Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    5.389
    Пол:
    Женски
    Јас, полагав во прв рок, уште не го имам земено..
     
  2. Yellow456

    Yellow456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае дали има уште примероци од Гајтон во библиотеката и дали е отворена?
     
  3. Belllaa1

    Belllaa1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2020
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    24
    dali dozna od kade treba da se uci ??
     
  4. Tweety1222

    Tweety1222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Анатомија 3 дали има практикум?
     
  5. kajl

    kajl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2015
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    da
     
  6. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    1.764
    Пол:
    Женски
    На iknow ви ги пишува новите групи.:l:
     
    На MV18 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  7. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.021
    Пол:
    Машки
    Поениве што се од активност / присуство на предавања , особено сега кога сме онлајн дали воопшто ги даваат?

    И како се освојуваат тие поени од активност , гледам има минимум 18 макс 30 поени по хистологија само за активност на практична настава. Они ќе не прашуваат или сами треба да се јавуваме за да ги добиеме тие поени , воопшто водат ли евиденција кој слуша на Teams , кој бил активен и слично?
     
  8. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    1.764
    Пол:
    Женски
    Прошлиов семестар бидејќи беше онлајн сите добивме потписи и максимум поени од вежби и предавања.
    Додека одевме на факултет катедрата по хистологија беше најстрога во однос на поените од вежби, бараја максимална активност на вежбите (сам да се јавиш да одговориш, да запишуваш тоа што зборат) за да добиеш максимум поени, а за присутност ставаја по пола поен, дури по хисто2 ставаја и по 0 на првите вежби
     
  9. YaBoi30

    YaBoi30 Нов член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Здраво, бруцош сум на медицинскиот факултет во Скопје, општа медицина, па сакам да прашам, да ми кажите ваши искуства од полагања по МИФ и Анатомија 1 за прв колоквиум, дали е полабаво или напротив, професорите се построги?
     
    На busybee му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Uniqo3

    Uniqo3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Јас сум малку од постарите генерации, но еве мое лично искуство да ти споделам. МиФ и двата дела кога јас студирав се положуваа со прашања. Тој делот од Хисто е за градба на клетка и сите нејзини делови, делба на клетка, апоптоза, некроза такви работи, интересен е за учење, но малку време е според мене за да се посветиш на него. Читај и од книгата, но побарај и прашања од лани, полани што се имаат паднато. Другиот дел што е од Физио катедрата учевме од презентации, после некоја година извадија и книга мислам, но и тој лесно се поминуваше. Иако е услов предмет не е многу страшен само овие два колоквиуми се и писмено се полагаат. Анатомија колоквиумите се уствари тоа што ви го објаснуваат на вежби што гледате на коските. Првиот колоквиум е рака мислам, прашуваа најопшти делови да покажеш на коската, зглобови и зглобни површини, да знаеш најпрвин да ја поставиш во анатомска положба и да определиш дали е лева/ десна, за ова обрни внимание на вежби некои професори ако им го утнеш ова од сам почеток можат да те паднат. За мускули може да те прашаат припои за некој поважен иако и припоите за рака и нога лесно се учат бидејќи голем дел од мускулите се со заеднички припој. Но ова послабо прашуваат. Ангиологија и Неврологија нас ни се водеа како интегративен завршен испит, а сега читајќи во темата мислам и тоа е дел од колоквиум, така да тука некој од помладите колеги може да ти помогне. Во однос на тоа како испрашуваат дали е полабаво или не не би знаела што да ти кажам. Се си зависи од тоа прво колку имаш научено, а секако и од професорот. Сите од таа катедра имаат различни "захтеви" што би рекле. Кај некои што сум полагала ќе ти наведам искуство и мое скромно мислење, како на пример Јулија Живадиновиќ прекоректна и предобра професорка, која се фокусира само на најбитните работи и доколку ги знаеш секако положуваш, што побрзо одговориш толку побрзо и ќе завршиш со полагање бидејќи не замара со ситници. Е сега баш поради тоа ако не ги знаеш и главните работи не знам дали би те положила, но во секој случај со минимални општи познавања ќе положиш.
    Ники Матвеева кај неа го имам полагано овој прв колоквиум и имам преубаво искуство. Најпрвин како што споменав горе, си влечевме сами некоја коска од горен екстремитет, почнуваш да ги кажуваш деловите,страните, рабовите на коската баш како што имаш учено, не те прекинува воопшто. Потоа потпрашува нешто ако не си кажал, но во глобала е прекоректна.
    Марија Папазова ако се уште предава исто како и проф.Јулија ги бара само основните работи и е преопуштено кај неа на полагање. Памтам дека на завршен Анатомија 1 ни пушти и музика додека одговаравме.
    Асс. Зафирова и Чадиковска веќе се професорки сигурно, се едни од построгите и се доста принципиелни. Тоа што си го намислиле дека мора да те прашаат мора да го знаеш за да те положат. Имам полагано и кај двете кај едната колоквиуми 2ка, а кај Чадиковска глава полагав. Поминав супер и кај двете, но за разлика од претходно споменатите професорки, овие малку повеќе се задржуваат на ситници и полагањата им се малку подолги од што треба :D:D. За кај нив треба малку подобро спремање на материјалот и бараат многу голема самодоверба да имаш.
    Проф.Наќева е малце почудна според мене. Знае да прашува што ќе и падне на памет, но коректна е и имаше случаеви на полагање што немаа поим, а ги положуваше туку така. За Стратеска и Лазарова не ти правам спојлери, само знај дека имаш 2 проблеми помалку на таа катедра, за разлика од нас постарите хаха. Се надевам дека во ова рефератче ти доловив малку од малку на што треба да бидеш спремен. Wish you good luck.
     
