Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. Geek^^

    Geek^^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2015
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Мене најлесно ми беше да ги нацртам сите гранки на артериите, а за нервите правев шеми. Со многу замислување и повторување.
     
    На Xtea му/ѝ се допаѓа ова.
  2. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    3D Anatomy Atlas како ќе ги читаш гледај од телефон/таблет и со повторување ќе ти слегнат.
     
  3. Yellow456

    Yellow456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    Некој да држеше биохемија вежби да сподели како беше?
     
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.403
    Пол:
    Женски
    Да, вчера јас имав вежби.
    Епа вака, прво не испрашуваа за вежбата, се од практикумот беше, ништо тешко, и на тоа опцијата нели рака да дигнеш на тимс се пријавувавме и скоро на секој му даваа шанса да каже нешто за да добие плус и поени од активност, предност имаше да се јави некој шо не одговорил досега ништо. :)
    После презентација, па па за другата вежба прашуваа, па презентација и прашуваа пак за другата вежба и уште еднаш истото и тоа беше се.
    Бевме 170 пуштени, 3ч испрашуваа, секој имаше шанса да каже по нешто. :)
     
    На ElenaOfRivendell и Yellow456 им се допаѓа ова.
  5. Ivauva

    Ivauva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Може прашањето е малце надвор од темата ама да си прашам. Дали на медицински може да те примат со 1 до 2 четворки во средно?
     
  6. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    1.477
    Пол:
    Женски
    Зависи од конкуренцијата но би требало да да
     
    На Ivauva му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    5.391
    Пол:
    Женски
    Јас имав една 4ка во прва година (од успех), и уште една од екстерно. Влегов во државна квота, 15та мислам бев.
     
    На Ivauva и Lollipop_123 им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.403
    Пол:
    Женски
    Не се битни оцените од 4г ако има матура.
    4 години немав ниедна 4ка, па со матура имав помалце поени од тие шо и една 3ка имале шо се вика.
    Е сеа ако нема матура ко годинава, не знам, годинава знам дека 200+ беа 5.00.
    Зависи, секоја година, своја конкуренција и правила за упис. :)
     
    На Ivauva, Lollipop_123 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  9. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    1.764
    Пол:
    Женски
    И јас слично како @ElenaOfRivendell, вo трета имав една 4ка информатика, и на матура биологија имав 4ка, ама македонски и англиски ми беа 5ки со 99% и тоа ме "извади" многу, и јас сум во државна квота околу 100та бев.
     
    На Ivauva и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  10. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    За имунологија пак нема никакво известување за групите над 60, а дојде и викенд во кој не верувам да работат и да се додаде распоред за нас.
    Читам во група уште викаат немало над 60 групи да има у деканат рекле, тие што се во iknow, тие ни биле.
    Добро, кога ќе се усогласат и ќе решат еднаш што ќе биде со студентите?
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.403
    Пол:
    Женски
    Ако до недела вечер не шернат нешто на тимс овие имуно, ќе си се пуштиме пак у понеделник сабајле на вежби и нема да се замараме. :) Си кажа асистентката си водат тие евиденција, да си се пуштаме ние, битно ние ќе си слушаме и ќе си решиме тестови, нашата задача си е завршена. Нивен си е пропустот со групите, не вреди да се нервираме.
     
    На Angie1432, Lollipop_123, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  12. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    И јас планирав во понеделник да се пуштам чим е пак вака работава, а и онака според сегашна група во iknow термин ми е во понеделник.
    Како што тргнале тие групи изгледа ќе останат.
     
    Последна измена: 16 октомври 2020
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.403
    Пол:
    Женски
    И мене исто во понеделник ми е терминот, затоа и понеделник ќе се пуштам. :)Прошли пат така ми рече асистентката, пушти се тогаш со групата според iknow шо ти е. (waiting)
    Така ќе направиме, нема друго решение...:)Освен ако у 5 до 12 па некоја промена не направат. :D
     
    На petrova89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.021
    Пол:
    Машки
    По колку препарати даваат за препознавање на практичниот испит?
    Нас ни кажаа сега заедно со писмениот колоквиум ќе добиеме и слики (бидејќи со онлајн вежби работевме) во папка и сегде ќе треба да напишеме за кое ткиво/кој сегмент од ткиво е прикажан

    Од искуство дали даваат секогаш лесни пошто некои препарати се баш сложени за препознавање бидејќи на напречен пресек личат или се мешаат со други ткива. Дали има асоцијација на препаратите (пр. нас ни кажа дека мазниот и срцевиот мускул кои личеа многу слично на еден препарат они ќе ни навеле како помош , кој дел од СРЦЕТО е означет за да знаеме за кое ткиво се работи).
     
