Мислам дека да, ама никој не ти ги бара да ги знаеш како за на колоквиум, треба да ти се прочитани барем, и тебе ќе ти биде полесно, појасно и поинтересно доколку го сфатиш тоа што се покажува на вежби, а единствено можеш да го сфатиш ако теоријата ја прочиташ (научиш) претходно.
Може ли некој метод вас што ви помогнал да совладате полесно дека многу на памет треба да се уче и многу материјал е
Еве јас ќе споделам мене што ми помогна. За анатомија конкретно, ќе ја гледам прво коската на атлас/слика пa потоа ќе ја прочитам 2-3 пати во книга и пуштам видео на јутјуб за таа коска конкретно. Исто и за мускулите ги учам цела група мускули и потоа гледам видеа на кадавери што објаснуваат. Истата постапка и за артерии и нерви. На крајот гледам видеа од топографија. Практичниот испит го спремив од видеа само, само два пати прочитав во книга и и ги повторив гранките на артериите, и нервите што инервираа сензитивно и моторно. Ова ми се покажа како најефективно затоа што полесно ми е да памтам сликовито што кај се наоѓа не го напамет да учам од книга.
Јас само би додала да си дозволиш на почетокот и да грешиш, и да не се разочаруваш ако учиш ама тешко запамтуваш, тоа е се нормално кога се почнува, со текот на времето ќе откриеш кој начин лично на тебе ти одговара, а до тогаш експериментирај се додека не го откриеш. Нема откажување-тоа е најважно да го запамтиш.
Мене групата шо ми ја ставија у четвртокот не ми е сменета... Тие шо слушаат анат 3 и беа со мене ги сменија така да не знам стварно дали оваа ќе ми остане или нахнадно ќе ми сменат. Да се водам ли по неа на вежби ако не ми ја сменат до понеделник вечер...? Според број на оваа група треба у вторник вежби имуно да имам, така да ќе се пуштам ако не.
Мислам дека координаторот имаше напишано дека групите ќе се сменат најкасно до понеделник. Така што ако до тогаш не ти се смени, веројатно си во таа група, или за секој случај пак пиши им во понеделник да не има некоја техничка грешка.
почни да си учиш со време прво е мислам мускули, нерви, артерии и вени колоквиум тоа е лесно само мускулите на задна страна се тешки, јас си направив табела со мускули сите со припои мене тоа многу ми помогна така учев, артериите, вените и нервите се лесни и за тоа прави си планови како се разгрануваат, бочни, завршни... Е за Цнс е малце потешка работата, мене бар тоа ми беше потешко затоа што многу работи не може да се видат ниту има убави слики мора на памет да си замислуваш, ама пак пробај некако со слики да учиш, да црташ инаку се заборава многу лесно, проблем на сите се јадренцата во секој мозок и патиштата, јас за све тоа правев табели инаку се заборава многу лесно и треба време да го совладаш Цнс
Нас ни кажа професорката по Анатомија 1 дека на вежби секој студент ќе дискутирал за коските и зглобовите, па на тој начин ќе му се давале соодветен број на поени. И вас ве испрашуваа на вежби? И како изгледа таа "дискусија" ?
не е тоа толку страшно колку што изгледа... не знам зошто сите студенти на тоа се жалат, мојата група секогаш идеше спремна на вежби и секогаш прво професорот ни објаснуваше и покажуваше а после формиравме групи и си раскаажувавме меѓу себе бидејки така се памти најдобро, нема потреба да ти е научена перфектно ама еднаш да ти е прочитано нешто ке запамтиш и коа ке ја видиш коската или зглобот тоа многу полесно ке ти дојде бидејки ке ги видиш работите визуелно и ке си поврзеш и раскажеш пред проф и ке прашаш нешто што не ти е јасно и ке ти објасни, според мене тоа е нешто најдобро бидејки после и на колоквиум ке имаш фотографска меморија ке ти текне одма кога си ја објаснувала коската или зглобот и визуелно ке си ја замислиш што има нема да мораш на памет да учиш
Првите две-три вежби ќе ти биде "страшно" и после си влагаш во шема и самото ти оди што како да учиш и веќе на последните вежби воопшто нема да ти биде страв или да имаш трема да одговориш
Колеги од трета, писмениот колоквиум анатомија 3 дали е условен за усниот испит или ако паднеш можеш тој дел усно да си го полагаш заедно со останатиот испитен дел? И дали за мускулите на тестот имавте само табела за припои инервација и функција?
Условен е, бар кај нас во регуларно време не можеше да пристапиш кон усно пред да положиш колоквиум писмено а за мускули инаку мислам дека само табелата ја имаше да и можда некое прашање на заокружување
Топп, фала ти многу А имунологија како полагавте? На нас ни кажаа дека немало да има писмен колоквиум изгледа туку директно на усен испит
Епа во јануари се полагаше прво тест па усно, усното не им беше тешко, јас го полагав во јуни и тогаш бидејки беше пикот на корона имавме онлајн тест на цел материјал
@MeckaCia дали коловиумите физиологија е доволно да се спрема од скриптата само или сепак Гајтон да си го спремам а скриптата да ја читам, колку што видов скриптата е скратено од Гајтон. И дали им се обемни коловиумите и дали скроз се навлегува во детали?
Проф. Јасмина Плунчевиќ рече дека ниту имаме енргија ниту време за сѐ да учиме од Гајтон, ама дефинитивмо некои работи треба да се прочитаат од Гајтон чисто за разјаснување бидејќи малце е конфузна скриптата. Мислам дека доволна е скриптата.
Од страв што ми е за првиот колоквиум да си прашам реков постариве. Па ќе видиме каков ќе биде првиов па ќе знаеме за наредниот од каде
Скриптата е сосема доволно. Гајтон можеш да читаш за да ти се разјасни нешто што не е доволно добро објаснетп во скрипта и нешто плус ако сакаш да научиш. Јас кога полагав имавме прашања на заокружување кои беа логички и плус есејски.