    На Glossy-girl, vilasamovila, Waverly Raven и 3 други им се допаѓа ова.
  11. YaBoi30

    YaBoi30 Нов член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Ти благодарам за одвоеното време и одговорот. :D Ме интересираше, бидејќи сепак, прв пат ќе ми биди, не знам како е дури не осетам на своја кожа, па затоа сакав да дознаам искуства од постарите. Фала ти уште еднаш:D
     
    На Uniqo3 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.948
    Допаѓања:
    6.808
    Пол:
    Женски
    Миф учи со разбирање, како што ти кажа и колешката погоре разгледај и прашања обавезно.

    Анатомија зависи кај кој проф, секој е различен и зависи што ќе бара.
    На ангиологија и неврологија најмногу внимание обрни, коски, зглобови и мускули нас лани на усно нешто премногу не не замараа, особено за зглобови и мускули беа лабави. Ама го имамвме елиминаторниот тест па таму требаше да пишуваме за нив и затоа полабави беа, но за коски, ангилогија и неврологија беше само на заокружување блиц прашања, ама затоа на усно требаше да знаеш.
    Во секој случај ќе ви бараат сигурно повеќе затоа што сте сите директно на усно. Дека ви е прв колоквиум и дека се лабави, никој не е таков.
     
    На Glossy-girl, Waverly Raven, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.856
    Допаѓања:
    41.156
    Пол:
    Женски
    МиФ полагавме посебно за морфологија на клетка а посебно за физиологија на клетка.Интересен предмет е, не е тежок, опфатена е основата на клетките, како функционираат, како се градени, што се знаења што ќе ти помогнат и во други предмети, на пример физиологија 1.
    Инаку не се тешки тестовите, опфатено е тоа од книгата и не бараат нешто посебно.

    Анатомија е друга песна, имаш прилично многу за учење а професорите построго оценуваат.Три колоквиуми имавме и завршен испит што е практичен(да покажеш и објасниш на леш).Кажаа и горе, сите се посебни, првиот за рака и сѐ што опфаќа, вториот за нога, а третиот за коски на глава и рбет.
    Уствари најтешкиот дел не е материјалот, туку фактот што не си навикнат на ваков тип на учење од средно, како што бара анатомија(памтење многу информации), значи најбитно е да се пронајде ефективен начин за изучување на материјалот и одма се приметува подобрување.
    Според мене најсрцка за испрашување што може да се падне е Јурковиќ, а најстрог доцент Аце Додевски.
    Ама не се плаши пред време, само фати го редот(тоа значи уште сега ако не си почнал :D) со учење и верувај дека ќе положиш.Паѓање во несвест дека - анатомија е леле - нема да ти помогне, не слушај паничари и учи си.

