Веројатно од неа ке учите,некои катедри немаат книга па ке ви пратат презентации и по нив ке се водите и ке учите од кјуби најбитните работи
Се согласувам со се што пиша @xnotyourbabex само ќе додадам да не слушаш муабети од типот на за два дена спремив анатомија, само учам немам време за ништо (за се има време со добра организација) и ред други вакви работи. Плус се што ќе се каже на предавање, вежби или полагање не земајте при срце. Со ова најмногу се сложувам, мала несериозност скапо чини.
Хахаха кој учи за 2 дена анатомија те молам кажи ми тој мора да е генијалец некој...оф леле што све нема да чујам на факултетов...
Имунологија делот од Кочо учете го од презентации, и секако од книга ако имате време. Делот од Трајков од книга.Барем за кај нас важеше ова. Инаку незнам како е сега, ама ако имате колок, гледајте да го положите на колок, и да ви остане практично само. Верувајте луѓе, катедрата е мн непредвидлива и ако имате целосен испит, ќе се измачите. Материјалот е мн обемен и апстрактен, си бара мн време и труд за да се совлади. Гледајте во 2ра да ја манете имунологијата, бидејќи во 3та со двете патологии ќе ви биде тешко искрено.
Јас кога полагав имунологија(август, втора година), полагав цел испит, така шо прво имавме тест, па доколку го положиш тестот одиш на завршен испит шо се состои од практичен и усен дел. Практичниот е од практикумот и анализата на случаи, а усниот е од кјуби т.е. теоријата. Во зимскиот семестар, со Анатомија 3, Физиологија 1, Биохемија 1 и др. јас искрено не изнајдов време и волја да го учам Имунологија и не полагав колоквиуми. Мене ми беше поважно да ги тргнам овие предмети кои влечат многу повеќе услови порано, отколку да го изгубам сето време со Имунологија и ништо друго да не положам. Се согласувам со @LadyR , доколку сте во можност одете на колоквиуми но, и да не стигнете не е крај на светот, сепак тоа е индивидуална одлука. Генерациски, помал бр студенти полагаат колоквиуми, повеќето одат на целосен испит, барем за мојата генерација така беше. Според мене, особено кога станува збор за имунологија, со сите тие предмети во текот на семестарот, и да учам за колоквиуми имунологија, за завршен испит повторно ќе ми треба мноогу време за повторување бидејќи Кјуби е доста обемна книга. И да, повторно се согласувам, да си го средите предметов пред Патологија(т.е. пред 3 година) бидејќи Патологија 1 и 2, Имунологија и тек-тук некои предмети се notorious за пропуштање на условот за 4 година.
Море со коронава и не се знае. За последниве две сесии дознав дека се полагал буквално цел материјал имуно наеднаш. И многу се жалат, многу имало паднати. Затоа викам дека ептен се непредвидлива катедра..
И јас сакам да прашам ако некој знае за Растројства и несоница од катедрата по Мед психологија дали ќе ни бараат да учиме или може да се помине со семинарска?
На образецот за упис на семестар се запишува ли и предметот што го презапишуваме и изборните предмети? Или презапишаниот се пишува во предмети што не сме ги положиле?
Генетика дали точно разбрав дека ќе е вака: еден тест од едниот колоквиум и еден од другиот колоквиум. Есејско едно од едниот практикум а деуго од другиот, и од сите овие работи треба да се извади по 60 проценти засебно за да се положи Фала ви
http://medf.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2020/09/За-упис-на-семестар.pdf Дали ова важи за бруцошите? На мене не ми дава предметите да ги внесам на ајноу уште , кликам на празното поле и ништо не се појавува.