Еднаш кога ќе се најавиш сочувај лозинка и не ја пишувај при секое најавување, може ќе си стои, пробај.
Здраво на сите! Дали познавате некој што продава/изнајмува коски за анатомија? Било каква информација би била добредојдена, фала ви од напред :')
Иначе околу групите, координаторите од 3та рекле дека веќе почнале групи да се внесуваат во iknow. Полека проверувајте си, сигурно до петок ќе ни внесат на сите.
Ние имавме проблем со клиничко предметот требаше да сме поделени за да знаеме кој дел да слушаме затоа ургиравме до деканат да не поделат вас сигурно покасно ке ве поделат, до крај на недела би требало бидејки од наредна почнуваат вежби
Со денови ми е. Сто пати менувам лозинка, дури и ја зачувувам, па ај да не биде зачуваната и на ново ја пишувам, ништо.
Се надевам до петок ќе ни средат на сите, после продолжен викенд ко шо иде, не верувам да работат... Е, чим е со денови, може треба во служба да пријавиш проблем дека имаш...
Сега ги листав презентациите детално биохемија и гледам проф. Лабудовиќ пишала да учиме од Харпер т.е пишала дека од таа литература и е презентацијата... Јас ја имам книгата на Џекова, оваа Харпер ни знам кај да ја најдам, ни па иам време од 2 книги да учам... Прашањето ми е дали може да се учи од Џекова и од презентации биохемија? Или од Харпер се прашањата на колоквиуми и не се положува без да ја имаме книгата од Харпер?
Не мора да ја имаш харпер само тие делови што се пишани дека се од таа книга, мислам протеини требаше од таму за некои делови ви праќаат они материјал а некои се од џекова , на нас за екстраклеточен и за цитоскелетни ни пратија материјал
Да прашам со искуство хистологија катедрата дали прави тешки и двосмислени тестови. Почнав да ги учам ткивава и гледам дека има многу basic информации напр кое ткиво каква функција има и каде го има ама има и делови шо се mind blow , па ме интересира дали тестовите се "лесни" во смисла на да е опфатено само главното или има секакви небитни работи и ситници. Ја сум стварно изгубен и овие од факултетов за нас лаборантите цела хистологија буквално и општиот дел (градба на ткива) и специјалниот (органски системи) каде што се вкупно доаѓа 450+ страни ја ставиле на само 1 писмен тест што е премногу а имаме и Медицинска хемија , Имунологија , МИФ , Статистика , Анатомија , Молекуларна биологија што квантитативно е премногу материјал и изживување , башка книгиве се сите од тие од општа со исклучок на Анатомија и Статистика. Во моментов преговараме да ни го поделат материјалот бар хистологија со катедрата ама господ знае што ќе биде. Не знам изглеа за Ајнштајн не сметаат.
Катедрата хисто правеше ептен детални тестови, баш онака да имаш учено и сфатено за да решиш. Ме потсети на лански трауми, 3 дена славев кога целосно завршив со нивни предмети.
Имунологија и хемија имате исти книги како општа? @Larson Инаку на нас ни даваа детални тестови хистологија, не знам, можеби ќе променат кај вас нешто.Иако сакаш да кажеш дека општиот дел хисто за ткива и другиот дел за органски системи ви е ставен цел во овој семестар и е ист со нашиот?
Нема врска, нема да паднете, ми беше страв и мене од нив пошо викаа едвај 6ка се зима и дека е тешко али со високи поени ги пројдов писмените колоквиуми, ако знаеш за оцени исто доста добри се зима кај нив. Ембрио го пројдов у колоквиумска, ткива во јануари знам го преполагав и положив со доста високи поени и бев ептен изненадена зашо многу лошо збореа за нив постари колеги. Многу бараа ама ако знаеш, баш беа дарежливи со оцени шо според мене е фер. Тоа делот со системи беше усно завршен испит мислам, вас како ви е, нешо слично вака? Само беше строго кај нив и на вежби и на се, затоа малце реков трауматични ми се. Едит: прочитав дека сте имале се писмено. На факс ќе полагате? Ако сакаш пиши ми лп.
Ние немаме Ембриологија а имаме само 1 колоквиум на кој што полагаме ткива и органски системи (2те книги) едино ако го поделат ткива да полагаме сега а органски системи понатаму иначе се на 1 испит и затоа ме плаши.
Да баш така , Имунологија е Кјуби , Хемија се книгите од Топузовска и др автори т.е органска хемија / општа хемија и плус ја пишува Биохемија како додатна литература .
Аха значи вас и материјалот од хисто 2ка шо ни е, ви е во едно. Само ембриологија делот вие го немате. Стварно е многу... И ова се у испитна го планираат да се полага?