Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    111
    ајде информации за медицински факултет.
    сакам да продолжам медицина и имам преголема желба. некој поискусен што учи медицина ќе може да ме посоветува ? да ми даде подетални информации за предметите, дали е премногу тешко.... совет некој ??? ви благодарам :*
     
  2. Ruza.Ruzica

    Ruza.Ruzica Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    24
    Сакам да ве прашам бидејки имам слушнато дека на др факултети може(се поднесува молба).. дали на медицински може втората рата од партиципација за оние што се приватна квота да се подели на две односно едната да се плати сега во февруари а втората понатаму пр. мај... ? :^):)
     
  3. natasa1996

    natasa1996 Нов член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво.Сакам да прашам нешто за медицинскиот факултет во Тетово.Дали конкуренцијата е голема за запишување на тој факултет?Дали може само 1 семестар од првата година да се студира таму и потоа да се префрли во факултетот во Скопје?Дали на префрлувањето имаат значење оценките од средно или само факултет? 100% ли е загарантирано префрлувањето?
     
  4. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.563
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Да, може, имам прашувано на студентски. Можеш на два пати, 100е во jануари и 100е треба да напишеш молба кога ке ги уплатиш. Тоа е се.
     
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.644
    Допаѓања:
    13.958
    Пол:
    Женски
    Девојчиња со Медицински, Стоматолошки или Фармацевтски факултет (студенти или дипломирани), ќе има кастинг за промоции на медицинска козметика. Се работи петок, сабота и недела, околу 5-6 часа дневно, се плаќа по 150 денари од саат, пари на сметка се добиваат за еден месец.
    Пишете ми лп ако сте заинтересирани за работа.
     
  6. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.826
    Допаѓања:
    24.104
    Пол:
    Женски
    Каде може да се најде череп, без разлика нов или на старо.
     
  7. orchid28

    orchid28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Девојки знае некоја од вас институт за социјална медицина каде се наоѓа ?? :)
     
  8. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.223
    Пол:
    Женски
    Ццц колку рано ти одговарам ми нема рамен хахаха, сигурно веќе имаш и разбрано, ама за секој случај, тоа ти е онаа старана, сива, полупропадната, со решетки на прозoрците барака што се наоѓа прилепена зад Хипократ.
     
  9. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.223
    Пол:
    Женски
    За ова и/или за што било друго потребно, на факс распрашувај се меѓу другите студенти, или наједноставно, пиши си оглас на страната на медицински и остави и-мејл и/или телефон за контакт.:)
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  10. orchid28

    orchid28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Хахахаха да да ја најдов веќе, во секој случај фала ти :*
     
  11. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Убав атлас за ЦНС имате по цена од 150 денари во Просветно Дело
    побрзајте :)
     
  12. blueeyes7

    blueeyes7 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    10
    Здраво дечки да ве прашам дали некој е информиран за испиот после 2 година што е за општа медицина, како ке се одвива и дали ќе имаме прашања и дел од тие ќе ни се паднат? Или пак ќе треба сите предмети од прва и втора година да ги повторуваме? Ќе биде на англиски или македонски испитот? Писмено? На почеток на летото јуни, или на крајот во ангуст? Збунета сум ништо не ми е јасно, рано е па треба да се знае, ако некој нешто знае нека сподели, благодарам
     
    На valery15 и LGBT им се допаѓа ова.
  13. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    а бе колку години се студира за психијатрија и медицинска психологија? добра ли е професијава,или чабе фрлање време?
    *мислам има уште многу време јас да се запишам на факс,ама ме првилекува психологијата :)
     
  14. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Чекај малце :D
    Ако те привлекува психологијата, си имаш посебен факултет за тоа, не е на Медицинскиот.

    Ако си заинтересирана за Психологијата, оди на Филозофски Факултет- таму имаш Катедра за Психологија и е 4 години студирањето и после тоа имаш звање Дипломиран Психолог.

    Исто така можеш за завршиш Општа медицина 6 години со што добиваш звање - Дипломиран доктор и потоа да земеш специјализација- Клиничка психијатрија (4 години) или Медицинска Психологија (3 години).

    Можеш и друга опција, да студираш на Психологија на Филозофски како што кажав 4 години и да земеш специјализација на Медицински -Клиничка Психијатрија или Медицинска Психологија.

    За просперитетот не знам да ти кажам, еве и јас сум медицинар ама мене воопшто не ме привлекува ниту едното ниту другото иако ги учам и двете. Психологот е табу тема кај нас зашто не ги разграничуваат со психијатарот и ги сметаат за луди или пак народот да не помисли дека се луди- одбиваат да ги посетат психолозите кои се занимаваат со здравата личност и работат со сослушување разговор психотерапија и немаат право да препишуваат лекарства. Денес има опција и за приватни ординации, меѓутоа колку се просперитетни, прашај во темата за Катедрата за Психологија, па тие поубаво ќе ти објаснат. Лично мислам дека е многу убава гранка и психологијата и психијатријата од секогаш ме фасцинирало меѓутоа не ми е привлечно лично да го работам.
    Се надевам ти помогнав :D
     
    Последна измена: 4 јануари 2015
    На Aleksandarreal и Barca-Gril им се допаѓа ова.
  15. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Како не ми помогнаа,фала ти еј :* :*
    Да знам за психологијата на филозофски факултет ама видов нешто и на медицински да има..зошто едноставно кога може комплицирано-моја работа :D
    И за тоа што викаш,ја кога ќе кажам дека ме привлекува и психологијата и псхијатријата они сите онака некои фацки и па тоа вака тоа онака -_- ма да има време уште три цели години треба да преживеам па да одберам факултет :D
     
  16. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Ако више си се заинтересирала за психологијата, мислам дена нема потреба од општа медицина 6 години да учиш и дали ќе се завршат на време тие 6 години е знак прашалник, кога си има посебен факултет специјално за таа гранка.
    Ама полека, тоа сега те интересира, за 3 години многу работи можеби ќе ти се сменат и ќе се предомислиш уште сто пати, поготово во 4та. Учи си, не му ја мисли многу многу, постепено ќе си се пронајдеш во тоа што сакаш да го учиш и работиш понатаму. Има уште препреки пред тебе за тие 3 години дур дојдеш до факс. Помини ги нив, после тоа, полесно е. Ќе се запишеш :*
     
    На Barca-Gril му/ѝ се допаѓа ова.
  17. orchid28

    orchid28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Девојки има некоја од вас што има здравствено осигурување како студент?? Доколку има може некој да ми каже која е процедурата и што треба да направам, односно што документи да поднесам за да бидам осигурана како студент ? ;)
     
  18. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.223
    Пол:
    Женски
    Си пишуваш молба дека бараш деканатот да ти издаде потврда дека си редовен студент, ја носиш сосе индекс во архива за да ти стават печат, потоа ја носиш на шалтер на студентски прашања и таму ти даваат потврда. Потоа во зависност преку кого си осигурана (дали мајка ти или татко ти), ќе им ја дадеш дома потврдата а тие преку работа ќе ја однесат во социјално и таму ќе те осигураат.
     
  19. orchid28

    orchid28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    А тоа уплатница од 100 ден што ми рекоа кога прашав таму...исто во архива или ?
    И како да ја пополнам уплатницата....
     
  20. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.223
    Пол:
    Женски
    Не бе какви црни 100 денари кој ти кажал така нема врска. Само молба за издавање на потврда за редовен студент и тоа е тоа. Јас баш уште во септември вадев и не плаќав ништо.