Се зачленив, да. Бесплатно е зачленувањето. Ќе ти го земат индексот на кратко, ќе ти побараат телефонски број и мејл, па ќе ти стигне конфирмација дека си зачленет на твојата e-mail адреса. Можеш да ја земеш одма потребната книга. Максимум три книги може да се земат од библиотеката во текот на академската година.
Јас мислам дека ќе биде нешто како пробно, така разбрав ама сепак нека кажат тие што имаја вежби денес.
Асистенти и персонал немаат врска со тоа. За оставањето ете што кажав ако снемало место идело преку лични познанства, а шкафови ни останаа уште од 4та година на клиники коа добивме. Инаку овие од Хисто, што им е со методите ко у секција некоја? Квизови и испрашување на вежби не ни постоеше ние кога сме слушале. Ко природа и општество да прeдаваат, уште боенки да поделат па да боите препарати Исто и анатомија не не испрашувале или било што.
Ме изнасмеа за ова со боенкиве инаку Хисто особено сакаа подготвеност на вежби, за Анатомија барем мојата група не секогаш беше спремна па сите добивме пак максимум поени.
За која цел да ми је знати??? Вишок време? Прашајте било кого од 4та нагоре и дипломираните дали било кој памти или му притребало во живот било што од нивните детали ( зборам за Хисто поготово штом така ве "тупат" - дали на клиника дали у практицирање медицина, еве на. Од толкаво фокусирање на глупости, основни работи нема да памтите за на клиника кога ќе отидете и пак не им доаѓа памет. Сите институти до еден се тотална катастрофа и промашен случај.
Семестаров е една огромна утка. Не знам каде да ја искажам нервозата, па бидејќи тука сум анонимна и решив да си го искажам некаде незадоволството сумирано од овие неколку дена. Најпрво, бараат да направиме групи, потоа ме ставаат во група со некои што не ги ни познавам. Во ред, не е проблем и така е за годинава само и ќе се запознаеме, но можеа од старт да не известат, да не си правиме џабе планови. Господата од анатомија специјално бараа групи за нив и ние што немаме услов за анатомија 3 сме ко некој генерациски вишок му доаѓа. Си испланирале они 300 студенти со фатен услов, а за останатите нема никаков распоред и ко да се ѓубре на факултетов ги лажат цело време денес/утре ќе има групи, ќе има дополнително распоред. Ме ставиле таму некоја 70 и некоја група, што никаде не ја ни има, ниту во iknow не постои. Ајде што така направија, барем да бевме известени од почеток. И само на тие од анатомија од толку предмети им засметаа групите. Барем да бев со тие што слушаат и други предмети, ете сакав да сум со колешка што слуша биохемија, а јас не слушам ама ни тоа не можело зошто јас сум слушала само имунологија и медицинска биостатистика и морало со такви студенти да сум. Океј, не е проблем ајде. После имунологија си почнаа вежби и за нас нема распоред и ни викаат чекајте не се пуштајте најдобро, денес викаат за вас нема да има термини неделава, ПУШТЕТЕ СЕ КАЈ БИЛО. Зошто да нема за нас термин? Плативме исто како и другите, што сме ние, шуга имаме? Сабајле станав рано зошто знаев дека ќе има пак некоја ситуација, среќа па една колешка ете така што реши да праша дали може да се пуштиме и ние зошто во iknow сме група што требаше да има вежби по распоред денес па асистентката рече секако, немојте термин да си пропуштите, за понатака ќе видиме што ќе се прави и ете во 7 и 55 јас дознавам дека од 8 може т.е треба да се пуштам на вежби. Да е жива и здрава колешката што ете и текна дека најдобро е да си прашаме, да не биде после ние не сме се пуштиле. Среќа ете ајде за неделава испадна некако што испадна, но зарем 5минути пред вежби цело време ќе молиме и прашуваме дали може ние да учествуваме во вежби, А СМЕ ПЛАТИЛЕ, не одиме туку така, ПРАВО НАШЕ Е ДА СМЕ ИНФОРМИРАНИ И ВКЛУЧЕНИ ВО НАСТАВАТА. После тие анатомија бркаат презапишани колеги од институт, немало место за нив на вежби. Фала за третманот, нема проблем. Да, јас и колеги не сме фатиле услов, не сме положиле испити, вистина, но овој третман воопшто не го заслуживме. Ова е нехумано и безобразно. Знам дека никој нема да ме слушне, знам дека ништо нема да променам. Знам дека сите колеги исто се чувствуваме во оваа ситуација и ова дополнително не разочара и демотивира, бидејќи факултетот ни покажа колку вредиме и на кое ниво сме за нив. И фала им што ете не натераа така да се делиме кој имал услови по тоа, кој немал. После се чудиме зошто ете нема колегијалност и не се дружиме. Немаш услови, не те сака никој за дружба, што ќе си им, не може да си со нив во група, не може ништо. Немам зборови со кои ќе опишам колку целава ситуација овие денови ми влијае лошо на психата, се осеќам понижено и отфрлено, ете како некој вишок на факултетов што го шуткаат лево десно.
