Имунологија ќе се оди дирекно на испит, доколку нема нели некоја дополнителна промена, книга немаат освен еден практикум односно си ја купуваш книгата од Кјуби англиска или преведена по твој избор.
Мислам дека може, до 3та меѓу 4та година. После тоа мора тековно. Не ме држи за збор подобро распрашај се кај постарите колеги
Треба да купам Атлас на човечката анатомија од Френк Нетер, доколку некој има а не му е потребен пишете ве молам.
Јас однесов документи уште на крајот на септември, но немам на iknow штикла кај документите. Дали сеуште не ги прегледале или?
Дали некој овие денови има вадено уверение за положени предмети и потврда за редовен студент и УППИ,дали ги даваат истиот ден или за заверка на УППИ мора да се чека?
За УППИ обично се чека неколку дена, ама ретко може и во еден ден да се заврши работа. Потврда даваат одма.
Има ли некој меил од копирница? Имам слушнато дека испраќаат книги по карго. Некој да сподели искуство??
Емајл е dinamiktrejd@live.com. Јас прашував дали праќаат по карго пред неколку месеци ама кажаа не праќаат.
Пиши само Netter atlas of human anatomy pdf и одма ќе ти искочат повеќе линкови , било кој од првите линкови ќе ти бидат од корист обичен download е
Дали ако нешто не е ставено / предадено на презентација од страна на проф. а го има во скриптата треба да се учи. Пр. Хистологија гледам професоркиве скокале делови од книгата хистологија - градба на ткива а сега кога седнав да учам гледам дека многу работи се скокани па ме интересира дали да се задржувам на предаваното или?
Биохемијава презентацииве дупло поголеми со поважни информации, одошто поглавјево на Харпер за амино и пептиди од каде треба да се учи за колоквиумиве?