http://medf.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2019/10/Конечен-целосен-Елаборат-ОМ-16.01.2018-2-FINAL.pdf Еве тука пишува сите посебно. Може колку сакаш се додека не ги искористиш сите кредити.
Вака, во семестар може да земеш најмногу два изборни. До крајот ма трета година мора 3 да имаш. Со сигурност знам дека Катедрата по хистологија ќе го одржува предметот Морфофункционални карактеристики на сперматозоидите бидејќи разговарав со асс.Ирена. Ми кажа дека списоци ќе правеле во сесија за сега доволно било да се пријави предметот во ајноу дпколку дозволува системот.
Не е морфо усно ниту семинарска..... Им носиш сперма и присуствуваш на работилница еднаш тоа е тоа, ама имаа објавено на фејсбук страната Лена мислам бидејки она е одговорна за овој предмет дека оваа година немало да се одржи сепак кај неа распрашајте се
A дали има и некои други изборни предмети кои немаат писмени/усмени испити? Или кои имаат полесни испити, полесен материјал за учење?
За изминатиов семестар Ирена имаше пишано на teams, да донесат пријави и дека ќе има работилница, а да соберат материјали за одредени две семинарски по избор имаа наведено наслови.
Па за жал овој семестар после 1 нема некои предмети... од генетика единствено да се распрашате, јас сега земав од проф.Трајков, во летен семестар има поинтересни и сега да не земете тогаш можете 2
Изгледа ниеден што го држи проф. Петличковски ама ние само и еволуциска може од таа катедра сега за сега да го слушаме. Да...
Има уште еден што пишува дека го држи Елена Шукарова, за синдроми.Ама штом ти рекле така сигурно нема да има. Сега кој друг да го најдам да го ставам
Да, може. Пробај кликни на табелата каде што треба да се предметите, и кај мене седи празна додека не кликнам.
Имаме ли колеги 5та-6та во темава? Знае ли некој точна бројка за изборните? Еден вика 5, друг 7. Еден вика нема врска дали биле или не (прет)клинички, друг вика треба 3 претклинички, 4 клинички. И тоа колеги од 6та разно инфо кажуваат, а никој во ништо од колегиве помали не е упатен и не пишува ништо никаде. П.С читате тоа за координаторкана? Какви луѓенца примаат на факсов, се чудиме зошто ни тоне здравството.