Ти кажав еднаш во лп, ти кажувам и сега, не се замарај океј е убаво е да си со другарка, познаничка во група ама не сме бебиња, нот а биг дил. Че се упознаеш, а за преслушувачи па и ств нема потреба по втор пат на вежби.... а за другово немам коментар зошто не сум вклучена во тоа. Ама да те демотивира или да губиш самодоверба за факсов , не вреди
Затоа што тие што слушаа анатомија 3 им дадоа да се групираат како сакаат без разлика дали слушаат имунологија, биохемија итн... Значи битно било од 5 предмети само анатомија 3 да слушаш за да си привилегиран. А, за нас останатите не дозволија како сакаме да се групираме. Инаку не е проблем, сеедно, но ако едни имаа право да бираат, требаше да имаме и ние.
Горе соблекувалната на спратот кај салите....ништо новчаник, моб секако со тебе. Не носете вредни работи. Како што знам персоналот си има клучеви за шкавчиња. Вие да го прашате секретарот или шеф на катедра евентуално? Иако никогаш немам слушнато дека нешто било украдено За стоење во сала валјда видовте, a зс раце миење гледај некој од хирурзите или на јт друго немаза жал
Може нешто по број на студенти кои слушале предмети си правеле математики. Прашајте координатори да прашаат зошто така
Не ги обвинувам координаторите и тие толку можат, деканатот е крив. И анатомија што бараа специјално сите членови на групата тоа да слушале, а за другите предмети не е битно. Тоа ми беше зборот, од сите 5 предмети само анатомија најдоа да се бунат и за нив сите да менуваат групи. Затоа е и револтот. Да беше се делено еднакво, не само ради анатомија 3 ќе беше во ред. Инаку повеќето сакаат на вежби анатомија да одат зошто на леш и така слабо вежби имавме и ептен одамна лани, а после на испит ќе ни го бараат тоа. Не се учи само од видеа и доста е строго на испитот. Јас лично паднав на практично анатомија зошто многу слабо вежби имаше на леш, сметам дека ми требаат повеќе за да положам и сакам да се потсетам.
Bravo, da gledaa site realno kako tebe na rabotive se kje bese podobro. Jas prezapisav fiziologija 1 i anatomija 3 i za nas nema ni grupi... I mene negativno mi vlijae se ova, nisto ne se znae, se e od denes za utre. Da nemas grupa ej, znaci kako da ne si student. Bitno si napolnija dzepcheto od nas, pa sega ne sme bitni.
Хисто сега демонстраторите држат вежби , не знам дали треба тие или асистентите. И професорите се уклучени и примерно ако демонстраторот заборави нешто или утне ненамерно професорите одма се уфрлаат да го поправат и го брукаат пред сите нас. Хаос е цела катедра моментално.
Тодор Григоров и Михаил Чачор се викаат , изгледа се студенти. Добри се дечките само што професорите им се трн во око и мораат да пазат што кажуваат..
Со хисто е така бидејќи проф.Миленкова и проф.Грацилија се во пензија, а асс.Марко бидејќи завршил со специјализација и мислам дека рекоја на микро ќе бил. И така доаѓа да имаат дефицит и морале демонстратори да држат вежби.