Дали за сите презапишани предмети важат потписот и поените од лани или има разлики од катедра до катедра??
Колеги дали некој сеуште нема земено индекс од деканат или некој ваш френд. Незнам што се случува со деканат ми викаат уште не биле готови индексите нема смисла 3 недели се поминати. Дали сум јас единствена или има и други кои не си земале индекс.
Дечки, индексот ми го изгубија на факултет по катедриве за потпис, веќе месец дена го нема и си уплатив и купив нов, го однесов во деканат, дали ќе трeба повторно да ги собирам ситe потписи и оценки или тие ќе ми ги внесат според iknow, има некој искуство co ова?
Сигурно мора сама, евентуално броките ако ги внесуваат од деканат. Ама мора до секоја оценка печат и потпис од соодветниот проф, тоа деканат не може да го направи.
Некои искуства за катедрата генетика , вака на предавања се многу фини и професорите и асистентите особено проф. Александар , асс. Горјан и други , убаво предаваат и објаснуваат но ме интересира какви се за оценки/испит. Доаѓа колоквиум за недела ипол па не сум почнал уште да учам (немаме материјал ). Сите си се посветивме на хисто и миф а овие некако изгледаат вака фини и коректни. Какви искуства имате со оценки/испити?
Вака, мене ми помогна најмногу цртање на коска, обележување страни, рабови, припои. Исто,обавезно да вежбаш на коска. Ако можеш да си набавиш за дома најдобро ќе е. Јас зедов скелет од археолошки музеј. Значи цртање, многу повторување, учење на коска. И за колоквиум (ние усно полагавме) прашуваа и страни, и рабови, и сулкуси, и туберкулуми, и припои и се’.
А спорт како и го решиле на другата колешка? Од деканат се потпишале? Не знам дали си во тимот од прва година, а сигурно има и во нивната генерациска, започнати се со спорт, па ќе можеш да ја контактираш. А англиски на специјализација.
Презентациите нив им се материјали, не знам дали ви е кажано некоја книга/практикум дали има за да користите, каде што е повеќе објаснето. Петличковски е врв од професор, предобро предава, а и како катедра со нив мислам немаше проблем. Во однос на оценките, тоа индивидуално, сепак едно е да кажеме дека многу положиле/не положиле, а друго е да зборуваме кој всушност колку напишал за да положи. Сигурно сте снимале тоа што предаваат, така што ако можеш симни ги и гледај ги, зашто предавањата од Петличковски, се навистина непроценливи.
Дали бил некој деновиве на факс да вади потврда? Дали уште има гужва и се чека по неколку дена за да се земе потврдата?
Јас не бев за потврда, ама има уште гужва бидејќи се по изолација поголем дел од вработените и се чека, остававме во кутија па поcле ден два да си ја земеш
Дали за првиот колоквиум физио 1 се вклучени и сите вежби или делот со вежбите останува за практично полагање?
За потврда знае некој каде да се носи, бидејќи ми рекоа дека архивата била затворена и ќе била на друго место во жолтата зграда. Дали некој знае каде поточно ??