Зависи како ти е полесно јас ги имав атласите на Sobotta и тие премногу ми помогнаа при визуелизација на материјалот. 3Д видеата се добри исто така, но мене ми одземаа концентрација и многу време губев со нив, така да се си зависи од тоа како и на кој начин учиш. Во однос на атласи тој би ти го препорачала јас. Има и други многу добри, пример Netter тој мислам и online го има. Thieme, Sinelnikov тие се постари. Има и еден од Стратеска и уште една проф. по анатомија тој е исклучиво за ЦНС и е постар не знам дали се продава. Во однос на полагања, бидејќи сум од постарите генерации не би можела да ти помогнам зошто читам тука од колешкиве дека начинот на полагање е комплетно сменет.
Дечки некој да сподели мислење за изборниот предмет право и јавно здравје? Има полагање или оценувањето е само преку семинарски?
Дечки бруцош сум, запишана на тригодишните и уште не ми е јасно како ке се одржуваат предавањата затоа што на распоредон на некој предмети пишува онлајн на некој ништо само предметот е пишан Ко изгубен германец сум.
Не ви е малце глупо ова за уписиве што треба 15-20души да собираме документи и еден да ги носи? Ако има кутија во деканат зошто не си ги носиме сам по сам, вака па треба да се групираме, да го најдеме тој што ќе ги собира, а и има уплатници од по 200 евра, недај боже нешто да ни се измеша при пренос во кутиите, не се малце пари тоа. А и не кажаа за групите како ќе ги формираат сега...?
Истото и јас го зборев... индекси се губат камоли уплатници и документи на 15 души, глупост жива за групите не е ни толку битно како сакаат нека направат битно нека направат веќе... по 5 души веројатно од веке постоечката група првите 5 ке бидат една другите друга така би требало
Се согласувам, глупо е! Пример мојата група воопшто не комуницира меѓусебно, четот заеднички последно активен во јули, пола ни seen не ставиле на последна порака, а сега никој не ни пиша нешто од тип на како ќе носиме документи за упис. Собирав вежби кога се праќаа на асистенти за моја група и искрено се измачив, буквално чекав до последен саат да пратат вежби и со 100 потсетници, а сега не знам дали би се нафатила да собирам пак за 15 луѓе се што е потребно за упис, ко што викаш станува збор за уплатници и големи суми, не е мала работа. Посигурно е сам секој да си носи... Ама ако мора така, што да се прави, како сите, така и ние.
Да глупо е.Глупо е и самото носење уплатници, мислам, кога ќе уплатиш во банка им стига на сметка, што мора и уплатниците да ги носиме и да се секирам и за нејзе.Плус, пак ќе мора сите да се наоѓаме да ги предадеме сите работи, а ако нешто се измеша едниот ќе биде крив.Уште сме во 20ти век со листови и пријави, интернет не постои и дигитализирана документација е шпанско село. Ама зошто да е едноставно кога може да е комплицирано и да си земаат пари од сите вакви ситници. Те цитирав само да се надоврзам , извини.
Премногу студенти сме, секако е можно се да се случи и да се затурат работи, не може никој да се обвини ни да е крив, а и кој ќе земе обврска да носи, треба да му се рече фала, зошто сепак е губење време и нервози, јас никогаш не би била координатор, им се восхитувам на времето шо го трошат за се околу факултет стварно. Наместо да малтретираме колеги да собираат вака најубаво ќе беше сами да си завршиме се. На другите факултети студенти сами си земаат оцени и потписи директ кај професори. Ама ајде стварно сме многу студенти, до некаде сфаќам ама ова со групирање 20 души од група е најнепотребно сега навистина. Тоа што немаме ништо електронски е друга болна точка...
Во право си. Кога ќе ми текне дека од нас како студенти се бара да се занимаваме и со хартии и административни глупости за кои треба да се задолжени оние што ги вработиле за тоа, ко да не ни е доволен стресот од испити, ми доаѓа тажничко и се потсетувам дека живееме во дупка. Уписот и се друго може да е скроз само преку iknow.
Во групата има 2 поста за есејските прашања генетика, од прошла сесија и од оваа у прв рок, па може да споредиш. По некое е исто, но некако сменети се, како позезнати да се паѓале оваа сесија... Ако не успееш да ги најдеш, пиши ми, ќе ти пратам линк.
Ви се отвара ли правилно линкот за да направите евалуација? Кај мене се е празно, ни асистенти, ни професори пишува, ни оцена да ставам. Не знам ни кај да пријавам.
Дечки дали ќе има проблем за упис за семестар ако после 2ри се однесат документи зашо хаос е зашо никој нема земено оценки потписи...?
Има ли некој што после испитниот рок за анатомија бил по потпис? Индексот ми беше заглавен по катедри , би ми правеле ли проблем ако побарам утре?
Нема да ти прават проблем, само влези и кажи и на секретарката дека ти треба потпис и одма ќе ти стави.и јас земав сега брзо.
Дали има некаде телефонски број од студентски прашања од медф Скопје? Или во ек на пандемија мора да се оди до таму за две реченици да кажат...