Да најверојатно , а у испитна има и Имунологија со 2 колоквиума и завршен усен , Молекуларна исто завршен усен , Статистика исто , Хемија исто 2 колокв и завршен усен , едино Анатомија што е све писмено и нема усно.
Оф, тешка програма, а и лошо е што сте прва ген лаборанти, немало некој пред вас да се информирате за искуства... Прашувајте ги професорите, замарајте, немате друга опција некако да си олесните.. Туку имуно ви кажаа зар точно као ќе се полага? Кај нас нема инфо за тоа. Проф. Кочо ви предава?
Како одговорен стои на катедрата он , ама се уште сме немале предавања со Имунологија па најверојатно е тој. Примерно кај Молекуларна биологија (го води катедра по генетика) го пишува Проф. Петличковски а покрај он ни предава и Шукарова.
Многу е, ама не е нешто што не може да се научи, не е ни досадно. Гледај си препарати на histology guide и на biolucida, и ќе ти биде полесно. Вршете притисок да ви дадат бар уште еден колоквиум, ама и да не прифатат, не е крај на светот според мене. Предметот не е претежок, се учи, само почни си од сега, да не ти заостане материјалот.
Сега ја гледав програмата, па стварно е пренатрупана, ставиле анатомија, хисто, миф, хемија, имуно, молекуларна се во еден семестар, колку и да се одбрани поглавја (ако воопшто се) пак е премногу. После во втор се само полесни ставени. Нека си ја средат програмава, некој баланс да има. Вие за жал прва год ќе сте експериментот.
На teams уште одамна у фајлс ви ги прикачи професорката, ми стигна на меил известување знам иако не ни полагав видов дека шернала нешо.
Некој да не има земено промоција на здравје оценка сам? Или треба да чекаме сите заедно кога ќе пишат?
Откако запишавме семестар, кај мене во колоната "предмети" ги пишува предметите од новиот семестар, а во колоната "Пријави" уште ми стојат сите предмети што ги полагав во септемвриска( меѓу кои има и нешто што не го положив) Дали е вака и кај вас, и дали по некое време неположените ќе ми се префрлат во клоната со новите предмети од овој семестар или да реагирам?
Дечки, како оди полагањето на усниот дел од колоквиумот по Анатомија 1? Проф ти дава коска и кажуваш за сите коскени елементи, мускулни припои зглобови?
Зависи од професорот. Мене не ме прашуваше многу за припои, освен некои поважни, не ме прашуваше многу блиц прашања, повеќе да раскажувам што знам, ама зависи од проф до проф.
Ти дава коска кажуваш за елементите на неа, може и директно да те посочи за што конкретно да зборуваш, може на коската да праша за припој на мускул. Потоа преминува на зглоб, може да е зглоб поврзан со истата коска, може и сосема трет, површина, лигаменти и функција. За мускули ќе влечиш и ќе ти се погодат група на мускули, пример мускули на надлактица и зборуваш за нив, со припои нас не не замараа многу и тие ги полагавме претходно писмено, ама функција и инервација бараа. Па доаѓаат крвни садови, влечиш исто па зборуваш. Исто и за нерви. Кај поголем дел од професорите се влечи. Нас за мускули и зглобови не не замараа, како што кажав го полагавме прво материјалот писмено, па потоа усно. Таму им доаѓаше до израз ова знаење, затоа што пишувавме. Вие го немате тој дел. Може да раскажуваш сам, може да добиваш блиц прашања, зависи од проф.
Во ајноу ми ја впишаа веднаш по неколку часа, а индексот не сум била да го земам. Претпоставувам дека веднаш се го завршиле.