6150 денари за државна квота. Веројатно се работи за грешка, и кај мене пишува 6300 и нешто. На линкот што ни го пратија во генерациска пишува 6150, па јас толку уплатив.
Да ради кредитите е така со изборен плус се менува на пример, ја сега дека не слушам физио 1 и анат 3, ми стои 9800 и нешо ама си платив исто 12300 колку шо си пишуваше на линковите. @iridocyclitis
Јас помислив дека треба да се плати онолку колку што ти пишува на iknow, а не според конкурсот за упис. Пример и ти ако не слушаш физио и анатомија, мислам дека не требало да плаќаш колку што пишува на конкурсот, туку онолку колку што ти пишува на ајноу(помалку од сумата во конкурсот за упис) Или грешам, сите ли треба исто да уплатиме, односно 100/200 евра без разлика дали слушаме се или не?
Нема врска и прошли семестар 29 кредити имав зошто не земав изборен и ми стоеше таму 11.000 и нешо ама сепак платив 12300. Мора таа рата од 12300/6150, освен ако не слушаш ниеден нов предмет и си презапишувач на се што ќе слушаш во семестарот што го презапишуваш.
Не е според ајноу, уплаќаш толку колку ти е партиципација дали државна или приватна и плус си ги плаќаш предметите што ги презапишуваш зависно колку кредити се и дали е приватна или државна еден кредит во државна е 200 а приватна 400, изборните не се наплаќаат затоа не се водете по ајноу
Бруцоши на медф проверете си мејл , има стигатно како ќе се одвива наставата. Сепак нема да има прв академски час и ќе биде преку Teams.
дали под презапишуавње се смета и тоа ако не си фатил услов за биохемија во втора, па го слушаш во трета заедно со останатите предмети од трета?
Ако мислиш на тоа ако си паднала хемија не треба да ја презапишуваш, го презапишуваш во јануари и тогаш го плаќаш бидејки е од летен семестар
Во деканатот. До службата за студентски прашања. Влези во деканат и право ќе ја видиш, веднаш е наспроти влезот, од лева страна.
Дали може некој од 3та година или 4та да ми пише ми треба да се советувам со него нешто.Искрено ве замолувам
Здраво колешки, продавам книги од прва година и атлас скроз зачуван како нов е и книгите не се подвлечувани ептен се зачувани. Ако има некој заинтетрсиран пишете ми слободно.
Со оглед на тоа што неколку феминки ми пишуваа, еве овде ќе наведам кои книги се: Атлас на Нетер, нов, купен од академска книга, практикум по физиологија на клетка+одговорени прашања, лично од мене (10-ка извадив, проверени ви се), Структурни карактеристики на еукариотски клетки, Хистолошка градба и ембрионален разбој на органските системи, Анатомиај 1, Анатомија 2 и двете изданија, Биостатистика, Хистологија Градба на ткива, Општа ембриологија на човек, Биостатистика практикум со решени задачи (колоквиумите ги поминав со максимално поени, проверени се) Практикум Анатомија 2, ново издание, непополнет, Практикум за Хумана генетика, Практикум за медицинска хемија, Овие погоре ми се оригинали, не користам маркери, минимално се подвлечени само најбитните работи. Општа и органска хемија, Медицинска етика и деонтологија, Промоција на здравје и здравствено воспитание, Медицинска психологија, Коски на череп за Анатомија 1, 3 колоквиум, Вовед во медицина, Физиологија на гајтон и двете : Учебник по медицинска физиологија на Артур К. Гајтон и Џон Е. Хол сите 44 поглавја И уште некои купени прашања од копирница по сите можни предмети. Овие погоре се копирани, ама копирани сите и ги купуваа. Исто толку и тие се зачувани како и оригиналите. Слободно контактирајте ме. 8 000ден. со можност за договор.
Префрлање од било која друга држава во ск на медицински општа не е возможно сигурно нели? Ќе мора од почеток да почнат дури и се да им е положено од факсот од странство?
Веќе напоменав пред некое време,можеби не си прочитал,на голема жалост нашиов факултет во Скопје т.е вработените мислат дека сме позначајни изгледа и од Харвард и не примаат, не само од почеток да почнеш..туку мора на конкурс да се пријавиш.Не се признаваат испити од страна веќе 3,4 години, ни префрлување не е возможно во ниедна студиска година (одлука донесена од факултетот-потпишана во ректорат по барање на професорите од МФ Скопје,поради нивната "psihologija" дека со лесно на друго место ке си положи некој институтски предмети па полесно ке си прејде во скопје на клинички-не гледам поради што друго е донесена одлуката).И во живо ,отидов да прашам во деканат и на телефон..се распрашував за братучедка ми и ми рекоа и во лондон да учи медицина не може во Скопје да се префрли (и тоа само што не ми се развикаа)..само од почеток кој ке си почне прва година (и тоа не можеш да дојдеш со положени испити и да ти признаат него мора на конкурс како нов студент да се пијавиш за 1 година).Не можам искрено да го разберам тоа..насекаде по факултетите во Европа се овозможени префрлања само кај нас не.Затоа никој не им се запиша (ниту еден студент) да студира оваа година (барем така мислам,не видов листа на студенти примени на англиски јазик).Кој ке дојде кај нас (не знаат каде сме ни на мапа,немаше ни реклама никаде... дека ке има студии на англиски,на форумов дознав првпат),за 7000 евра ке си студираат во Бугарија или во некоја друга европска земја ,на англиски каде што факултетот сегде ке му се признае.
Се упиша ли некој прошла недела веќе? Да каже дали одма му средија у ајноу дека е упишан и со групите како е?
На која сметка треба да се уплатат нови запишани предмети од 5ти семестар ама не сите само некои. Знам дека е со собирање на кредитите и таа сума треба да се уплати али на која сметка не ми докажаа... треба на таа за семестар што е или за уверение препишување и т.н ?
Биостатистика и книгата и практикумот се од катедрата ги има во скриптарата на Деканат,а имуно практикумот јас го земав копија од фотокопирницата спроти рептил,исто ти треба и приказ на случаеви и тоа го има таму.Учебно помагало за имуно е Кјуби,презентациите од професорите.