Едно прашање во врска со специјализација. Пред некое време слушнав дека право на специјализација имаат оние студенти што би имале повисок просек (незнам сега колку точно али битно посолиден).Ако е така, мислам дека стварно ова би било нефер, поради тоа што знаеме сите колку се измачуваме и трудиме, па на крај за една 6 (барем ние од медицина сме свесни за тоа). Е сеа , зборот ми е, се малтретираш 6,7, а може и повеќе години, (кај нас тоа не се знае за жал) учиш буквално се што треба и не треба, за на крај да бидеш само доктор и притоа да немаш право на нешто повеќе. Ова 'само доктор' не го сфаќајте како нешто потценување, напротив, мислам дека ме разбирате што сакам да кажам, можеби некој си има други цели и идеали,кои би му биле оневозможени. Па, ако има овде некои поискусни медицинари (а верувам ги има во голем број)ако се запознаени со ова, да објаснат нешто повеќе и да ја решат оваа дилема. Знам дека е рано и дека не треба да мислам на ова уште сега, поради тоа што сум на почеток на студирања, ама подобро да си бидам на чисто.
Уште одма да ти кажам дека штом и сама велиш дека си тек на почеток на студирањето не се замарај за ова, гледаш дека законите кај нас се менуваат како чорапи, така да дури ти да стигнеш до специјализација којзнае што ќе биде во тоа време усвоено. Порано многу се гледаше на просек, а сега кога специјализациите се поделени врз основа на тоа дали си вработен во јавна или приватна здравствена установа, или си невработен, не се гледа многу на тоа. И онака сам треба да си се финансираш, а во прашање се големи пари така што... на страната на медицински во полето "специјализации" можеш да најдеш конкурси, правилници и критериуми, па погледни си што и како е потребно.
Колкава е конкуренцијата на медицински во Скопје оваа година? Колку од вас планираат таму да аплицираат?
Сакам да се запишам во Битола за Акушерка дали ке може некој подетално да ми објасни во врска со факултетов за предавањата и пракса...и кој е подобар во Штип или Битола ?
Што мислите каков е успехот на генерацијата ке има ли голема конкуренција за упис на медицински во Ск?