  15. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Јас имам група, ама стварно не ми е јасно ова, колкави пари зимаат 2500 студенти бројат од ОМ и 3 годишни и пак им е тешко групи да направат, факултетов испадна дека се сведе се на тоа сам да си направиш група, земи си книги учи си кога сакаш како сакаш колку сакаш, зошто очигледно институцијава е нефункционална со чест на исклучоци.
     
    На Uniqo3, busybee, Zahirr и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.403
    Пол:
    Женски
    Ептен им испливаа на површина нефункционалностите у работата со овие групи...
    Страшна неорганизираност, само пофалби за биохемија што не вметнаа и нас после 60та да слушаме вежби, барем за онлајн не има дека постоиме.
     
    На petrova89 и Lollipop_123 им се допаѓа ова.
  17. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Асоцијации некои кажуваат на вежби на крајот се се сведува ти какви асоцијации ќе си направиш во глава. Ние кога полагавме практичен ткива барем јас имав 4 препарати, 1 епител, 1 сврзно, 1 мускулно и 1 нервно. Си го поставувавме препаратот сами зошто така и гледа дали знаеш да го користиш микроскопот, па и сами и си зголемувавме и намалувавме. Не сакаат ко од пушка да кажеш ова е епител повеќе ценат да кажеш што гледаш на микроскоп па врз база на заклучоците да кажеш пример дека е епително, мускулно и слично.
    Пример. Прво нешто што забележувам е многубројни клетки со јадро кружно централно поставени и распределени во повеќе слоеви, тоа ме асоцира дека станува збор за повеќеслоен кубоиден епител. Заклучив дека е епител бидејќи одма под него имам сврзно ткиво што е карактеристично за епителот бидејќи обезбедува нутритивна подлога и улога за самото епително ткиво.
    Доколку асистентот смета, може да ти постави повеќе прашања теорија зошто реално и за ткива на препарат којзнае какво гледање нема повеќе микроскопирање во хистологија на органски системи.
     
    На ElenaOfRivendell, Lollipop_123, petrova89 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Катастрофа , јас генерално сум незадоволна зошто клучни предмети ете биохемија и физиологија нешто што е фундамент за на клиника после ние онлајн го слушаме. Некои колеги група немаат, на факултетов не се знае кој е што е и што прави.
     
    На petrova89, ElenaOfRivendell и Glowy им се допаѓа ова.
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.403
    Пол:
    Женски
    Кога полагавме онлајн хисто сликите беа прелесни. :)
    Ептен имаше лесни работи да се препознаат. Ако добро памтам 4/6 слики беа во зависност од тоа кој колоквиум е и другите прашања беа теорија 14/18тина прашања мислам.
    Сигурно и за вас вака ќе е пошо онлајн вежби хисто имате нели?
    Нема да е тешко. А за распознавање, најдобро е сам да си правиш некои асоцијации да ти е полесно. :)
    Во ситуацијава со толку заболени мислам дека вака е најпаметно што направија... :( Физио не слушам, но ете на биохемија гледам по 170 уклучени во еден ден на вежба, значи премногу сме стварно, а и асистентите ќе се највеќе во опасност да се заразат држејќи вежби на толку студенти... :(
    За групите немам зборови веќе, не знам како можеа вака да направат, преку 100 студенти немаме официјална група.
    Тотално разочарана и незадоволна сум од организацијата зошто се осеќам оштетено што немам група и јас и многу други ко мене, ни фигурираат нашите групи во распоред. Буквално се снаоѓаме како знаеме и умееме. Не оставија сами да се пуштаме кај можеме, стварно катастрофа. :( Стварно искача сам снаоѓај се, зошто ако чекаш од деканатот/факултетот ништо.
     
    Последна измена: 16 октомври 2020
    На petrova89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Глупо е зошто испаѓа како да ве множат со 0 зошто некои да имаат група некои не?
    Инаку да се согласувам во тој поглед, дека има многу заразени и се тоа. Но сметам дека замена треба да има. Физиологија учиме за екг и не знам како онлајн ќе се изведе тоа објаснување. Моментот што ме иритира во онлајн вс. физички е тоа дека кога доаѓа момент за полагање воопшто немаат осет. Познавам колеги кои беа бутнати на Анатомија практично а леш не виделе. Никој не е должен да трпи, да презапишува години само поради нечива несериозност и ненаоѓање на соодветен начин или недостиг на разбирање. Ама ајде тоа е.
     
    На Glowy, Lollipop_123, petrova89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.