологија е доста тежок предмет и се учи на памет ама не е услов, па така да не е страшно од таа причина.
Јас полагав радиологија кај проф Елизабета. Учев од презентации, ама за тоа колку бараше да учев само од нив немаше ништо да знам. Јас како правев - цел текст од презз го напишав на тетратка, а сликите ги зачувував и ги именував (пр. Грин стик фрактура). Имаш прекрасни видеа на јутуб, ми се чини едно од осмозис и те упатува како да читаш ЕКГ, да знаеш како да се изразуваш и слично. Има и други виде на јутуб, гледај ги и ќе ти стане се појасно. Среќно
Ќе може да ми објасниш што точно е ова? Сакаш да кажеш дека ако имаш над 8.5 просек можеш да земаш повеќе од 35 кредити?
Сигурна информација е ова? На пример да си земеш изборни предмети да ти кренат просек? Ова важи за било кој семестар (летен/зимски)??
Сигурна е, на интернет пишува може да пребараш, а и во студентскиот информатор мислам дека имам прочитано. Важи за било кој мислам да.
Omajgaaad Kako slucajno doznav za ova. Ako e vaka togas super ehee. Lele Fala ti mnogu za ovaa korisna informacija ❤️❤️❤️
И мене ова ме интересира.. И плус дали некаде на некој список треба да одиме да се запиши е или треба да чекаме известување во групата?
Извинете дали некој знае каде се наоѓа секретарката за ортодонција и максилофацијална хирургија за оценка ми треба?
Дали биохемија има опција во испитна да полагаш 1+2 еден заеднички колоквиумски тест во замена за 2та колоквиуми, како што имаше хемија? Биохемија 1 и анатомија 1 целосно ми се поклопуваат и си правам план уопште да не идам на биохемија ако има ваква опција за 2 колоквиуми во испитна одма да се полагаат? И статистика на пример ако не отидеш на еден колоквиум, а едниот го положиш, во испитна го преполагаш само тој шо ти останал, па идеш на испит? И тој ми се поклопува со еден колоквиум анатомија 1, па ќе го жртвувам probably. Знам дека статистика е доста полесно од биохемија и тука некој кажуваше (мислам @Waverly Raven ) ама ете со паднат колоквиум ме занима отприлика како е, потешко е во испитна после да се постигне?
Статистика и ја така си напраив па еве ме со положена анатомија3 а падната статистика... катастрофа се јуни и август лом не напраија 200 души презапишуваме статистика така да полагај си во рок да не заебеш и ти бидејки малце не се нормални, инаку мислам дека ако паднеш или не отидеш на еден колоквиум биохемија во јануари можеш да го полагаш само пред испитот нема полагање 2 колоквиуми одеднаш бар немаше кај нас ама ете поарно биохемија остаено за у јануар отколку анатомија