Во однос на стипендиите,може ли да ми кажете кои се условите?Дали треба сите предмети да се положени,бидејќи некои викаат со 80% од положени предмети може,а не знам дали тоа важи и кај нас
За изборните што ги избравме, кога ќе не контактираат професорите или нешто тимови да направат? Или тоа понатака е, накај ноември/декември?
Што е работата на координаторот , знам дека нешто носи индекси за потпис ама не сум сигурен баш за целокупните обврски. Треба да избереме координатор ама не сме баш информирани за ова Може ли некој/а во кратки црти да објасни што се работи координаторот, во 1 група има по 1 координатор (пр 60 души у генерација редовни , на 30 по 1 координатор или 1 за сите 60) , дали он превзема вина , дали има некакви бенефиции од страна на медф за координаторите и слично.
Ако се нафаќа некој за бенефиции, нека направи услуга на сите и нека не се нафати. Тоа ти е нешто како претседател во средно. И е за цела генерација, не е поделен. Имаше на почеток нешо еден за А група, друг за Б кај нас, но брзо се измени тоа не знам како шо искрено и секој координатор беше за цела генерација. Нема зошто да преземе вина, но да имало ситуации кога се лути на професори нешто, па колегиве не знаејќи кој да обвинат одма по координаторите. Пример еве да се собираат генерациски потписи/оцени, координаторот ги носи и собира индексите за сите, они менуваат нешто ако сме генерациски сложни да се смени, они контактираат со професори преку меил или у живо, претежно информациите се пренесуваат преку нив. Захтевно е, треба време да се издвои за тоа и посветеност и што е најбитно да не работиш за своја корист и себично и да чекаш бенефиции. Ако си бил претседател во средно, горе доле знаеш како е, секако е обврска. Тука уште и поголема обврска е од у средно. А, дечки може ли презапишан да биде координатор или мора да е од тековната генерација редовен студент?
За бенефиции претпоставував , но кај нас не може да се најде никој што сака да биде координатор па затоа прашав. Јас не можам да сум од причина што не сум таков тип , не сакам расправии со професори и немам влакна на јазикот па така може да се случи ради мене да биде хаос во цела генерација. Ако никој не сака да биде координатор што ќе се деси тогаш ?
https://drive.google.com/file/d/1x-uDG6uqPmzuUVH8YZXDmoWnBGMg0-kN/view?usp=drivesdk Може ли некој да ми каже дали може да се учи физиологија од оваа книга?
За потврда за запишан семестар се уплаќа 100ден. како за потврда за редовен студент или директно ќе ми дадат без молба и тие глупости?
Ова е гајтон, може да се учи ама нема да имаш време да учиш од оваа поголема е со повеќе детали башка прашањата што катедрата ги праи за тестот се од нивната книга, оваа од гајтон е поише ако сакаш да научиш нешто повеќе, подетално и да сфатиш искрено бидејки книгата напишана од катедрата е катастрофа
За тие делови што ги нема. Бидејќи пишуваше дека бараат гајтон од 2014, а оваа е 2011 год. Фала, во секој случај
Зошто оваа година ништо не не информираа? Ни дали ќе има колоквиуми, ни дали цел испит ќе се полага, ни дали ќе е онлајн, дали усно или писмено, ни кој материјал е за колоквиум, кој за испит. Па и она имунологија презентациите прекратки, материјал конкретен нема. Треба координаторите да прашаат и да не информираат бар околу полагањава имунологија и статистика, зашто нас не не рецка никој, а колоквиуми не пишува дека ќе има. @Larson е ова треба да го прават координатори... Каков хаос. На крај само ние оштетени ќе сме.
Колоквиуми ќе се полагаат согласно распоредот од Деканат со физичко присуство тоа беше кажано уште одамна.Имунологија предавањата како што памтам беа декември и јануари,што значи треба да учиш откако ќе знаеш што е предадено и од каде,а не вака пред време да зборуваш.
Имунологија почнаа предавањата, само месецов се. Сменето е сега и нема никаков колоквиум имунологија и статистика во распоредот, тоа е проблемот.
Кажа проф на предавање, не знам колку си присуствувала, презентации за водич да ни се, Кјуби е книгата, за колоквиумите и тие не знаат, кажаа дека им е тргнат од распоредот. Статистика почнуваме во ноември.