Благодарам. Уште едно прашање, дали физио 1 и делот КВС ги има во копирница? А дали има учебник за имуно, освен Кјуби, и Кјуби каде би можела да го најдам? И приказот на случаи, има ли некое друго име, или како таков да го побарам во копирница?
Да, делот за КВС го има во копирница и истиот е од проф. Малевска чинам бидејќи и самата таа го предава тој материјал заедно со проф Манчевска која предава за циркулација. За имунологија освен Кјуби како книга катедрата нема друга препорачана литература на македонски, има една англиска книга "How the immunology system works" која ни користеше во разјаснување на некои нешта бидејќи е поедноставно напишана за разлика од Кјуби. Доколку сакаш пиши ми во лп ќе ти ја испратам книгата во пдф формат. Поздрав
Здраво дечки. Дали може некој да ми каже како се вади потврда за редовен студент и уверение за положени испити? Каква е процедурата и колку пари е се ова? На општа медицина сум by the way.
Немало префрлања на медицински? Денеска еве се откри едно девојче од УГД као се префрлило тука, фигурира како да е 2ра година и има индекс веднаш сличен со нашиот, одма после странските студенти како да е запишана така. Ако имаш врски сите врати ти се отворени. Сеедно за мене, но ја знам од средно и стварно нечесно вака што се запишала т.е префрлила од општа од Штип и што со нас ќе е сега 2ра година, а некои деца не успеваат да се запишат и префрлат само зашо немаат врски. Вечна Северџанија
Бидејќи нема уште резултати од хумана генетика, не знам дали сум положена/падната дали ќе ми прават проблем ако не го запишам предметов во образецот за упис на семестар како неположен во случај да сум падната?
Дали може со оценка и потпис само од условните да запишеш семестар или од сите положени мораш да имаш оценка?
Decki tie sto ste prva godina, dali vekje si zemavte knigi ili kje cekate na predavanjata da kazat profesorite?
На клиниката за хирургија, прв кат, десно има една врата пишува ЕКГ ќе одиш до крајот на ходникот, ќе свртиш десно, втората врата
И ја така мислев, ама нас ни проверуваа дали имаме.Така да најсигурно е да се има.Иако во таа групата на фсс имаа пишано дека нема потреба, но не знам...
За оцени никад не треба сите само условите секад така било а сеа и со ова колоната и деканатот е известен и за потписи така да нема да праат проблем
Ја не го запишав. Инаку онака си мислам зошто генетика секогаш има по 400-500 пријавени за полагање? Толку е тежок предметот (2 пат го полагам и вистина weird прашања има некако) или повеќето го оставаат зошто важи 6 сесии и не е услов до 4та? А, околу потписи вчера ни проверуваа на мене и колешка дали ги имаме сите... Не се верува многу на објавине на фсс, среќа шо ги имав сите потписи, прочитав у коментар некој се бунеше баш, излеа го вратиле ради потписи...
Не е тежок туку секогаш е на крај испитна и коа ке полагаш 6 предмети тешки некак она крај не ти се учи и цело време се остава за наредна сесија бидејки трае 6 сесии инаку на нас не ни правеа проблеми, одредени предмети немавме потписи ама катеедрите пренесоа на деканат и запишавме без потписи така да зависи дали катедрите ги известиле во деканат
Има ли некој што нема фатено ниеден услов да ми прати како го имате пополнето образецот за запишување семестар?
Колешке, нема врска, ќе си напишеш само дека запишуваш еден предмет за слушање, во твојот случај статистика и некој изборен ако си земала случајно. И во неположени запиши ги условите, а не на предната страна.