Друштво, си имам некои фикс идеи в глава, ми е страв да ги остварам сепак не сум 18 години но дали некој знае дали може да признаат положени испити од биологија факс на медицински и доколку признаат колку би биле одприлика. Не знам дали ќе се осудам да се запишам, ме фака многу страв, сепак мислам дека доста предмети се преклопуваат па за секој случај да си прашам. Фала ви ❤
Нема ништо да ти признаат , ако мислиш Биологија на ПМФ можеби еве би ти го признале Морфологија и физиологија на клетка али медицински тука во Скопје не признава испити , не даваат ни префрлувања од нигде мора се да си полагаш од почеток. Нека ме поправи некој ако грешам ама и нема што многу да ти признаат.
Распрашај се во деканат, тие ќе ти кажат. Од она што знам дека на тие годинава што се префрлија од Штип медицина, им беа признаени испитите.
Може и од др факсови се префрлени, не само од Штип. Само се водат ко прва година, ништо не им признале иако биле од фармација/стоматологија /пмф итн. А, на тие од Штип општа им признале повеќето испити.
Не знам искрено, прво овде прочитав за префрлувањата, потоа вистина се покажа и во групите, дури повеќе се во наша ген. Знам за од Штип дека се со признаени испити, слушаат со нас Анатомија 3, доаѓаат на вежби. Не знам од Тетово дали има или од друго место и како се водат тие.
А нели имаше забрана за префрлување? Цело време се трубеше забрана та забрана. Како сега “магично” повторно може префрлување?
Лани имаше голема конкуренција, сигурно ради тоа и решиле да дозволат, огромен интерес имало за префрлање. А, колеги други се отпишаа шо редовно се упишаа и таман си испадна да има место и за други. Тоа е, један оде три други доџе. Буџетот на УКИМ не смее да трпи.
Тоа со буџетот ми е многу јасно но, се чудам како беа примени толку многу студенти знаејќи дека ќе има проблем со групите за вежби. Еден куп перипетии се случија, вака може, вака не може, преклопување на вежби во ист термин, сето тоа на грб на студентите. АМА важно деканатот сега бара доброволци за да им помогнат, а да не зборам дека речиси еден семестар одмараа и цело лето да не заборавам.
Па околу 20тина се префрлени, а се отпишаа само од моиве групи од вежби лански преку 7-8 луѓе, а од цела генерација кузне колку што не ги ни познавам. Место таман имало ко шо планирале за 300 студенти во 60 групи. Најголем проблем испадна со групи за тие што презапишале предмети и слушаат нешто во една година, нешто во друга, а за тие што се префрлија има групи. Они не не испланирале нас или намерно така направиле со овие студенти баш којзнае. Мене многу ми е смешно шо ми викаат една група дека сум, а на сите списоци сум друга група шо ми е во iknow, во која веќе има 5 студенти. А уствари у таа група у iknow се водиме 8-9 луѓе ко шо видов на список. Смешки. Они ќе речат ете бе имате група, се водите некаде, а нели 5 смеело, па во таа група си има други 5 члена и оди расправај се кои 5 ќе се во групата. Уствари џабе правеа групи кога се е онлајн. Нелогичности ептен.
Секоја година е конкурнецијата, секоја година има студенти кои се отпишуваат. Единстевно ако имало преголем интерес за трансфер, но некако повеќе околу буџетот се врти. Онаа англиската ако нема студенти особено. Околу групите хаос невиден, да речеш добро што е онлајн па не се познава. Циркуз ќе бевме. Во еден ден можат да ги средат групите за сите години и смерови и решен проблем, а може и за внесување волонтери ќе требаат.
Мене ми е многу трагично тоа како деканатот “ИЗУМИЛ” дека има студенти шо презапишале предмети и си примиле уште студенти. Значи секогаш, ама секогаш испаѓа на крај студентите да сносат последици. Катстрофа и резил. Секоја година се надмимуваат, дали со распоред, дали со групи, дали со уписи... you name it. Еве и во 5та година за џабе нѐ делеа на групи по 3ца кога во еден термин сме наштракани по 3-4 групи и испаѓа да сме по 9-12 студенти, шо во услови на пандемија нели треба да се избегнува вакво групирање особено на клиники. Дополнително, асистентиве не се запознати со тоа како се организирани групите од деканат, шо ми е тотално не разбирливо, ама тоа е др тема на разговор и ни ги откажуваат вежбите со изговор дека со толку луѓе не можат да одржат вежби, па ајде презакажување во други термини. Едно нешто smooth да беше, немаше да се пожалам за ништо. Испаѓа за џабе сме уплатиле семестар, кога фино лепо ќе си купиме книги, ќе си учиме сами дома, видеа и сл и само ќе одиме да полагаме.
Јас сум дипломиран биолог од ПМФ, сепак мислам дека може згрешив зошто стварно ми лежат природните науки и медицина би било подобро да завршев ако ми признаат само испит или два, многу би ми дошло 6години дефинитивно