Вие што услов предмет од прв семестар слушате пак ви пишале во индексот I-III семестар или само кај мене е така?
И кај мене исто ми додале и I семестар, јас сама имав пишано III. Абе мултитаскинг, 2 семестри у еден слушаме.
Еден човек ни ги даде, не можеш сам да ги земеш и денес огромни гужви имаше, се изначекавме да ни дадат индекс.
Тоа е дека слушаш предмети од прв и трет семестар, догодина пример ако ги положиш условите од прв за трет и плус уште некој предмет од 5ти семестар ако слушаш ќе ти пишува III-V пример слушаш Анатомија 3, Физио1 и Нуклеарна еве да речеме. И на крај бидејќи бараат услов со се претходно положено и ислушано за 4та ќе ти пишува само V семестар. Тоа е уствари новоста по ЕКТС дека нема класичен квадрат туку на студентот му се овозможува ангажираност во сите семестри така мислам нешто беше. Мислам дека сфати што сакам да ти кажам.
Каде што е главниот влез на клинички не вртиш туку продолжуваш нагоре накај Водно, всушност таму каде што се постојките за автобусите што минуваат, одиш нагоре, ги минуваш и двете постојки, продолжуваш уште малку и има една зелена голема врата, таму е судска.
Дали има некој проблем со iknow? Јас бев во вторникот за упис,и статус невалиден ми стои,а за документи стикла,што ли е ова?Каде да се обратам,или знаете нешто да ме посоветувате
Да да зошто еве ако Биофизика имаш положено,догодина ќе ги слушаш Радиологија и Нуклеарна и ќе ти пишува III-V. И потоа бидејќи од 7ми семестар ради условот нема да можеш да запишеш ништо ќе ти пишува само V и ќе слушаш предмети од петти семестар(трета година) за кои прв пат имаш остварено услов.
Како да аплицирам за конкурсот за стипендија кога ќе искочи кога англиски веќе цела година оценки ни нема внесено во индекс? Каде треба ова да се каже ова се со цел да се направи нешто во врска со ситуацијава ?
Не треба во индекс оценка за ниедна стипендија, уверението за положени испити се вади според оценките од iknow.
Еве ме мене пак досаѓам , сакам да прашам дека очигледно ние лаборантите МИФ , Хистологија си учиме исто со тие од општа (ист материјал , исти учебници) дали има прашања по копирнициве по МИФ / Хисто колку да се види концептот на тестот , какви прашања се поставени и слично.. И дали се паѓа некое од тие (или барем слично на тие) или ништо. Сакам чисто онака да земам да видам како ќе биде бидејќи некако ми се гледа ова ептен доста материјал. Ако знае некој ве молам за совет / одговор дали вреди пари да давам за ова
Мислам дека за МиФ имаше, особено за делот од физио сум сигурна. Ама есејски се тие, така да, секако цела книга треба да ја поминеш.