Не ме држи за збор но, ако добро се сеќавам во изјавата на ФСС на почетокот од семестаров, изјавија дека ќе биде укинато писменото полагање онлајн(по сите предмети) поради негова злоупотреба или ќе бараат да се прекини.
ФСС кажаа многу работи, па 80% не испаднаа така. Ја сфатив имуно онлајн писмено дека ќе е пошо и вежбите се целосно онлајн и не е ни опфатен цел материјал у практикумот, доста е скратено тоа шо ќе работиме на вежби. Ќе видиме, како тргнало ова со Коронава којзнае шо ќе биде.
Да, ама можно е да сменат ако продолжи да расте бројкава, сепак околу 400 души се на се слушаме имунологија.. ако треба секој посебно усно да го испрашуваат..
Многу планираат имуно да го остават за септември ради биохемија, анат и физио така да не би биле многу шо би полагале. Ама шефот проф. Кочо појше е за онлајн ко шо знам.
Имуно секако оставам за тогаш дур не средам физио и анатомија. Приоритет прво...услов де. Не знам што да речам и не знам што е најпаметно, ја сум за сѐ со физички мислам дека дома и вака со онлајн не сум ни продуктивна колку и да се трудам и да учам. Не се дипломира онлајн ни па се станува доктор ама бројките и преполни здравствени капацитети. Хаос..
Јас од Гајтон искрено само квс и крв имам учено бидејки во скриптата беше хаос и учев од гајтон за да разберам, ништо друго не учев од гајтон и сите колоквиуми ги положив и испитот така да воопшто нема потреба све да учите од гајтон, квс да вистина е поубаво објаснето во гајтон тоа може другите рабои се доволни од скрипта
Јас не би ви препорачала имуно во септември, јес да сфаќам и мене анатомијата ми беше приоритет и физио1 ама имуно катедрата се како ке дувне ветерот, значи некад се мн океј добри некад се бог да чува, многу души ради нив изгубија услов така да глеајте во јуни бар да го средите ете ако во јануари ви е планирана анатомијата и физиологија1, физио2 и биохемија2 не се условни така да тие може да ги оставите за во август, нема проблем со тие катедри
Околу вежбите имуно, дали првите 60стр од практикум ги спремате или само насловите точно што беа напишани за неделава? И од анализа на случаи нели има точен наслов баш така напишан, а после тоа уште еден случај некако поврзан со првата вежба. Дали ги спремате само тие што ги напишала асистентката или плус и тие после нив што се поврзани?
Прашање до постарите колеги: На хируршките клиники, при пресоблекување во хируршко одело, при вежби во операциона сала, каде ги оставате работите(ранец, мантил, палто...)? Во таа заедничката соблекувална вратите ширум отворени, шкафчиња за студентите нема, кој сака си влегува-излегува. Мене не ми е јасно како УНИВЕРЗИТЕТСКИ клинички центар нема обезбедено една асална соблекувална за студентите, можам да кажам дека слична беше ситуацијата и на институти каде од вежбална до вежбална се тегневме со ранци, палта, чадори, книги.. Шкафчињата шо ги направија можат само книги да соберат фала богу, ама и тие ене ги прашина фаќаат. Претходниот семестар, поради ситуацијава, одржавме само неколку вежби хирургија и нешто шо ми остави голем впечаток(за жал негативен) е организацијата. Можеби тоа беше до асистентот но, немавме никаква воведна вежба, никој не ни објасна каде да се пресоблекуваме, каде да ги оставиме личните работи, како да се однесуваме во сала, како да се периме...НИШТО!
Колеги кои слушат имунологија, пишете „Алхемичари имунологија“ на Youtube, има видеа правени според темите кои се за учење од Куби, мене книгата ми беше многу комплексна за учење, испитот го положив само со видеата, многу јасно и концизно објаснува дечкото. Мислам дека прави видеа и за други предмети (биохемија, патологија), видете си, можеби ќе ви биде од помош.
Баш и јас гледав за Генетика секоја чест за дечково ептен супер му се видеата. Се надевам дека ќе се од помош и за Биохемија со оглед дека ептен има бубање предметов, поправете ме ако грешам.
уште подобро од armando hasedungun така мислам се викаше. предобро се објаснети видеата со се цртежи. Не само имуно туку и физиологија и уште неколку предмети
Буквално каде најдеш таму оставаш, зависи на кој оддел си тој ден. Дали во работна соба на оддел, дали во канцеларија кај главна сестра, дали во соблекувалната на персоналот па врз нивните шкафчиња, дали во собата за одмор што се наоѓа во блокот кај операционите сали... фактички исто како на интерна. Едино божем на гинекологија има шкафчиња ама и тие се минијатурни за стварите на една особа, а кога ќе видиш дека по 2-3 души мора да делат едно шкафче со клуч - и таму моравме да оставаме ствари по другите шкафчиња кои немаа клуч. Само новчаник, клучеви, такви битни ствари ќе си земеш со себе и тоа е тоа. Мене во текот на сите години студии ништо не ми се загуби/украде, а и не познавам некому кому му се случило тоа, така да како за сите така и за тебе. Знам дека ситуацијата е далеку од сјајна, ама кога ќе размислиш колку многу работи фалат, па воопшто не ме изненадува што и ова е нерегулирано. А во врска со тоа да ви објаснуваат што како, како да се спремите, каде да стоите итн., за жал и тоа зависи кај кој ментор ќе се погодиш. Сум била распоредувана кај ментори кои биле толку вообразени што сме им пречеле бидејќи сме стоеле во најоддалечениот ќош од сала - да било до нив воопшто немало да присуствуваме, а сум била и кај такви прекрасни личности кои и покрај сета друга работа одвојувале време и за нам да ни објаснат сè во врска со случаите тој ден - од дијагноза, разгледување резултати и снимки, па до облекување стерилна облека и стоење покрај нив над оперативно поле за да може директно да присуствуваме и учиме.
Дали некој знае точно каде се наоѓа библиотеката на Медицинскиот факултет и дали во нејзини рамки има и отворена читална периодов? Дали книгите смеат да се изнесуваат надвор од библиотеката?
Библиотеката се наоѓа во холот кај институтиве, кај шкафчињата што се, ако влезеш од страната на деканатот од лева страна би ти дошло. На врата пишува Централна библиотека. Искрено да ти кажам не знам дали смее да се седи внатре, а книгите може да се извадат надвор со тоа што ќе оставиш индекс/легитимација/пасош во библиотеката.
И колку смее да се држи? Примерно ја сакам Куби Имунологија да ја земам како оригинал од библиотека и дур трае семестарот (предавања/вежби) смее да ја задржиш и после да ја вратиш или?
Дечки може ли некој што имаше веќе вежби Анатомија 3, Физиологија или Имунологија да сподели како се одвиваа?