Мене некако малку ми се чини времево, иако се на заокружување. Ко што разбрав доста тешки прашања се паѓале. Мене тоа најмногу ме загрижуваше кога почнавме со предвања. Зашто го предаваат на многу високо ниво, а во книгата е пишувано како биологија за 7мо одделение.
Не се тешки, туку се логички според мене. Ако не учиш на памет, и ако си ја сфатила материјата, нема да ти биде проблем да ги решиш. Барем лани беа вакви, и се што беше на тестот, го имаше и во книгата, така да ако ја научиш добро, ќе решиш сигурно.
Од катедрава со времето на полагање се ВРВ И јас кога полагав беше истиот циркус, повеќе мислев на времето отколку на одговорите шо ги пишував. Памтам Лена користеше од оние тајмерите во вид на јаболко шо се вртат.
А што се десило во деканат што се пола во изолација? Мислам искочил заразен од вработените или од студент закачиле? И дечкото што е цело време со индексите на пулт на факултетов е или вработен ахахах
Колешке не ме сфаќај погрешно но мислам дека на вакви трачарски прашања кој како е заразен , нема да добиеш одговор. Темава е околу медицинскиот факултет односно образовниот процес што се одвива во него, имаме премногу други обврски и интереси за да се замараме за вакви работи.
Некој што имаше вежби биохемија неделава да не ви кажаа некое инфо околу полагањето? За 1 недела полагаме, а уште не знаеме ништо, ни колку прашања, ни какви, ни време колку ќе имаме и дали се реши конечно дека е онлајн полагањето пошо не потврдија баш, така се спомна и се батали. Не сум изненадена што е вака ама ај...
Јас сум изненадена искрено со оглед дека секогаш навремено не известуваа од таа катедра за Хемијава, останува да почекаме до крајов на неделава Асистентите не кажаа ништо околу полагањето
Можеби е до тоа што на хемија имаше друг шеф, а тука друг. Плус таа што се нафати да ви координира за ова е непосветена на тоа што го прави, истото беше и со етика и англиски, па уште и на пораки не враќа, нема ни seen ако и пишеш, не се замара и не прашува по катедрите за информации. Со лесно нека ви е, thanks God не го слушам тоа. Информации како за етика 10ч пред полагање ќе ви кажат. Хемија се знаеше се зошто ете таа што координираше тогаш е барем максимално посветена на тоа што го прави и си имаше за се информации.
А со избориве за координатори, до каде е работата или нема годинава? Зошто имав разбрано дека секоја година има избори или грешно сум разбрала?
Врска немам околу тоа и не ме ни интересира тоа, не е ни битно кој е, да си вршат работа само. Ти да не си, па си се пронајде или другарка ти е? Секако дека ќе ме препознаеш, вистината ја кажувам, тоа што сите го мислат, а немаат муда да го кажат. Ми е гајле мене искрено, не ни слушам веќе со вас предмети освен 3-4 годинава, така да бранете си се слободно и толерирајте си ги глупостите, не ме засегаат мене.
Аааа во ред бидејќи во нашава генерација ни гласање ни ништо немаше викам дали ќе останат или нови ќе се бираат. Бидејќи си постара, дали доколку физиологија за квс ми е научено од скрипта супер сфатено има шанси со тоа знаење да го положам? Страв ми е многу зошто ептен поделени искуства има околу тежината на прашањата, не знам што да очекувам прашања поврзани со материјалот или некоја научна фантастика?
Прашањата што нас ни се паѓаа се од пред милион години искрено не знам ни тогаш дали воопшто била напишана скриптата, тие години уназад се паѓаат така да ако мислиш дали е потребно робинс, ако си го сфатила квс од скрипта не мора од робинс, мене искрено скриптата за квс ми беше хаос и ништо не разбирав затоа го читав робинс инаку тоа е материјалот нема ништо ново да измислат ама не би било лоше да си ги прочиташ прашањата што се паѓаат да знаеш бар какви се
Не знам за кој стаж конкретно прашуваш, дали стажот од шеста година или оној преку Лекарска Комора пред полагање на испит за лиценца, меѓутоа во секој случај секој стаж си се обавува нормално.