Читав во вашата група отприлика за статистика и добив и ја таков впечаток дека се доста зезнати. Ако успеам да погодам различни термини со полагања, ќе пробам бар тој колоквиум да го средам од статистика чим така... Од катедрата за хемија сум многу задоволна, мислам дека се најдобра катедра, не ми личат ни проблематични нешто, но сепак не знам за биохемија какви се, може се лажам.
Статистика колоквиумите се прелесни, неколку типа задачи се и одма се учат но, јас кога полагав рекуларно(не знам сега како е со пандемијата), на крај се полага и завршен испит од теоријата(цела книга). Многу се специфични, како шо кажа @MeckaCia, особено Розалинда и Драган, како ќе им текне паѓаа/положуваа и пишеа оценки. За тоа како се полагаат колоквиумите во сесија не знам, бидејќи јас само завршниот испит го полагав тогаш.
Леле зар анатомија целосно ви се поклопува со биохемија. Срамота, наместо да направеле со физиологија, тоа не го слуша логично некој што не положил анатомија, ова ко намерно го направиле. И мене статистика ми е со анатомија, но биохемија не слушам бар. Сега си викам можда подобро шо паднав хемија, бар нема да се нервирам шо се во исти ден.
За жал се поклопува со биохемија 1 скроз... Да, подобро да биле колоквиуми анатомија 1 кога се полага физиологија 1 ама тоа е. Скоро сите што паднавме анатомија и што ве знам немате ни хемија положено, ја сум изрод со положена хемија и падната анатомија. У секое лошо има нешто добро иначе, џабе се нервираше за хемија гледаш.
Јас до сеа еве и хемија и двете биохемии до сеа сум немала ниеден проблем со нив коректни се и океј и мислам дека може да се научи и да се среди, статистика ете ке збориме понатаму бидејки и ја имам за полагање хахаха ако се колоквиумите регуларни со физичко присуство полагај бидејки се прелесни учиш од практикум и решаваш вежби, а онлајн ние што пполагавме сеа немавме решавање имаше прашања кои демек беа за колоквиум а јас искрено ни во практикум ни во книга не ги најдов така да што поскоро се ослободиш од ваквите катедри тоа подобро
Не ми е за учењето проблем, плус анатомија 1 веќе спремана ми е цела година така што ќе имам време и за другиве да ги учам, а и еве чим сите викате лесно било статистика, одлично. Туку на анатомија 1 усното некогаш трае со саати, па да не за тоа време пропуштам полагање статистика у таа смисла. Дали на пример би ми дозволиле во 8 да полагам анатомија да речеме, во 12-13ч статистика? Да е така ќе одам за мене не е проблем и 2 полагања во ден, ќе се трудам максимално, само да не се поклопат скроз термини и да не ми дозволат така да се преместам, па тогаш ќе мора да иде жртва едното, затоа си правам чисто некој првичен план шо да очекувам од предметиве и катедриве.
За тоа можеш да ја контактираш едната или другата катедра или да направиш замена со некој колега во зависност во кој термин ке бидеш сигурно ке бидат по помали групи можеш статистика да направиш замена во зависност од тоа во колку ке бидеш анатомија или обратно на катедрата анатомија да и пишеш да те испрашаат сабајле кај нас дозволуваа така посебно коа се поклопуваа за презапишувачите
Е, баш оваа информација ми требаше. Фала ти премногу, стварно цела година за се премногу ми помагаш и на мене и на сите во темава, златна си.
Генетика спрема ли некој? Прашањата шо се паѓале и ги пишаа во група личат многу чудни, пола не ги најдов ни во книга, ни во практикум. Некои се океј ама треба да имаш среќа да ти се паднат такви. И 1000 комбинации има, ретко се паѓале исти есејски. Таа катедра не објасни нешто премногу околу полагањава и што од кај да се учи, ужас.
од книга се повеќето прашања ама не се формулирани како што ги формулираат другите катедри едно насловче од книга па ти пиши до утре туку делови од некоја лекција или логички поврзување што се случи со таков ризик блла бла...најбитно е книгата да ја поминеш и да ја разбереш и после практикумите лесни се, јас презентациите мн мн не ги сакам
Јас вака правам: ги поминав презентациите, особено тие од првиот дел на проф. Петличковски ама некако се многу оскудни, па затоа ја поминав и книгата која лично и мене ми е доста измешана и личи ко да има ептен стари информации, ги разгледав и прашањата што ги пишуваа и вежбав цртање родословни стебла зошто многу ги барале, плус ги читам двата практикуми кои личат доста лесни и слични со книгата, особено вториот. Е, дали правам ко што треба и дали ќе положам, ќе видиме.
Презентациите некако многу ми беа оскудни, па ја научив книгата и двата практикуми. Книгата не е тешка за учење, интересна е. Е прашањата, што ни се паднаа во прв рок во септември, беа многу позезнати од тие што беа паднати во јуни, како што видов. Ептен некако чудни, двосмислени. Тие на заокружување беа лесни, ако ја имаш добро научено книгата, без проблем ќе ги решиш.
Здраво , сакам да прашам ако знае некој да ми одговори. Земам семејна пензија и треба да доставам до ПИОМ потврда за редовен студент , е сега некој и кажал на мајка ми дека цел септември е покриен и дека од октомври треба тоа. Но гледам некои уште од сега вадат потврди па си мислам да не треба уште од сега тоа да го мислам т.е да не ми направат проблем дека не сум веќе ученик/студент и да ми ја скинат пензијата... Некој информиран околу потврдиве?
Јас имам инфо дека некаде до средина на септември треба да се однесат нови потврди, и декс после тоа можно е да ти ја скинат ако не средиш на време, мада не знам дали е така навистина до толку кога уписите за семестар се крај на септември Сепак ако дојдеш до инфо пиши тука и мене ме засега
Анатомија на моја генерација и генерации после мене што знам дека презапишаа колеги даваа на презапишани друг термин за полагање колоквиуми добро памтам. Ова дури беше Лазарова шеф на катедра, доколку се организирате сега и побарате од проф.Живадиновиќ сигурно ќе ви одобри,ден два после Биохемија или пред зависи како ви се поклопува. Не вреди да се ризикува цел Биохемија во испитна зошто е обемен материјалот. Барем мое мислење е ова. Сега колку и како ќе се спогодите со колеги и со катедрата не знам но како опција според мене најизводлива. 100% тврдам дека даваа на презапишани друг датум за полагање, но пример еве ако ти одговара тој датум што е по распоред а си презапишан можеш и на тој сеедно.
Колеги од погорните години, јас сум сега втора година, ако може да ми кажете, кои изборни предмети се полесни? И дали има изборни од кои се добива оцена само преку семинарска, со оглед на тоа што за изборниот кој го зедов во прва година, бевме оценети само со семинарска?
Провери дали можеш да го пријавиш “Научниот труд да се напише и објави” од катедрата за имунологија го држат и како шо знам само со семинарска е. Јас во втора имав земено од анатомија, конгенитални аномалии на срцето мислам беше, ама него го предаваше проф. Тосовска, а таа си замина во пензија мислам и не знам дали друг го превзеде предметот, а само со семинарска беше исто.