Распрашај се за специјализацијата по медицинска генетика и молекуларна биологија, можеби ги исполнуваш условите за аплицирање, секако доколку ти се допаѓа таа опција.
Ох, додале и статистика колоквиуми во распоред, сега видов. Од кај ќе го учите ова? Од прашања и од практикум можда, има нешто прашања за ова, да споделат искуство тие што го полагале?
Кои прашања? хахах колоквиум се учи од практикум бидејки се само задачи нема теорија и е прелесен бидејки имаш 3-4 теми учиш како се решаваат и на колоквиум се паѓаат скоро истите од практикум задачи така да тоа лесно се поминува
Jas anatomija (osteologija) ja ucam so pomosh na atlas,citam i baram niz atlas pretstaveno so slika,na ovoj nacin mi se vrezuva vo glavata so razbiranje,napamet ne mozam da ucam,i latinskite poimi se pomnat,samo treba mnogu poleka da se uci
Познавам колеги кои преминаа од приватна во државна. Освен просек над 8.5 не сум сигурен дали е потребно и нешто друго. Најдобро да се информираш во деканат, бидејќи цело време прават промени и можно е оваа опција да не важи веќе, меѓутоа со сигурност важеше претходно.
Хисто и МИФ баш ли се вака тешкички прашањава ко што се у книжара. Јас сум у шок кога ги гледам само мислам дека не сум читал воопшто МИФ и Хисто. Поврзувања , подвлекувања , заокружувања по 4-5 одговори , нас ни рекоа демек со заокружување и кратко дополнување ама овие ги праат до најситен детал ништо да не пропуштиш. Како се ближи колоквиумска се ме фаќа некој страв учам учам ама кога ќе ги видам тестовиве....
Мој совет ако ти е пројдена книгата оди по прашања бидејќи типот на прашања и тежината е тој. Јас имав научено морфологија одлично толку самоуверено не се осеќав бев сигурна дека вадам максимум, кога ги видов прашањата ми се стемни некоја средина извадив за среќа, но тие што ги имаа прашањата поминаа многу подобро. Жалосно што медицината се сведе на полагање по прашања, ама тоа е вина на факултетот не наша, има начини за внесување новости но незаинтересираноста преовладува. Не го зборам ова конкретно за миф зошто хисто катедрата испаднаа едни од поферските катедри.
Нека пише некој како е првиот колоквиум по МИФ колку прашање има од прилика и колку време трае? Фала ви
Колку што разбрав на заокружување, и со дополнување по еден збор. Тие на заокружување мислам дека спомнаа дека некои ќе имаат повеќе одговори, али не сум сигурна.
Ние лани кога полагавме физички, имаше и со заокружување, надополнување, и со кратко пишување.. Есејски мислам немаше.