На саемот за книга пред 2 години бев со намера да го купам македонското издание на Робинс кое е издадено од Арс Ламина во склоп на проектот 1000 книги. Зборував лично со издавачот и ми кажа дека, веднаш по издавањето се продале скоро сите примероци, а по некое време и сите шо преостанале, така да мислам на ново не може да се најде македонската верзија, освен некој ако продава веќе купен примерок. Пред некој ден ја видов англиската верзија од Робинс во Академска книга но, не сум сигурен дали е целосната или скратена верзија, најубаво да се информираш лично.
Дали знаете до кога може да се земаат оценки генетика? Од септемврискава сесија. И дали има некакви проблеми ако по некој предмет не се земе оценка во одреден период...на пример англиски од јануари немаме
Дали некој знае дали е дозволено оваа година да се префрла од Штип во Скопје. Зошто неколку колешки се префрлија пред неколку дена но не ми кажаа како.. Ако некој знае нека сподели. Фала ви.
И ја мислев дека не е, но деновиве на факс сретнав 4-5 девојчиња шо ги знам наша генерација и шо беа лани општа во Штип, префрлени се и ми рекоа 2ра си биле, им признале положени анатомии и се итн... Изгледа дозволено е од годинава.
Да но никаде не е објавено ниту истакнато. Или се јаки врски али не е можно толку многу да се со врски. Или стварно е дозволено. Не знам
Ова за префрлени дека го има го напишав уште пред некој ден ама не ме рецнавте мене. Срам е ова и погазување за нас што се мачевме усно да полагаме и за 1 предмет изгубивме година. Не сакам да потценам други студенти ако не биле од тука, но не е малку нефер јас да изгубам година ради неположен предмет на факсов полаган усно, а они да им го важат и да се втора иако полагале по друга книга, онлајн и немаат ни леш туку кукли. Не сум дрска и не ги потценувам, но различна програма имаме, они слушаат пола наши предмети од прва во втора/трета, некои не ги ни слушаат. Кај нив нема предмет МИФ, туку со некој сосем друг глуп назив е, а тој МИФ кој кај нас е услов за све и свашта и многу колеги не го положија ради технички проблем и паднаа година, дур овие си слушаат физиологии, анатомија 3ка. Нека им биде. Толку сум разочарана од нашава држава што само да завршам и се губам од тука. Не прави ништо да останеме, само не разочарува. Само колегите од средно медицина знаат за овие случаи, пред другиве ќе си ќутат и трепкаат и ќе си глумат дека си се редовни тука запишани од лани, Штип нема ни да го спомнат.
Не се разочарувај тие што се префрлиле оваа година ако немаат знаење ќе си паѓаат година и се ќе излезе на видело. Не е срам да се префрли ако студентот е вреден и има квалитети, срамота е положен предмет за кој се нема ни основно знаење. Тие што се корумпирани нека си се срамат сами од себе.
Не сум од средно медицина, а ги знам. Мало е Скопје, знаат и другиве, се знаеме генерациски. Абе како да ти кажам, по 1 година студирање на друго место и тоа што викаш сосема друга програма, ти да решиш да се префрлиш тука значи дека имаш смелост добиена од јак грб зад себе нели. Шта је ту је, ние немаме јак грб, затоа глеј за 6години од сеа тоа ливче диплома да си го земеме, нека праат шо сакаат, ништо нема да смениме, џабе ќе се нервираме. Нека си ги водат втора, нека прават што сакаат, батали, ние сме паднатите, треба да глеаме анатомииве да си ги средиме, да не се демотивираме додатно со овие ситуации што се. Сите сме разочарани верувај. Што видовме оваа 1 година тука, цело средно не сме виделе. Безредие. Гледам да игнорирам последно време се околу мене, зошто искрено само ме депримираа сите овие приказни наоколу како некој така прошол испит, како преку ноќ се префрлија и услови фатија, како ова она. Нека си проаѓаат, ние ќе си се мачиме сами, бар еден ден ќе речеме со наш личен труд било се... Иако те сфаќам и знам како се осеќаш.
Средени им се нив цели студии однапред, нема зима за нив. Така е драги колешки. Само малку е болно што сите се знаеме, а молчиме пред сите овие неправди. Што не прават слепи при очи и глупи при памет.
Што има врска ако е со друг наслов, ако истото се учи.А кај нас 3 сесии имаше технички проблеми? Едит: сега видов дека на угд само хисто2 е недостаток, односно се слуша тек во 2 година.Другите предмети се исти.Добро, и прва помош и етика што не ги рачунам. Инаку, ако тие што се префрлиле не учат, ќе се види тоа.Ама имаше доста и солидни од средно а одбиени за 1 поен што се запишаа во Штип и ги разбирам зошто се префрлиле сега...
Зошто при секој обид ми пишува невалиден дека ми е за да се пријавам на ајноу? Колку пати сменив лозинка ни сама не знам. Ништо не работи како што треба, како се нервирам. Како да го фиксирам проблемов, му се десило некому вакво нешто?
Од друг смер сум јас, не бев сестра. Ако сум положила лично МИФ во јануари, никогаш нема да осудам наша колешка што паднала 3 сесии. Секој си има свои причини и ситуации зошто паднал, не ти е малце срам вака да збориш? Нема зошто нив да им е срам 3 сесии ако паднале МИФ, нека им е на тие што со пари и врски влегуваат на секоја врата и од други факултети тајно се пикаат.
Јас ова го решив со сменета лозинка, но можно е системот да им е нешто паднат. Со денови ти е вака или денес само?