    Друго битно, сѐ што учиш учи со логика и разбирање, зашто инаку неминовно ќе имаш дупки во знаењата.
    Со среќа.
     
    Последна измена: 8 октомври 2020
    На Glossy-girl, Waverly Raven, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    1.764
    Пол:
    Женски
    И не се оптеретувај многу дал е добра професорката или не, дека сепак на крај е секој со свое искуство. Ама да си имаш во предвид. Еве лично јас имав најубаво искуство на усно одговарање кај доц.Аце што го кажуваат како строг, а не положив кај Папазова
     
    На Flowerezza, Glowy, YaBoi30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Така ја погодивме расположена тој ден. :rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Lollipop_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. YaBoi30

    YaBoi30 Нов член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Нормално, дури не искусам нема да знам, секој почеток е тежок, ама досега сум како "стегнат" некако не знаејќи како е.

    Како што кажав, дури не искусам нема да знам. Во врска со материјалот сум во тек, а и мразам да ми заостанува. Но, ми се случува тоа што сум го читал, учел, да ми се избриши од глава после 10мин на пример :rofl:
     
    На Angie1432 и Lollipop_123 им се допаѓа ова.
  17. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.021
    Пол:
    Машки
    И јас сум слично како тебе , исто сум бруцош но на смерот за лаборанти. И ние имаме МИФ , Хистологија и Анатомија. Кај нас Анатомијата не е обемна и целата се полага на 2 пати (по системи) ама затоа Хистологија ќе си полагаме наеднаш цел материјал што вие ќе го полагате на 4-5-6 пати. МИФ е лесен предмет сега за сега и нема многу информации. Вие од општа треба да обрнете внимание на Анатомија и Хистологија највеќе. Исто и мене ми се случува тоа со заборавање после наученото , нормално е кога за краток период ти предаваат толкава материја и учејќи да не си фокусиран.

    Јас најдов еден многу чуден стил на учење т.е се ставам во улога на професор и си го раскажувам на глас материјалот како јас да го предавам на студентите и така гледам колку сум го разбрал особено Хистологија. Значи ако нешто заборавиш врати се , прочитај го 3-4 пати , заклучи што е најбитно и тоа прво прочитај го на глас како да го раскажуваш а после обиди се да го кажеш без учебник. Ова до сега ми се покажа најефективно па се надевам ќе ти биде од корист. И не се обидувај да научиш 50 страни за 1 , 1 ипол саат значи оди постепено ако видиш дека не иде изеди нешто благо , одмори 15 минути или прошетај.

    Ти посакувам лесни студии :)
     
    На NCIS, Waverly Raven, Lollipop_123 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    14.048
    Пол:
    Машки
    Многу ми е убаво вака ко ќе ве читам, расприкажани, амбициозни и спремни за учење. Иако имам различни предмети, ептен ми давате мотивација за учење. :inlove:

    Со среќа и со лесно на сите! :hug:
     
    На Anie93, Flowerezza, Glossy-girl и 6 други им се допаѓа ова.
  19. NCIS

    NCIS Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2019
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    163
    Kakva literatura koristis po anatomija?jas treba da najdam anatomija nekoja skripta od prof.Lazarova i dr,ama ne mozam da najdam a mi treba za Biohemija fakultet
     
  20. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.021
    Пол:
    Машки
    Анатомија се уште сме немале предавање ќе имаме понатаму , но литература за медицинскиот факултет е книгата Анатомија на човекот од сите автори на катедрата по анатомија , напишана во 2016 година. За биохемија можеби е друга , јас не сум на биохемија.
     
    На NCIS му/ѝ се допаѓа ова.