dali mozes slika da mi ispratis kako izgleda knigata?jas ne mozam da zemam od mojot profesor kniga zatoa sto e na albanski pa mi rece od med fakultet da zemam,najverojatno e taa sto ja kazuvas.mozes da mi posocish kade mozam da ja najdam?
Слика немам , а и книгата колку што знам нема слика пишува само Анатомија на човекот на неа инаку ја има во книжара Трио околу медицинскиот факултет 160 денари ако е принтана легнато а ако е принтана исправено е 320 денари.
Со оглед на тоа што сакам да го канализирам и искажам својот револт решив да се обратам на овој анонимен начин би рекол. Како студент по општа медицина- трета година можам да кажам дека сум фрапиран од скандалозни барања на извесни катедри при факултетов, конкретно мислам на Катедрата по микробиологија. Во време на криза кога луѓе останаа без работа, кога родителиве наши со години ќе исплаќаат кредити за нашето академско образование „почитуванава“ катедра без никаква почит се огласува барајќи од нас да се купи практикум од 800 и кусур денари кој истовремено е стотина страни. Копираните верзии од истиот практикум ги користевме за микробиологија 1 без проблем, кој патем се користи и за микробиологија 2, НО од профитерски причини си се дрзна катедрава од студентите да бара да си купат сега фино лепо практикум од кај познатиот ни дистрибутер Ѓоко за микробиологија 2. СРАМОТА! ДНО за една академска средина која профитира на грбот на студентите! Целата почит ја изгубив кон нашава образовна институција. Бидете ми поздравени и да се надеваме на денови кога студентите ќе бидат чуени, почитувани и нивното академско образование ќе биде приоритет. Поздрав.
Срамота ваква образовна институција чија примарна цел е да продуцира медицински кадар и да ги едуцира студентите за етика во медицината да гледа на секој можен начин да удира по џебот на студентите. Oд потврди за редовен студент што на други факултети не ни се плаќаат па до секакви практикуми кои наводно морало да бидат оригинал. Прва година сум и за сега не побарале некој оригинал но понатаму и јас имам Микро и се надевам дека до тогаш ваквите безобразни постапки ќе си ги средат пошто никако не е во ред. Сега дека сме онлајн нас ни ги поставуваат некои книги и некои практикуми во ПДФ па понатаму сите ќе ги зачувам и доколку некој има потреба од нив ќе му ги испратам да си ги принта каде сака.
Значи уште истата песна. Навистина не разбирам која им е поентата со практикумите. Сите ама баш сите до еден со исклучок на оној по Патологија 1 и 2 се црно бели или пак само со текст нафрлани како оние од типот на Биохемија или Патофиза. Страшна работа. Инаку тој по Микро беше 1000 денари јас кога го купував добро е штом го смалиле на 800
Плус, не знам за другиве, ама мене лично за ништо не ми се корисни, истите слики од атлас, истиот текст скратен од книга
Воопшто не се корисни, нема поента во тоа да ги купуваме, но со оглед дека ретко кој купува оригинални книги немаат профит, па ајде вака преку практикуми ќе се збогатуваат. Убаво викаат за медицинава ептен пари треба да се вложи цело време нов трошок, ич немаат осет, има студенти чии родители се имаат задолжено само за да нивните деца упишат школарина, купат книги. Како доктори треба да покажат алтруизам, одредено ниво на емпатија а не од најхуманата професија они пари да перат. Срамота.
Здраво, дали може некој да ми каже за анатомија 1 дали е лесно за полагање дека изгледа доста проблематична и обилна?
Според мене не е лесна, ама не е ни нешто претешка, може да се научи, не е ништо невозможно. Мене потешко ми беше за прв колоквиум, бидејќи не знаев како да учам, ама од втор веќе немав никаков проблем. Читај наназад, доста е пишувано за анатомија.
Јас сум исто бруцош и заклучив дека на факултетов нема ништо лесно , секој професор си го цени своето и си бара знаење. Анатомија како "мајка" на медицината е најобемната и најкомплексната наука и е една од пообемните материи за совладување заедно со хистологијата,биохемијата, физиологијата кои се целата база на медицината. Не за џабе рекле Invia est in medicina via sine Anatomia - во превод нема пат во медицината без Анатомија. Со тек на време ќе влезеш во шема , јас хистологија се упрпав па сфатив дека не е тешко ако го сакаш и ако сакаш да го разбереш. Пробај провеќе методи на учење и ќе видиш кој ќе ти се покаже најефективен
Мислам дека имате соодветен распоред за вежби, искрено верувај дека ретко кој колега/колешка се сеќава кои вежби што се правело. Она што јас можам да те советувам, е да учиш континуирано и нема да ти е важно што како ќе биде со вежбите со оглед дека тебе материјалот ќе ти биде спремен. Барем Анатомија 1 е предмет кој секако мораш да му се посветиш постојано така што баш и некој изговор за неподготвеност на вежби и нема. Што и да не ти е јасно на вежби ќе ти се разјасни со сигурност
Некој дали има совет за анатомија 3, како да се научи, како се полага, нешто што Вам ви помогнало. Благодарам однапред.
На нас минатата година ни беше втората вежба за коски и зглобови. Првата вежба дека ја имавме одма првата недела и асистентката Трпковска не прашуваше општи прашања од анатомија како на пр superior, inferior,anterior,posterior, антрополошки став, какви коски има и таквии прашања од воведот и се претставувавме. Ceга со оглед на ситуацијата одма ќе почнете со коски и зглобови, а ништо чудно и со мускули затоа потспреми ги и нив.